Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Дали мислите дека ќе се одложи летната турнеја на Каролина бидејќи менаџерот Даниел од Авалон ненадејно почина?!!!
Како бе?
Еден од овие браќата?
 
Како бе?
Еден од овие браќата?
Да. Медиумите пишуваат дека му се слошило на тренинг. Сам отишол во болницата Јане Сандански, и најверојатно причината е срцев удар. :(
 
Да. Медиумите пишуваат дека му се слошило на тренинг. Сам отишол во болницата Јане Сандански, и најверојатно причината е срцев удар. :(
Ауууу појма немав, прв пат сега прочитав од тебе. Бог да го прости, а млад човек беше... Аууу.... се наежив. :(
 
Ауууу појма немав, прв пат сега прочитав од тебе. Бог да го прости, а млад човек беше... Аууу.... се наежив. :(
И веб страната www.avalon.com.mk не им е достапна цел ден. Е колку е непредвидлив животов. Утре ќе биде погребот. Сигурно ќе има и наскоро најава дали можеби концертите на Каролина се одложуваат, оти првиот е веќе другата недела.
 
Дали мислите дека ќе се одложи летната турнеја на Каролина бидејќи менаџерот Даниел од Авалон ненадејно почина?!!!

Не е важна турнејата, мое мислење е дека треба да бидат во негова чест концертите.

Јас сум во шок. Не можам да поверувам.

Нека почива во мир.
 
КОЈ ДА ТИ КАЖЕ....... МИ БЕШЕ И МИ ОСТАНА ХИТ
 
Нормално е да биде откажана, во вакви моменти верувам никому во Авалон не е дојдено до пеење и правење концерти. Многу ми е жал. Не го познавав, ниту ништо, но сепак, млад човек туку така да си замине. Страшно...
 
Сосема неочекувано, сочувство до Каролина, до цела Авалон продукција, до семејството.
 
Сепак е правилно што ја откажаа турнејата. Премногу е рано после една недела да прават концерти. Ај да беше за неколку месеца ќе беше сфатливо, но во овој случај не може да се стави албумот како приоритет.
Штета само што промоцијата низ Балканот ја пролонгираа поради поплавите, а плус сега и ова се случи. Како и да е, песните се врв, и нема да се заборават преку едно лето.
 
Каролина Гочева во новогодишна емисија 2005 - Радио Телевизија Србија

 
КАРОЛИНА ВО ЦРНО, ЦЕЛАТА ТУРНЕЈА ОТКАЖАНА

Ексклузивката на Авалон продукција, Каролина Гочева е во вистински шок по ненадејната смрт на Даниел Милошески чиј погреб се случи попладнево. Како што веќе напишаа некои медиуми, пејачката ја дочекала со неверување веста за изненадната смрт на нејзиниот најголем соработник и пријател. Скршена од болка и постојано обвиена во солзи, Каролина тагува за нејзиниот пријател на кој му должи најголем дел од успесите во нејзината кариера.

karolinaidaniel.jpg

Даниел Милошески заедно со брат му Бобан се најголеми "виновници" за тоа што значи името на Каролина денес. Нејзината кариера започна вртоглаво да се движи по потпишувањето на договорот со Авалон продукција во 1999 година од кога трае и нејзиното големо пријателство со Даниел. Осум студиски албуми, соработки со најголемите имиња од Македонија и Балканот, подршка за два пати на евровизиската сцена, многу концерти, промоции во Македонија и на Балканот, настапи и учества во музички шоуа и ред други успеси на Каролина се голема заслуга на Даниел.
Поради смртта на Милошески, летната концертна турнеја на Каролина е откажана. Продукцијата одлучи да ги откаже предвидените настапи во Битола, Охрид и Дојран. Влезниците може да се вратат во продажните места каде што се купени со приложување на фискалната сметка. Во рамки на летната турнеја Каролина требаше да одржи концерти во античките театри во Битола (24 и 26 јули) и Охрид (25 јули) и за првпат, во Дојран (Градски парк “Стар Дојран”, 2 август). На концертите се очекуваше над 10.000 публика, а промоцијата на албумот “Македонско девојче 2″ требаше да продолжи наесен и во сите земји од просторите на бивша Југославија.
“Оние кои купиле онлајн билети треба да испратат мејл на contact@kupikartizase.com со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција”, велат од “Купи карти за се”.

Karolinanakoncert.jpg

По повод откажувањето на концертната турнеја, поп пејачката совесно и фер се обрати до своите пријатели на социјалните мрежи, при што напиша:

Karolinaizvinuvanje.jpg


Дали и кога ќе се случат најавуваните концерти низ Македонија, во моментов не ни е важно. Тимот на ТВ Пакет изразува сочувство до семејството на Даниел, до цела Авалон продукција и до Каролина за прераната загуба на еден голем човек.





