Калиопи и англискиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
Е браво за сите што се испофалија дека знаат повеќе англиски од Каљопа, а и за оние кои ветија дека и да им се даде можност да ја претстават некаде земјава нема да одат или нема уста да отворат за да не не` посрамотат. Фала им на скромноста и свесноста.
Точно е дека женската прави смешни грешки и дека половина петтодделенци знаат десетпати поточно да зборуваат англиски. Но, таа разбра се` што ја праша новинарот и одговори соодветно и разбирливо, иако со граматика и вокабулар на женски Тарзан. Кој сака да ја сфати поентата, ќе ја сфати. Јазикот пред се`, служи за комуникација, а комуникацијата во интервјуто беше одржана скоро 6 минути без проблем. Калиопи не оди да импресионира со совршениот англиски на Англовизија (како што со право рече), туку да го прави тоа што најдобро го знае - да пее. Така и заврши интервјуто.
Тоа што е drama queen, што со тие емоциите претерува до посер и мене ме нервира, но кој е совршен? Сепак, не заслужува така да ја навредиваме и понижуваме, ние големите патриоти и полиглоти што сме силни само на зборови, фалење и плукање во далечина.
За Калиопи одамна прекинав да се грижам дали ќе ја “навредам или понижам“. Поточно уше од моментот кога дознав дека се трескала од земја зашто да не иде таа место Тоше Проевски кога на ист начин (без гласање) беше избран да оди на евровизија со разлог дека не е праведно, а годинава коа она оди - и прија и си ќути.
А коа више праќаме човек на ваков настан каде што англискиот е скоро задолжителен, зар идиотизам е да се знае англиски да се докаже дека иако народ со азбука од словенски корени и тврдо р, можеме да научиме и друг јазик и тоа перфектно? Боље е да се праеше дека воопште не знае англиски, него да се бламира со вакви ствари. Нека слуша (разбира) на англиски али нека одговара на македонски. Или и преведувач беше многу да се најми. Ако да ондак не ни е гајле за евровизијава и преносот (па и учеството) треба да е укинат. Коа више се штеди пари, нека биде до крај.
 
Патем, во еден момент зад Калиопи помина Владо Јаневски. Колку што знам тој студирал англиски и книжевност и може може да ви го рецитира Шекспир како сер Лоренс Оливие (ако сте слушнале за него). Беше и тој на Евровизија, заборавивте? И што? Песната не чинеше? Или и тој не чини. Кој ни чини на нас? Сами на себе не си чиниме.
 
Доколку некој е свесен дека доволно добро не го говори јазикот треба да си побара преведувач,Руслана појма немаше од англиски но одеше на интервју со преведувач,и на Тоше во интервјуата му помагаше Иван Мирчевски(на евровизија во Истанбул),додека на Елена во Атина и беше при рака Анета Андонова,бидејќи беа свесни дека може прават грешки,за да не трескаат некои глупости.Единствено Каролина и Владо Јаневски не користеа преведувачи зашто го говорат англискиот како мајчин јазик.
 
post scriptum
Уф, па ова бил форум за сеирџии! Се извинувам ако на некого му го расипувам задоволството т.е. сеирот. Што беше сеир? Не гледај дека децата дома ти го превртеле нокширот во дневната. Излези на тераса и смеј се на комшиите.
Инаку, и Љиља (менаџерката на Тоше) цело време беше таму. Да не требаше и таа да оди да ја плукне Калиопи? Боже, колку лично и длабоко сме биле навредени од „тоа тогаш“!
А за Евровизијата воопшто, сметам дека комотно можеме да ја игнорираме и дека непотребно се фаќаме на тоа оро што не` чини како бал на кој завршуваме без партнер за валцер.
 
Се сеќавам кога на еден избор на мис на светот, српската претставничка, иако со сериозни шанси, се "самоупуца" со дрлавењето на англиски. Калиопи можеби е кретенчуга, ама е добра пеачка и затоа треба да си се држи до тоа што го знае. Мене чур ми кује за евровизија, ама пак не ми е сеедно кога некој се бламира како македонски претставник
 
Добро бе луѓе, читам и незнам дали да се смеам или да плачам ... па вие сте очајни бе!!! мислите ли дека негде у европа се гледа евровизија ??? Тоа е најглупото шоу кое служи повеќе за сеир отколку за натпреварување на пеачи. Па зарем вие уште се нервирате дали нашиот претставник ќе влезе у финале, или дали ќе победи??? ЈА се обложувам дека сите луѓе од европа кои го погледнале видеото да се соберат, пак ќе бидат помалку од Македонците кое го погледнале. No heart feelings.И стварно ПРЕМНОГУ фама се крева околу тоа кој како ја претставил Македонија на некое си небитно шоу.
П.с. Уште кога гледаме како овде се избира кој да оди на евровизија ... па замислете како таму се гласа! :)
 
А за Евровизијата воопшто, сметам дека комотно можеме да ја игнорираме и дека непотребно се фаќаме на тоа оро што не` чини како бал на кој завршуваме без партнер за валцер.
Каква и да е Евровизијата, сепак лицето ја претставува Македонија пред (како што пишува) 100-тина милиони од кои 7 милиони британци. Или за 2011 година 125 милиони од 55 држави.
Ако Македонија прекине со учество или ако Калиопи оди на своја сметка и се претставува само себеси (а не Македонија), добро.
 
Супер е, само така нека продолжат сите кај нас, овде сите за се ги бива, нека трпат срамој сега...:cool:
 
Патем, во еден момент зад Калиопи помина Владо Јаневски. Колку што знам тој студирал англиски и книжевност и може може да ви го рецитира Шекспир како сер Лоренс Оливие (ако сте слушнале за него). Беше и тој на Евровизија, заборавивте? И што? Песната не чинеше? Или и тој не чини. Кој ни чини на нас? Сами на себе не си чиниме.

А што има врска настапот на Владо Јаневски со тоа што Калиопи е дупка англиски? Мислам овде во темава се збори за фактот дека се упорни нашите изведувачи и покрај тоа што ВРСКА немаат англиски, упорно и упорно продолжуваат да зборат без преведувач. Никој овде не спори за гласот на Калиопи, ја браниш за нешто за кое нема потреба од бранење.
 

Па не е толку лоша на ова интервју, џабе ја плукате. А кога Калиопи ќе ја отвори устата да запее се` се заборава.

Туку да прашам уште нешто, кое е она суштество во текот на видеото во левиот агол што стои, во црно, со кратка црна коса и грда фаца?? Дали е тоа што мислам?? Не би требало...
 
i dont want to live on this planet anymore!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom