Divider
Seraphim
Тилчец никаде нема, девојка ми вчера купи од Рамстор нешто со име „Грчка детелина (Камилска трева)„. На жалост по консултација со особа што продава зачини на зелено пазарче добила информација дека таа „Грчка детелина„ не е тилчец (Fenugreek) иако е од истиот род детелини а во Бугарија (од таму е извозникот) ја викаат „Грчка детелина„. Се надевам дека ова има приближен вкус на тилчецот.
Грам Масала исто нема никаде од набројаниве места (Карфур, Рамстор, Веро). Спомнатата особа од зелено пазарче инаку беше контактирана првенствено за Грам Масала (познаничка купила количина од таму пред неколку години), и кажа дека ретко ја прави мешавината првенствено за сопствени потреби зошто слабо се продава. Изгледа дека сам ќе морам да го мешам овој зачин (испробани рецепти се добродејдени).
Абе Divider, ми скапа мангото у фрижидер. Додека да ги соберам сите зачини ќе имам време да засадам од семките и да дочекам да пораснат нови плодови!
Дај некои идеи за замени за мирудииве, ги немаме сите твоите извори...
Ево ти од Калфе дел Мар....
Шо да прам, мене сестра ми ми носи во последно време од странција.
И јас барав во Карфур, немаат веќе, малку што имаа, замина. Рамстор такуѓере.