Kако се пишува семинарска?

Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
1.Седнуваш пред компјутер, исправено на удобна столица во добро осветлена просторија.

2. Се логираш на MSN или SKYPE (и обавезно го ставате знакчето за “away’). Си го проверуваш маил-от.

3. Внимателно читаш што се бара во задачата за убаво да ја разбериш.

4. Се симнуваш до продавница за да си купиш чоколадо, бидејќи ти е потребна конценнтрација.

5. Си го проверуваш маил-от.

6. Се јавуваш кај пријател/ка и прашуваш дали е за кафе?

7. Се враќаш во соба, седнуваш повторно пред компјутер исправено во удобна столица и во убаво осветлена просторија.

8. Уште еднаш ја читаш задачата за да бидеш 100% сигурен дека си ја разбрал.

9. Cи го проверуваш маил-от.

10. Ти текнува дека му немаш пишано маил на пријател со кој сте се запознале претходната година. Си велиш подобро е да му го напишеш тоа писмо и да се фокусираш на задачата.

11. Одиш во купатило и си ги гледаш забите на огледало.

12. Симнуваш некоја нова песна.

13. Си го проверуваш маил-от (дали ви е нешто познато досега?)

14. Четуваш на MSN со некој другар и се договарате за идни планови – за летен одмор на пример.

15. Си го проверуваш маил-от.

16. Ги слушаш новите МР3-ки и симнуваш уште нешто.

17. Му се јавуваш на колега од факултет и го прашуваш дали е започнат со пишување .

18. Се симнуваш до трафика по кока-кола и успат си купуваш и списание.

19. Си го проверуваш маил-от.

20. Читаш новости и разгледуваш што има, да не случајно пропуштиш нешто важно на телевизија.

21. Играш една партија solitare.

22. Одиш на www.bored.com.

23. Одиш во купатило и си ги миеш рацете.

24. Се јавуваш повторно кај колеги и се надеваш дека и тие немаат започнато со пишување.

25. Го земаш фото албумот на цимер ти и го прашуваш за сите луѓе од сликите.

26. Си го проверуваш пак маил-от можеби некој пишал, ги преслушуваш песните што ги симна.

27. Уште само еднаш читаш што ти е задачата.

28. Си легнуваш малку.

29. Удираш во ѕид и кршиш нешто.

30. Си го проверуваш маилот.

31. Мрмориш нешто, пцуеш.

32. 5:00 часот наутро - почнуваш да пишуваш набрзина без запирање, во 6:00 семинарската е готова.

33. Им се жалиш на сите дека цела вечер немаш око склопено поради таа семинарска.

34. Ја предаваш семинарската и не остануваш ни 5 минути повеќе, си одиш дома да одмориш.
 
32. 5:00 часот наутро - почнуваш да пишуваш набрзина без запирање, во 6:00 семинарската е готова.

33. Им се жалиш на сите дека цела вечер немаш око склопено поради таа семинарска.

34. Ја предаваш семинарската и не остануваш ни 5 минути повеќе, си одиш дома да одмориш.

Хахах закон!! Баш сега правам една за на факс и баш таков ми е распоредот.
 
Знаеш дека повеќето е точно, освен делот со bored.com и проверувањето мејл. :)
 
Најточно......и тоа им е на сите муабет на сабајле, дека за таа ебена семинарска ич немаш спиено, а притоа и си четовал,играл на комјутер, Се само не Семинарската работење :)
 
грешка, има поедноставен начин..

-на 3-4 души од група кои ја имаат напревено им викаш “дај ми ја твојата, да знам насока барем како да пишувам’’
-отвараш нов ворд документ со наслов “Семинарска’’
-земаш од сите семирански по 2-3(5-6, во зависност колку треба да е големка) страни со cut-paste во твојот документ.
- го мешаш редоследот на позајмените пасуси, тотално и малце го дотеруваш, со намерни печатни грешки(најчесто букви една до друга шо стојат, за да се добие впечаток дека си се окозил од куцање) .
-тадаааам!!!

Или ако си па апла лешинар и недомаќин, одиш до Мавровка или Бисер доле во копирниците и на крај имаш иста семимарска од збор до збор со остатокот од групата...
 
ај упм... баш во моментов го правам ова... :pos2: ич не ми се учи мадафака...
 
didnt_read_lol.gif
 
аа да беше вака само за семинарска... :)
 
Мене со учењето ми се случува ова кога сум пред компјутер со интернет, а семинарска ќе склопам некако набрзина. :)
 
За момент помислив дека стварно ке се дискутираат начини на пишување семинарски :))), али ДА, можам да се пронајдам во поголемиот дел од опишаното однесување
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom