Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Хрватските медиуми се шокирани од гласот на македонското девојче. Каролина предизвикала најмногу внимание од сите балкански пејачки на хрватскиот концерт, пренесува Канал 5 телевизија.
 
Каролина Гочева на овогодинешното МАРС издание - макеоднскиот радиски фестивал ќе добие Специјално признание за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија и надвор од нејзините граници . Одлучено е оваа награда да ја добие токму Каролина како најголема македонска ѕвезда со долга и успешна кариера.
 
Еве од каде ја преработиле „Во заборав„. Песнава е од 1995.


За споредба:
 
Не може да е преработка кога зад музиката е потпишан Дино Мерлин. Ако не ја украл тој.



КАРОЛИНА заштитно лице на кампањата за ХИВ и СИДА

FDDE9E8854301D41841C801BCF3B0177.jpg
На Меѓународниот студентски конкурс пристигнале 2.034 плакати од 38 земји​
Во галеријата „Чифте-амам“, утревечер, во 20 часот, ќе биде отворенa изложбата на четвртиот Меѓународен студентски конкурс за плакат што се одржува годинава под наслов „ХИВ/СИДА“, а го организира Асоцијацијата за графички дизајнери на Македонија „Плакарт“, во партнерство со Црвениот крст на Република Македонија и на Универзитетот ФОН. Заштитно лице на оваа кампања што почнува на Светскиот ден за заштита од ХИВ /СИДА , а вклучува и низа едукативни работилници, е поп-пејачката Каролина Гочева.​
 
Е како не може да е преработка, кога исти се?
Дино Мерлин може ја искомпонирал истата музика на различни инструменти, но ритамот е апсолутно истиот.
 
Каролина ќе настапи на Новогодишната забава на плоштадот Македонија во Скопје на 31 декември 2011. Истата вечер, Керол ќе има има уште еден ангажман, таа по Скопје се сели на настап на прилепскиот плоштад. А инаку главна ѕвезда на плоштадот во Скопје ќе биде Есма Реџепова.
 
Во придружба на Кристина Арнаудова, поп пејачката Каролина Гочева присуствуваше на погребот на фолк легендата Гоце Арнаудов одавајќу му голема чест
 
Бекстејџ објави - ШОК ЗА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ
ПРИНЦЕЗАТА СЕ МАЖИ УТРЕ
 
Каролина Гочева на овогодинешното МАРС издание - макеоднскиот радиски фестивал ќе добие Специјално признание за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија и надвор од нејзините граници . Одлучено е оваа награда да ја добие токму Каролина како најголема македонска ѕвезда со долга и успешна кариера.

Ја како што знам, скоро секогаш пее и збори на Српско-Хрватски..незнам што популаризира и афирмира..ама нешто македонско сигурно не .
 
Ја како што знам, скоро секогаш пее и збори на Српско-Хрватски..незнам што популаризира и афирмира..ама нешто македонско сигурно не .
па на некој начин ја популизира ,бидејќи првин песните одат на македонски па после месец дена добиваат српска верзија,исто и за албумот ,инаку делумно си во право,повеќе се афирмираат себе си ,него македонската музика,али тоа важи за сите кој пејат на немакедонски, а се Македонци
--- надополнето: 14 декември 2011 во 22:12 ---
Не знам, рекоа дека ќе има спот за таа песна ,вечерва ја објави таа песна на ФБ па се си мислам дека целиот муабет е за спот на таа песна
 
„Бракот“:

F92CD743A5728144B897C2AFEDDDFE0E.jpg


А од каде сега Каролина во договор со One, нели ќе потпишела со T-Mobile и затоа настапувала во предизобрната кампања?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom