- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Е добро де, што е толку чудно и неразбирливо, па и смешно? Дечко од некое мало село, кој се занимава со сточарство и сродни дејности, во сообразност со своите разбирања и капацитети, на денес не толку невообичаен но малку наивен начин решил да си најде домаќинка. Во Скопје и во другиве „урбани“ средини се случуваат далеку поголеми глупости, бизарности и простотилаци. На толкава невработеност, детево работи. Не изрази желба да дојде во Скопје или во Штип, што треба да израдува многу душегрижници кои не сакаат домазети.
Загрижува сеирот и ограниченоста на „новинарката“ и на тие во телевизијата. На многу беден, понижувачки начин ја сплеткале целата приказна. Можело тоа и поинаку и подобро и подостоинствено. Можеле и да не снимат или да не прикажат.