Каква Ароганција - Ресторан Дион

  • Креатор на темата Креатор на темата decko77
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Возраст
45
tSAS9.jpg

На фејсбук го видов ова:

1700 женски
2000 машки

Мислев да размислам да славам тука ама кога го видов ова, човече, какво само понижување и дискриминирање на родова основа. Да беше ова дека женските треба повеќе да плаќаат сите невладини ќе се кренеа, вака никој.

Ако планирате да славите ова размислете малце, прашање на принцип е, дали ќе дозволите да ви прават вакво понижување само заради тоа што сте машко.
 
Ова не е од сега, од секогаш било така..и ние како копиљи кога се собиравме по куќи сегогаш жените не плаќаа ништо , а ние како луди збиравме по 1000 денари..
 
Ах, а мене ме правеа луда кога се собиравме порано со другарчињата и другарките и јас се бунев затоа што тие плаќаат повеќе од нас, наводно тие ќе изеле и испиеле повеќе. Поголема трагедија беше што машките сами се дискриминираа.

Ако ме прашаш мене, јас сум за бојкот на целиот тој конзумеризам за една вечер, која не е ништо посебно од другите. Успат, што е со цениве? Златен кавијар да не ќе ви сервираат?
 
Па како што почнале, за жените кавијарот, за машките остатоците..
 
Глупости, да сме малку попаметни оние места каде што има вакви “привлечни“ понуди треба да ги оставиме празни. Не ме чуди за Дион, што све нема да направат за да привлечат девојки посебно, но сепак пола и повеќе од местата кај нас функционираат така.
Процедурата за влагање по дискотеки - девојки сами и девојки со дечко за рака први влагаат, а машките кои дошле сами ќе причекаат едно саат два надвор, ако не им текне да замолат некое девојче да ги придржи за рака дури влезат.
А за во Дион, и бесплатно да е не би отишла!
 
Подобро да направат Бела Нова Година (сите што се облечени во бело пониска цена за нив) отколку ова.
 
Е многу се ретардирани, да направеа и женските да плаќаат по 2к денари, ќе собереа повеќе пари.Ај бери им го умот. :facepalm:
 
Мене повеќе ми боде очи ова „АМИР и Ивица Live“

Ху да фак из Амир и зошто е он со капс лок, а Ивица без !? Национална дискриминација... Диктатура. :D

Него, цурите плаќаат поефтино поради тоа што они имаа нешто поскапо. ;)
 
Незнам дали така мене ми се чини или скоро секаде за нова година тапа бендови им носат?:)
 
Мене повеќе ми боде очи ова „АМИР и Ивица Live“

Ху да фак из Амир и зошто е он со капс лок, а Ивица без !? Национална дискриминација... Диктатура. :D

489090CA0F69FE4689B9B07DD1D9D28F.jpg

:D

Инаку шо се буниш бе, поише женски ќе има за тебе ;)
 
-а ако е некој пола-пола машко-женско
како ќе ја одредат цената-ѓаќите доле
или уверение од дотичната установа.
 
Газдата на ресторанот, кафич, дискотека има право да си стави правила како сака а кому не му се свиѓаат нека не оди таму.

Ако сакам ќе направам попуст од 50% за плавуши или бринети и нема што некој да се буни. Мој кафич мои правила.

Приватна сопственост е, не е јавно претпријатие па некој да се жали за родова дискриминација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom