Chapstick
Сам свој психолог
Користам самсунг LCD монитор од тие долгите...најнов модел
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали се преценети или не, тоа неможам да кажам. Ама се единствени производители на PVA панели во светот и едни од 5те производители на LCD дисплеи воопшто. Јебига
Да за тоа си у право али PVA мониторите патат од скоро исти проблеми како ТН и невредат за парите,од гледан точка на просечен купувач се добри но од точка на искусен,напреден корисник се во најмала рака слаби панели. Патат од менување на гама,менување на контраст,кршење на црната боја и огромен "инпут лаг" каснење или се многу спори маусот касни при движење (битно од гејмерска перспектива) Кога на сетоа ова ке ги додадеме прејаките како на цртан филм бои (вештачки) може слободно да се каже дека овие панели (PVA) се преценети исто како и поефтините TN панели/монитори на Самсунг.
Имав Т240HD го вратив лошо искуство во секој поглед,можеби затоа што сум осетлив на бои,неправилности и слично.Моја препорака за сите идни купувачи на монитори е Dell 2209WA чини 14/15000 денари
Може да се најде во Ланком или Макпетрол IPS панел одличен монитор! за тие пари нема шанси да се купи нешто подобро ова ви го кажува човек што цели 4 месеци помина во барање перфектен монитор по форуми и барање мислења од стручњаци и слично. Горе доле научив доста работи и мислам дека можам да помогнам со давање на некој совет,извинете за оф топик.
Препорачај некој 23-24 инчен LCD што го има по продавнициве кај нас (Скопје) ама да не е поскап од 14 - 15 000 ден.
Да се приклучам на дискусијата за мониторите. TN < PVA < IPS
нормално расти и цената. Иако Samsung Т240 (HD) е послаб од Dell 24ките кои Psyside ги спомна (кои се со IPS), тој веројатно е меѓу најдобрите TN монитори. Вреди за парите. Кај нас чини ~16 000 денари.
Дома имаме и еден постар Samsung 970P, 19". Тој е навистина квалитетен монитор. Со ПВА матрица. Ама чинеше поскапо од оваа 24катав самсунг, околу 25 000
Незнам зошто самсунг нема извадено 24ка со квалитет на сликата како 970p (и неговиот наследник 971p) Самсунг имат слаби TN 24ки, и ептен скапа за професиналсна работа XL24, немаат нешто измеѓу.
Значи ако сакаш квалитет и голема слика трева да се плати добро. Dell со нивните 24ки се најефтини помеѓу скапите (PVA и IPS) 24ки.
Инаку за тој BenQ от. Ништо не најдов на интернет за таков модел t241WA, спомнат е на некое место и толку.
А за BenQ V2400 споредено со Т240. По цена се слични, BenQот е малку поскап. По квалитет на сликата велат скоро исти биле. Ама в2400 има светликава површина. Тоа го прави подобар за гледање филмови. Не можеле добра матрица да стават, па сега за подобро прикажување на црната ставаат вакви површини. Затоа повеќето ЛЦД телевизори се со светликава, затоа што на нив се гледа филмови. За повеќето работи на комјутер, матирана површина е подобра, како кај t240.