Како настанал? Од огромна енергија...фотони.
Значи имаме силно зрачење на фотони, од кои што се создаваат супермасивни бозони X и антиX кои што ги материјализираат електомагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила и гравитацијата. Потоа тие се распаѓаат на кваркови и електрони и антикваркови и позитрони. Но поради огромната температура тие повторно се соединуваат во бозони. При распаѓањето доаѓа до нарушување на симетријата и има малку повеќе материја од антиматерија. Но температурата опаѓа и во еден момент (сето ова се случува од 10 на -35 до 10 на -30 дел од секундата, од почетокот на големата експлозија) кога повторно ќе се распаднат и процесот е неповратен и бозоните не може повторно да се формираат. При тоа има многу малку повеќе материја од антиматерија, но симетријата е нарушена и од овој вишок на материја се создаваат галаксиите, ѕвездите, планетите итн.