Карактер и пари?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Eliza
  • Време на започнување Време на започнување
Парите не го прават човекот, тие го вртат светот. А поради тоа што човекот е дел од светот, парите го вртат и човекот. Но го вртат на оној начин што тој еднаш е горе - на врвот, а еднаш долу - под нозете на сите.
Обично, оние со многу пари со некоја доза на гадење гледаат кон оние парично понеспособните, и како такви се оттргнуваат во еден посебен свет. Свет на моќ, пари и глупава гордост на она што го имаат.
Парите и те како зависат од карактерот. Но за да имаш пари треба да имаш и гаден карактер, и нажалост се’ поголем е бројот на оние кои го продаваат своето јас за една сума на пари која никогаш нема да биде мера за убав живот.
 
Парите се прљава работа поминуваат низ многу нечисти раце.
 
Карактерот ги создава парите.
Со труд,напорна работа,волја и желба за успех можеме да постигниме многу.
Едноставно можеш да почнеш од нула,а со текот на годините постепено да се искачуваш на таа хиреархиска скала и да се менува твојата општествена положба.Од на небо не паѓаат многу работи.
Не треба да чекаш на некој.Туку ти сам како поединец треба да се трудиш и да се стремиш да дојдеш до пари(на чесен начин).
Кога веќе имаш пари твојата положба во општеството е сменета.Сега си на едно повисоко ниво,имаш углед и моќ.Сепак сеа тоа не треба да влијае на промена на твојот карактер.
Може некој да ни остави наследство ама ако немаме во глата одма се ќе прокоцкаме.
Значи со карактер ние доаѓаме до парите!Со карактерот и ги губиме парите!
 
Back
На врв Bottom