ТАЖНА РАЗДЕЛБА ОД ДАНИЕЛ

Вчера на Градските гробишта во Бутел беше погребан основачот и еден од сопствениците на „Авалон продукција“, Даниел Милошески

4370f826858cd643bc110820.jpg

Блиските, пријателите, соработниците, неговите гостиварци и воопшто, почитувачите на она што го работеше во изминативе дваесет години, вчера на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје се простија од Даниел Милошески. Тага, солзи, згрчени лица, плач... Тажна беше атмосферата на последното испраќање на основачот и еден од сопствениците на „Авалон продукција“, кој ненадејно почина во вторникот вечерта. Најтешко им беше на најблиските, сопругата, ќерките, братот и останати роднини.


image1.jpg


karolina-i-vesna.jpg
 
"Почитувани пријатели на Авалон продукција, како и драги мои приватни пријатели

Поминаа неколку дена и чувствувам дека имам морална обврска да соберам сила и барем нешто да кажам во врска со состојбата во која се наоѓам после она што ме погоди на 15 јули... а истовремено и да ги соопштам моите идни одлуки околу судбината на Авалон Продукција кои произлегоа од трагедијата која се случи.

Во наредните 12 месеци се повлекувам безусловно и стопроцентно од било каква работа во Авалон Продукција.

Единствено нешто со кое сакам да живеам во наредниов период е единственото она за кое и сум способен во моментов...а тоа е да жалам.

Ќе бидам искрен, каков што впрочем секогаш и сум бил. Сите мои размислувања изминативе денови одеа само во еден единствен правец...а тоа е...итно и неотповикливо затварање на Авалон и тоа засекогаш. Сите “зошто“ и “како“ – понатаму ме водеа по тој пат, со колку-толку чист ум и уште почист разум. Но...иако во овој живот многу ретко сум го слушал срцето, дозволив овој пат тоа ме однесе скроз на другата страна од разумот.
Буквално половина час пред да бидете во можност ова да го прочитате дефинитивно одлучив – Авалон продолжува понатаму.
За мојата ваква одлука постои една и само една и АМА баш една единствена причина, причина која не ми даде шанса за друг избор! Авалон мора да продолжи да живее затоа што Данче ќе продолжи да живее преку Авалон! Авалон ќе продолжи да работи за да преку секој нов работен ден се слави животот на мојот брат, а не да остане она дека веќе него го нема.

Сите оние што вистински ме познаваат знаат дека на овој свет не постои ниту друга особа, ниту пак друга причина која можеше да ме натера на ова. Тие пак што мислат или пак уште полошо што се убедени дека има повеќе причини...не ме познаваат, и готово сум сигурен...нема никогаш да ме запознаат. Гаснењето на Авалон ќе значеше постепено заборавање на сето она што Даниел во работата го остави позади себе...одењето понатаму значи дека Даниел е сеуште тука со секој нов проект.

Во наредниот период компанијата останува во сигурните раце на Мишко, Филип, Денис, Игор и Сагор...и што е многу побитно...сега целата игра зависи од нивните умни глави.
За да го напишам ова, морав да ја превземам улогата на администратор на странава, можеби сега некој од нив од кога ќе го прочита ова и ќе се подналути на мене, но...и ако тоа се случи...ќе им помине. Барем ние се разбираме со поглед...нам ниту збор не ни треба.
Битно е дека јас сум мирен со фактот што во работата ќе бидат запазени сите Авалонски норми и стандарди кои ние ги патентиравме со својата работа и кои Авалон го поставија на она место на кое денес е. Тука компромис никогаш немало, а сега понајмалку смее да има. Од нив очекувам да бидат уште порадикални. Или си...или не си Авалон! А Мишoко, Пипи, Старото, Иже и Сагор...секогаш биле...а од денес натаму уште повеќе ќе бидат 100% Авалон!!!
Значи сите проекти што беа планирани да се реализираат во периодот септември 2014/ септември 2015 а се веќе договорени и прецизирани ќе се реализираат, само некои од нив ќе бидат прераспоредени на други датуми и месеци од претходно планираното.
Бидете уверени и мирни, Балканот ќе има проклето добра Авалонска сезона!
За крај, од име на целото семејство Милошески, сакам да се заблагодарам на сите оние стотици од Триглав до Вардар и од Лондон до Лос Анџелес кои најдоа начин да ни дадат поддршка и да ни изразат сочувство во овие за нас нестварно тешки денови.

Бог нека ве чува сите и на сите нека ви се случуваат само убави работи во животот.

Бобан Милошески "
 
Каролина во посета на вулканското место Етна во Сицилија

etnasicilija.jpg


Каролина Гочева се одморa на Сицилија. По успешната промоција на албумот “Македонско девојче 2″, пејачката заминала на овој прекрасен италијански остров, каде го користи секој миг да ужива со својата внука Луција, нејзината сестра Александра и нејзиниот зет Иван Јерчиќ.
Сицилија е автономен регион во Италија и најголемиот остров во Средоземното Море, со површина од 25.700 км² и 5 милиони жители.
Каролина појде и на обиколка на вулканот Етна, сместен близу до Катанија, кој е висок 3.320 м , што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот.
Горе во облаците, како што напиша самата, со лелеава пуштена коса нашата Каролина изгледа прекрасно.​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom