Каква вода пиете дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата alek34
  • Време на започнување Време на започнување

Каква вода (најмногу) пиете?


  • Вкупно гласачи
    319
Секогаш од чешма! Никогаш не сум се замарала да купувам посебна флаширана вода. Секогаш си пијам од чешма.:smir:
 
За по дома си е дефолт чешма. Се случува надвор кога сум само флаширана да земам ако нема вблизина чешмичка некоја. А за цевки рѓосани и слично кој може да потврди како е кај овие што ја флашираат какви им се цевките и процесот на кој што ја обработуваат водата па толку да сте сигурни. Секаде е мистерија.
 
Живеам Охрид и иам ‘‘ЖИВА‘‘ вода...80 метри под земја пикната цевка, преку зима топла, преку лето ладна. :)
 
Јас по дома сеа од пред неколку месеци пијам вода од чешма но предходно исчистена...видела мајка ми имало на тв нешо VIVA TAP т.е.кесички ко од чај и се става една кесичка во 2л вода и треба да отстои мин.5 часа а максим.24 часа и кесичката се фрла и веќе не се употребува. А иначе кесичката ја прочистувала водата од хлор,бигор,бактерии,пестициди и све уствари шое штетно. А надвор пијам секаква од чешма од чаша од флаша од све.
 
Во последно време пијам Левисима:

levissima_nat15l.jpg


Кога сум дома пијам Горска:

Gorska.jpg
 
Чешма рулз бе, флашираниве ич не ги бидува. Од немајкаде некогаш купувам флаширана вода, ама повеќето ми се гадни, ко на пример Горска, Ладна и Роса. Ми чинат само Вода Вода, и донекаде Пелистерка-обична. Сепак чешмарскава ми е најубава, тука во Скопје. Во Охрид и по други градови купувам вода, пошто обичната таму не ми е убава.
 
пијам вода од чешма, а пошто Македонија не се снабдува само од Рашче, гласав за „друга“ и тоа Студенчица


студенчица и сите други македонски извори за вода во чешма ми се во трите точки (...), пред затворањето на заградата :-)


требало да гласаш за првата, која гледам апсолутно победува.
големо е тоа богатство, што не можат да си го дозволат мноооогу луѓе.
 
студенчица и сите други македонски извори за вода во чешма ми се во трите точки (...), пред затворањето на заградата :-)


требало да гласаш за првата, која гледам апсолутно победува.
големо е тоа богатство, што не можат да си го дозволат мноооогу луѓе.

зошто да гласам за Рашче кога пијам вода од Студенчица чија вода е далеку поубава од онаа на Рашче
за мене Студенчица е богатство кое можам да си го дозволам, а и секој во мојот крај ;)
 
Кога сум дома си пијам вода од чешма, а кога сум излезен некаде пијам Роса.
Никогаш не пијам купена вода кога сум дома златна чешма имам ќе купувам вода нема смисла:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom