Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com
Би замолил одговорниот модератор да ја стави темава како Важна.Фала однапред.
Што се калории?
Со години наназад калориите се причина за бес.Луѓето ги бројат и ги кратат и тешко ќе најдете во супермаркет нешто што на паковката нема информации за бројот на калории.Но дали некогаш сте се прашувале што е тоа калорија???
Значи 217 сендвичи имаат еднаква енергија како возење на кола 120 км
--------
Калорија е мерка за енергија.Ние ги поврзуваме со храна,но калориите се поврзани со се што содржи енергија.На пр. 4 литри бензин содржи 31.000.000 калории.
Поточно калоријата е количината на енергија или топлина која е потребна за да се подигне еден грам тежина за еден целзиусов степен.Една калорија е еднаква на 4.184 џули,единица мерка исто така за енергија(која се користи во денешно време).
Голем дел од нас мислат дека калоријата е поврана со храната. Излегува дека калориите на храната се уствари килокалории(1000 калории=1 килокалорија).Една чаша сок содржи 200.000 калории или 200 килокалории(во обичниот говор 200 калории).
Истото се однесува и на вежбањето.Кога ќе речеме потрошив 100 калории,тоа значи дека сме потрошиле 100 килокалории.
---------
Што прават калориите???
На човекот му треба енергија за да преживее,да диши,да се движи исл. и затоа му треба храна.
Бројот на калориите во храната е мерка за тоа колку потенцијална енергија има храната.Еден грам јагленихидрати=4 калории,грам протеин=4 калории и грам масти=9 калории.Храната е составена од овие три компоненти.
ПРОТЕИНИ
Нивното име доаѓа од грчкиот збор протос што значи прв.Познати се и како белковини.Тие се комплексни макромолекуларни соединенија кои се изградени од следниве елементи:јаглерод,водород,кислород,азот,сулфур,фосфор.Ако белковините изостануваат во човечката исхрана или ги нема доволно,организмот ги троши сопствените резерви.
Белковините се разградуваат на основни градбени единици аминокиселини.Меѓу поважните аминокиселини се:валин,изолеуцин,леуцин,лизин,треонин и др.
Потребите на дневни протеини се 2 грама на секој килограм тежина.
Ги има во сирењето,рибата,месото и сл.
ЈАГЛЕНИХИДРАТИ
Јаглените хидрати се органски соединенија од основна важност кои настануваат во зелените растенија како прв производ на асимилација на јаглеродниот двооксид СО2.
Намирниците кои се богати со јаглени хидрати се најраспространети.Главен извор на енергија е секако скробот од житото и компирот,а и шеќерот.
Од посебно значење е улогата на јаглените хидрати во исхраната кај децата не само како извор на енергија,туку се користат и како разблажувачи на протеините на кравјото млеко со што би било поблиско до мајчиното по состав.
Ги има во зеленчукот,лебот,тестенините и сл.
МАСТИ
Мастите и маслата како и на нив сличните материи,се органски соединенија аналогни според хемискиот состав,а се викаат липиди.Тоа се соединенија кои во себе имаат алкохоли и виши масни киселини.
Маснотииите во исхраната се одликуваат со многу висока содржина на потенцијална енергија во мал волумен,по што претставуваат многу важна група на животни намирници.
Постојат животински и растителни масти(масла).Мастите се делат и на заситени(штетни) и незаситени(корисни во умерени количини).
Маснотиите се многу распространети во растителниот и животинскиот свет и се наоѓаат во скоро сите делови на организмот,но се натрупуваат кај растенијата во масните плодови,а кај животните во масните ткива.
Минималните потреби од масти за возрасен човек се 50 грама дневно.
Во прилог имате две табели.
Табела бр. 1
Нутрициони вредности на разни намирници.
http://www.megaupload.com/?d=5ILX5HBL
Табела бр.2
Согорување калории по активност(1 час)
http://www.megaupload.com/?d=PYZOCF8T