Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе синоќа беше ЕКСТРА!!! :vozbud::vozbud::vozbud: Каролина како и секогаш беше прекрасна. Настапот почна некаде околу 1 и 40, траеше до 3. Во текот на денот очекувајте фотографии од синоќа. KAROLINA THE BEST!!!
 
6824_1216132213932_1547657548_571326_6642602_n.jpg
6824_1216132253933_1547657548_571327_8210242_n.jpg
6824_1216132293934_1547657548_571328_1127412_n.jpg
6824_1216132333935_1547657548_571329_451594_n.jpg
6824_1216132373936_1547657548_571330_3637078_n.jpg
6824_1216132413937_1547657548_571331_4306760_n.jpg
6824_1216132453938_1547657548_571332_4077997_n.jpg
6824_1216132493939_1547657548_571333_8071849_n.jpg
6824_1216132533940_1547657548_571334_1587998_n.jpg
6824_1216132613942_1547657548_571336_2015812_n.jpg


Ете ги сликите од настапот, Каролина е супер, многу е фина. Се сликав со неа :pipi: :back:
 
фала за сликите, баш супер! Пееше само нејзини песни или можеби и странски?
 
Само нејзини. :) испеа од сите албуми по неколку песни. Сега ќе ви кажам и кои точно ги испеа :icon_lol: Мојот свет, Птицо малечка, Пролет лето есен зима, Ружа ружица, Немир, Сакај ме, Ова срце знае, Умирам без тебе, Први март, Во заборав, Се лажам себе, Штом сакаш, Љубов под облаците, Љубовта е моја религија, Срешчемо се опет, Знаеш колку вредам, Кажи ми и Ајде да летаме :bravo: :party3: Интересно, Крај не ја испеа :raz: Не знам зошто ја чуваат :) Изгледа албумот со таа ќе го најавува, а тој треба да излезе некаде на крајот годинава или на почетокот на другата :helou:
 
Немир ја испеа сама? т.е. и делот на Тоше?
А стварно чудно зошто толку ја чуваат Крај.
 
Па нели во петокот беше дента кога загина Тоше и во негова чест ја испеа, делот на Тоше првиот пат го пеевме ние (публиката) а вториот пат, таа. Имаше пуштено само матрица, а таа пееше во живо :smir:
 
Мusic Lady, само за друг пат да знаеш, после секоја слика, стисни ЕНТЕР за да не бидат сите слики во еден ред.
Браво за Каролина и НЕМИР, секоја чест.
Вчера во Големиот Брат, Милица Мајсторовиќ и водителката зборуваа колку го очекуваат новиот спот на Каролина и ОТ Бенд кој ќе бил пресекси, феноменален.
 
Најава за спотот „Заборави„. Наскоро следи премиерата. Ова мора да се види!!!


Малку ме збунува софтпорн тематикава на спотот. Да беше турбофолкерска песнава, ќе разберев, но ова е љубовна поп-рок балада а не „Брушалтер ночас стеже као малтер, светло црвено у моју соби је, а код тебе су још увек моје гачице, лагано скини ме до голе коже...„

Барем се гледа дека луѓево се труделе нешто квалитетно да испадне. Како и да е, ова е само промо исечок за чие привлекување внимание мора да изгледа што повеќе провокативен. Ќе ја чекам целосната верзија.

ПС: Еве уште една песна од антологијата на Каролина.

 
еве уште едно ново делче од новиот спот за „Заборави„. :vozbud:

Секси спот со момчињата од „ОТ бенд“

Каролина Гочева и момчињата од „ОТ бенд“ - Ѓорѓе Гогов, Вукашин Браиќ и Никола Пауновиќ снимија контроверзен спот со разголени девојки за дуетската песна „Заборави“. Српските медиуми тврдат дека режисерот на спотот, Славољуб Живановиќ-Жили, успеал да склопи сексапил со вкус. Спотот треба да се појави во етерот деновиве, а сепак ќе има две верзии - цензурирана, која ќе се емитува во текот на денот, и нецензурирана, која, веројатно, ќе се емитува по полноќ.

Девојки со разголени гради се присутни речиси во целиот спот, кои сосема отворено флертуваат со момците од „ОТ бендот“ и речиси секој кадар алудира на секс. Ниту Каролина Гочева во спотот не изгледа невино, како што сме навикнале да ја гледаме. Облечена е во црн секси корсет и долна облека и велат дека пленува со својата појава. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.

„Со момците од ’ОТ бенд‘ се познавам веќе една година, така што одлично се вклопивме и се' течеше според планот. Спотот, навистина, ќе биде интересен“, уверливо изјавила Каролина.

од www.utrinski.com.mk
 
Aко е нецензурирана верзија, не треба да бидат замаглени тие делови.
Инаку спотов би бил одличен и без тие делови, Каролина ми е одлична со стајлингот, а Вукашин ми смета што цело време оди со таа капа секаде.
 
Видеото е цензурираната верзија. А на екранот стои доколку некој сака да ја погледне нецензуриранта верзија тогаш треба да испрати смс за да ја добие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom