Каква е таа “Обединета Македонска Дијаспора“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
djshema, баш ми е драго дека те читам после толку време и супер прилика е ова што ни даде шанса ’одблизу’ да се запознаеме со актуелностите во ОМД!
 
Аман Стрелец : не се сеќаваш на оној шо сакаше да личи на NYC-nigga и се дереше од хаубата на организациониот камион “Шејт мен“? :raz:

А иначе шема - не зборев за тебе. Патриотизмот со големо П ти скока во очи од постот ради немање кирилична поддршка злато : се инсталира на многу лесен начин! :star:

Туку да не должам : да се јавевте, културно и цивилизирано, во Амбасада да ги потпрашавте колку пари собра УМД за јадење и пиење а колку за последната добротворна сврха за една операција? Поверодостојно ќе биде - ем мене ќе ме ослободите од обврската да “млатам празна слама“, ем вие ќе си обелите образ... :wink:

Кој ме тераше да претам по гомната - ептен се расмрдеа! :pov:
 
Македонецот секогаш страдал од многу "УМ".:(
 
Dobri se dobri se pokrenaa nekolku peticii za imeto..videte prvo vie sto ste napravile pa posle drugi sudete
Mnogu nasi neznaat dobro makedonski pa dobro e sto e na angliski ama sepak fali prevod i na naski
Edna rabota sto ne mi se sviga za da stanes clen pari sakaat lugeto:)
 
Нели со самиот тој факт што ти бараат пари за да бидеш член на нешто што треба да биде македонско, треба да се подзапрашаш дали уствари нивната цел е лобирањето за Македонија? Или пари од членството?
 
А која ви е целта да станете член на таа организација?
Белким би требало да помогнете некако, инаку зошто би се зачленувале?
 
Епа ете, некој ќе преведува. Некој што живее во Исланд ќе лобира таму. Некој што живее во Австралија ќе почне да го подигне македонското во заборавените македонци. Не е се до парите Стрелчо. Признај.
 
...Не е се до парите Стрелчо. Признај.
Признавам!:)

Епа ете, некој ќе преведува. Некој што живее во Исланд ќе лобира таму. Некој што живее во Австралија ќе почне да го подигне македонското во заборавените македонци...
Признај и ти дека за да лобираш во интерес на Македонија, воопшто не е неопходно да си член на ОМД!:)
 
Да така е. Не викам дека не, но сега ти признај, дека доколку сам влезеш во некоја институција и кажеш еј дечки...никој не те тангира. Ама кога ќе идеш, и ќе се претставиш како член на советот на бла бла ОМД друго е..барем здраво ќе ти кажат ако ништо друго. Заедно сме посилни мислам дека беше поговорката?
 
Да така е. Не викам дека не, но сега ти признај, дека доколку сам влезеш во некоја институција и кажеш еј дечки...никој не те тангира. Ама кога ќе идеш, и ќе се претставиш како член на советот на бла бла ОМД друго е..барем здраво ќе ти кажат ако ништо друго. Заедно сме посилни мислам дека беше поговорката?
Сакаш ли да лобирам за бесплатно да станеш член, или ќе дадеш 15 долари?:)
 
Нејќу, фала. Али се приметува ми ја сфати поентата
 
Mакедонците лобираат колку што можат насекаде во светот и во секоја прилика,единствено кога треба за нешто и да платат се појавува проблем макар тоа да е и 1 евро.Зошто е тоа така најубаво може да се види деновиве кога во јавноста излегуваат афери од типот дека требало да се дадат 70 милиони евра на Грците,па да им се вратат 20 милиони евра на Австријците па тоа дека ќе сме правеле музеи на восочни фигури и филхармонии и да не го споменувам.Тогаш на иселениците им се "ежи" кожата и веднаш протестираат за нивните тешко спечалени пари по белиот свет туку-така да ги дадат за некој да се прави "ербап" во Македонија и да не дава пет пари за лобирање а да троши милиони евра за малверзации и блентави,непотребни проекти.
 
ABC шо ти беше поентата на постот? :raz:

Поентата ми беше дека било кој што заминал во белиот свет од Македонија не треба да се потценува за било каква иницијатива која оди во прилог на Македонската кауза,разбирливо е тоа дека Македонците во странство многу повеќе ја ценат парата што би ја дале за лобирање доколку гледаат како во родната земја сонародниците трошат како скинати за безвезни одлуки и решенија и се расфрлаат со милиони а не ги вложуваат во сопственото признавање и лобирање низ светот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom