"Обрасците на патните исправи и на визите, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо, освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со утврдените меѓународни стандарди.
-Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На нивно лично барање, податоците што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот".