Канал 5

Колку и да пцуеме, караме и дереме сепак ги гледаме? Ако не ние, сепак некој член од семејството. Најмногу шо ме нервира е тоа што се заборавија македонските имиња по телевизииве. Наместо да слушаме Ристо, Ленче, Димитар, Ѓорѓи, ние слушаме Ајшен, Мустафа, Тарик, Омер. И секако реченицава: Да ти се позлатат рацете :boksix::notworthy:
 
Можеби некој ги гледа, ОК, никој никому не му брани да ги гледа, но според мене имаат најлоша програма, односно најслаб рејтинг...
 
Најлоша програма, можеби ама далеку од најслаб рејтинг. Сепак, се работи за телевизија која е втора по гледаност во МК без разлика на неквалитетната програма која што ја нуди. Нашиот народ не прибира.
 
Канал 5 доколку намалат во програмата со турските серии, а зголемат со музичката забавна програма можеби би биле најдобрата телевизија кај нас.

Тоа што го воведоа и кај нас Ѕвезде Гранда им е најдобар и најголем чекор што го направиле. Сега гледам дека имаат и квиз Кој е кој и Што е што? .........., што е интересно, а и студиото им е доста добро за разлика од некои други студија.

Во секој случај се имаат многу подобрено:)
 
„Кој е кој и што е што“ го сметаш за добар телевизиски проект? Дно е!
Зошто мислиш дека е лош телевизиски проект? Според мене одличен е. Најпрво има забава за гледачите, се добиваат какви такви награди, а истовремено програмата е забавна, исполнета со музика и со информации околу Македонската и Балканската естрада, што на другите телевизии скоро и го нема.

Подобро некој ваков квиз отколку турска или индиска серија која ќе не измачува неколку години:)
 
Најдобар квиз после Милионер - Круг на знаење кој сега се емитува на Алфа ТВ, а порано беше На МРТ. Се ова другово е крш.
 
Најлоша програма, можеби ама далеку од најслаб рејтинг. Сепак, се работи за телевизија која е втора по гледаност во МК без разлика на неквалитетната програма која што ја нуди. Нашиот народ не прибира.
Што знам, јас Канал 5 воопшто не ни гледам, а ни блиските мои не гледаат... Еве, филм кога дале последен пат? Спортски настан кога? Не може цела програма да се сведе на музичка програма и српски пропаганди...
 
Зошто мислиш дека е лош телевизиски проект? Според мене одличен е. Најпрво има забава за гледачите, се добиваат какви такви награди, а истовремено програмата е забавна, исполнета со музика и со информации околу Македонската и Балканската естрада, што на другите телевизии скоро и го нема.

Подобро некој ваков квиз отколку турска или индиска серија која ќе не измачува неколку години:)
А зошто сметаш дека тој квази-тв проект не не' измачува? Не сфаќам како некој може да гледа такви тешки срања и кич тв емисии, на пример оваа емисија што ја опиша (ја немам гледано, ама претпоставувам како изгледа) или пак онаа “целовечерно дружење со лепа брена и фамилијата“?!

Не ми е јасно? :nesumjas:
 
Поинтересно е кога има некој ваков квиз, програма на Гранд продукција..............., отколку Карадај, Гнев, индиски серии кои траат по 5 години.......:)
 
Втора најдобрата телевизија во МК. Одма после Сител.
 
Добро бе, луѓе, што гледате добро во овие телевизии? Ајде набројте нешто што е добро. Значи, не нешто добро според лично мислење туку општо. Дно се, зарем не гледате?
 
Немаат ништо образовно-едукативно, програми за деца и слично. Остало све е турко-српска програма, а знаат да пуштат од време на време некој трол квиз како шо беше Среќни Коцки со Вучиќ. А сепак останува најпопуларна во земјава.
 
Ќе остане популарна кога ги нема ХРТ2, РТЛ , Нова тв од Хрватска, нема Б92 од Србија, и слични телевизии од бивша Југославија на кои телевизии јазикот им се разбира.
И нормално народот наш нема избор па ќе гледа секакви глупости што се емитуваат на домашни телевизии. Лесно е кога нема конкуренција кога ги исфрлија од кабелските оператори телевизиите кои ги набројав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom