Каков живот сакате?
Ние можеме многу нешта да сакаме, посебно да мечтаеме за тоа дали нашиот живот треба да биде брз или нормален или пак да одбереме како ќе го завршиме животот. Сепак едно е да сакаме, а друго е да можеме и да го имаме тоа што го сакаме. Оттука сето ова се сведува само на желба која нема ништо со реалноста во која често пати се исполнува обратното од она што го сакаме. Или речено едноставно, многумина кои што посакувале да живеат долго и среќно, животот го загубиле млади против своја воља и обратно. Не сакам да набројувам примери... Така што, кога е во прашање каков живот сакаме, тоаш логично е да се одговори дека го сакаме нашиот живот, оној живот кој однапред ни е запишан. Дали ќе биде брз или нормален, наше е секој миг да го живееме, додека други ќе проценат дали бил брз или нормален, но порво треба да го живееме..