Какво гравче сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Police
  • Време на започнување Време на започнување
Утре сметам да готвим гравче на тавче. Таја вечер ке го наложим гравот во тенджере вода да кисне. А утре на огин ...
Помошт ! Чекам нај-добрата рецепта ...
 
Не јадам никаков грав
 
Тавче гравче.

Потребни состојци:
- Тетовски грав
- Кромид
- Масло
- Брашно
- Црвени суви пиперки
- Сол
- Црн бибер
- Нане
- Магданос
- Лук (по желба)

Подготовка:
Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го (но не сосем, треба да остане малку вода), потоа додајте сол и малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер.
Вака приготвениот грав ставете го во тава (најдобро е земјена), залејте го со малку масло, посипете малку брашно, ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн бибер и по желба неколку чешниња лук.
Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече.
Во летна сезона можете од горе да наредите по малку тркалца домати и зелени пиперки.
Го направив по таа рецепта и стана многу убаво.
Само не разбрав што е това "нане" - не можав да си го преведем.
Додаток ? Подправка ? Некој да ме подсети ...
 
Tavce Gravce Top e jadev pred 60 min.
 
Тавче гравче со кобасици печени и лути пиперки :zlo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom