Какви ќе бидат идните Земјани?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Во 1983 година во Сиднеј, во Австралија била организирана изложба на хипотетичните суштества кои во иднина би го наследиле човекот на Земјата. Изложбата ја приредиле научниците според книгата „По човекот“ од англискиот палеонтолог Дугал Диксон.
Во книгата се зборува дека по 50.000.000 климата и вегетацијата би биле исти, но ќе се измени географијата, па така тектонските движења ќе ги спојат Европа и Азија (комплетно), Австралија и Северна Америка, додека Јужна Америка ќе стане остров-континент.
По 50.000.000 години човекот ќе го нема, а ќе се изменат рибите, птиците, влекачите и цицачите. Човекот ќе исчезне поради тоа што не се менува самиот себеси, туку ја менува околината.
Суштествата што биле изложени во витрините и биле правени според замислите на научниците, воопшто не биле како денешните, ниту пак, онакви какви што може да ги замисли обичниот човек. Имало наследник на зајакот висок два метра, кој ќе ја замени стоката и елените. Глушец колку волк што ќе лови во чопори, потоа гигантски антилопи, кенгурести животни, а имало и пустински ајкули. Но најголема и најопасна ѕверка која ќе го замени човекот била ноќниот ловец или manambulus perhorridus, кој ќе бил висок околу 15 метри, ќе талкал по шумите во чопори и ќе ги растегнувал со канџите влекачите и цицачите.
Значи, времето на диносаурусите било и поминало, а истото му се пишува и на човекот.
Еве неколку слики:

Насловната страна на After Man од Douglas Dixon
AfterMan.gif

Manambulus perhorridus - ноќниот ловец.
cupendipe1.jpg

swimmimg.JPG

bardelot.jpg

Falanx2.jpg

rabbuck.gif

Што мислите за овие суштества? Дали има реални шанси вакви да се нашите потомци?
Веројатно ова ќе е мистерија што ќе ни остане нерешена, освен ако некој проживее уште 50.000.000 години... :)
 
Абе за некој вид мутација 100% ќе има ама ваква не верувам. Јас мислам дека тогаш медицината ќе биде ептен совршена шо ќе имаат и они генетски подобрувања и некои други работи. А зошо не верувам дека такви може да бидеме? Бидејќи у моментов живееме у свет со таква технологија и разни ствари кои не водат у таа насока да се развиваме како ловци и друго.
 
А си помислил дека со истата таа напредна технологија можеме да се самоуништиме?
 
Можно е ама и да недај боже дојде до тоа нема тотално комплетно да биде уништувањето, освен ако тоа самоуништување би дошло од некои радиации и такви ствари па тие кои преживеале да мутираат така би можело ама не верувам зошо за помалку од 100 годиини е сигурно дека човекот веќе ќе живее на марс и дека ќе населува други планети па така не е можно сите да мутираат
 
Види вака. Сеа малце ќе ја уклучам фантазијата, али ако.
Америка има бомби до 1000 пати појаки од таа на Хирошима. Складот кај шо се бомбите експлодира, чао свету, све мртво, и еволуција јово наново.
Второ сценарио. Како што си се Американците отповеќе ненормални, да им текне за едно 1000 години да прават супермаркети на месечината, па да сјебат нешто и месечината да се помести од орбитата, па дури има и можност да „одлута“, и да нема повеќе природен сателит Земјата, а може и да падне на Земјата, исто така.
Можам вакви, навидум невозможни примери да набројувам до сабајле, ама доста ви се засеа. :)
 
еве ја нашата еволуција сега за сега.
Evolution-man.jpg

а еве за неколку години некои припадници на човековата раса во што ке евоулираат.
EvolutionOfMan.jpg
 
Види вака. Сеа малце ќе ја уклучам фантазијата, али ако.
Америка има бомби до 1000 пати појаки од таа на Хирошима. Складот кај шо се бомбите експлодира, чао свету, све мртво, и еволуција јово наново.
Второ сценарио. Како што си се Американците отповеќе ненормални, да им текне за едно 1000 години да прават супермаркети на месечината, па да сјебат нешто и месечината да се помести од орбитата, па дури има и можност да „одлута“, и да нема повеќе природен сателит Земјата, а може и да падне на Земјата, исто така.
Можам вакви, навидум невозможни примери да набројувам до сабајле, ама доста ви се засеа. :)

Остај тоа шо се сјебани тие тоа за нив си е нормално ама ти изглеа претходниот пост не ми го свати убаво пак ќе има луѓе на марс месечината било каде ме сваќаш на нив ништо нема да им е. Тие 100% нема да пратат нуклеарки и на друга планета
 
Тоа дека ќе има потомци на други планети сигурно, ама темата е за следните ЗЕМЈАНИ (жители на Земјата).
 
Па го имав земено и тоа дека у предвид ќе го кажеш па затоа имам однапред подготвен одговор. Тогаш тие од другата страна ќе дојдат и ќе се обидат да ја населат пак земјата и ќе бидат земјани.
 
Па го имав земено и тоа дека у предвид ќе го кажеш па затоа имам однапред подготвен одговор. Тогаш тие од другата страна ќе дојдат и ќе се обидат да ја населат пак земјата и ќе бидат земјани.

Кои се тие од другата страна? Иселените?
 
Иселените односно веќе населените на други планети точно на нив мислев

Не држи вода. Тоа што Американците ќе ја уништат планетава некогаш е факт, а иселениците нема да живеат во нашиот сончев систем, тоа сигурно.
 
Не држи вода. Тоа што Американците ќе ја уништат планетава некогаш е факт, а иселениците нема да живеат во нашиот сончев систем, тоа сигурно.

Без навреда ама фактов некако не ми држи вода зошо ако тоа беше факт ќе имаше држави за да го спречат тоа пример русија, имаат 3 пати повеќе нуклеарни бомби и слично, а и зошо за нив не кажеме нешо

Он топик кај и да живеат тие пак ќе се обидат да се вратат и да дознаат нешо повеќе па и да ја населат пак земјата
 
Оф топик залутавме, ама едно се согласивме, на Земјата не и се пишува арно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom