Како се спасуваат луѓето кои ги следат обичаите на Црквите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Темава ја отворам како контра-тема на темата ""Како се спасуваат луѓето кои се надвор од Црквата?""

По форумов секој ден можете да наидете на луѓе кои се премногу упатени во нештата, други читнале нешто некаде, некои помалку, некои повеќе, некои дознале од мама и тато за неколку правила во животот, некои само "знаат" дека тоа е тоа без малку повеќе напор, некои едноставно го тераат патот по инерција, некои.... не сакам да вршам општа класификација на ликовите, да не се навреди некој.

Предмет на оваа тема:
- Православните Христијани, одат во црква барем еднаш во неделата, палат свеќа, се осенуваат на икони, оставаат паричка, често знаат и некоја молитва да си кажат,....
- Православните Христијани, се осенуваат додека стојат на семафор и чекаат 90 секунди да светне зелено,... често забележани во црвен автобус на Партизанска.

Сите прават гревови, према книгата не е тоа тоа што треба да е. Идолопоклонство се врши и на првиот и на вториот начин.
Но, не мора да се држиме само до оваа религиозна група.

Што е трето, четврто и тн. на патот кон Вашето/нивното спасение?

Ко за крај, ја отварам темава видно револтиран од некои верници (нема да ставам цитати, нека си се познаат самите кои се, оти грев голем прават, нека им биде простено) по форумов кои одат по цркви (барем така се изјасниле досега)... истите немаат прочитано ниедна книга (по муабетот кој го вртат), немаат почит никаква кон соговорникот, навредуваат дискретно, .... и затоа, би замолил да не се навредувате меѓусебно.

Со почит.
М
 
Едно е сигурно, за оваа (доле) нема спас...

П.С. Тешко да е православна рисјанка, б’т ху керс... :icon_lol:
 
Нема спасение за нив, премногу се заслепени од своите догматски ставови а всушност ја немаат ни прочитано Библијата за разлика од еретиците ко мене кои ја имаат прочитано..
 
Ниту сакам да навредам некого,ама ме интересира да прашам овие што мислат дека во технологијата е сето,а не веруваат во Господ , а воедно и ги омаловажуваат тие што веруваат во Црквата и Бог, па да ве прашам што ве тера да мислите така?
Зарем подобро се чувствувате демек не верувате во ништо или што? Не ми е јасно ?
 
1. Атеизмот не е верување или мислење дека технологијата е се. Атеист е оној кој не верува во бог. толку. ништо повеќе.
2. Да подобро е чувството да немаш потреба да веруваш во било што. Си се обидел?
 
1. Атеизмот не е верување или мислење дека технологијата е се. Атеист е оној кој не верува во бог. толку. ништо повеќе.
2. Да подобро е чувството да немаш потреба да веруваш во било што. Си се обидел?
2. Потреба? Се плашам у вистината дека „богочовекот“ атеистите го гледаат како некој што мора да верува.
 
А кој е тој богочовекот? Го знам ли?
Тој којшто не е тело кое што се засолнила душа, туку душа која има свој видлив дел наречен „тело“
Не го знаеш и мислам нема потреба да го знаеш, не го исполнуваш болдираниот критериум. Уживај си во глетката на тоа „Како се спасуваат луѓето кои ги следат обичаите на Црквите“
Позз...
 
Болдираното ни ти не го исполнуваш. Уживај си го животот како најмногу ти одговара
 
Ниту сакам да навредам некого,ама ме интересира да прашам овие што мислат дека во технологијата е сето,а не веруваат во Господ , а воедно и ги омаловажуваат тие што веруваат во Црквата и Бог, па да ве прашам што ве тера да мислите така?
Зарем подобро се чувствувате демек не верувате во ништо или што? Не ми е јасно ?

Веруј ми дека мнооооогу подобро се чувствувам кога знам дека кога ќе умрам нема да одам во пекол или рај или такви глупости, и нема да ме осуди некој. Нормално си имам свои граници, али јас ги поставувам тие граници и тоа ми се свиѓа највеќе. Знам дека многумина од верниците мислат дека ако си атеист ќе почнеш да убиваш луѓе без контрола и такви глупости, ко клипов:

1. Атеизмот не е верување или мислење дека технологијата е се. Атеист е оној кој не верува во бог. толку. ништо повеќе.
2. Да подобро е чувството да немаш потреба да веруваш во било што. Си се обидел?
Само да собере сили и да успее да се откачи од религијата,ќе почуствува како огромен камен да му паднал од срцето;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom