Како настанал исламот: Кој бил Мухамед?

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
Друже не си ја сватил суштината , на моево излагање Најголемиот доказ за постоњето на Аллах џ.ш е Куранот и природата па затоа Аллах џ.ш вели

На земјата постојат јасни докази а и во вас самите, зарем не гледате?

(Куран суре Ез Заријат 20-21)

Истражувај те ја природата ќе дојдете до вистината и потврдата во постоењето на единсвениот бог Аллах џ.ш, во свршенит ред кој го има, како сонцето, месечината, дождот промената на временстака состојба, растење на растенија, овошје и др...

за се си има свое време кое Аллах џ.ш ни ги подари овиее благотети на наа луѓето да опстоиме, за ова е потребно Сила, Мудрост, знаење, но нашата мудрост ,сила, и знаење кое Аллах џ.ш ни го подарил ни е ограничена, затоа

Пости Аллах џ.ш кој е семоќен и неговата Моќ е неизмерна, А земјата е најгомемиот доказ на Аллах и ние самите па и животните тоа ја докажува Некогата неизмерна Моќ, сила, мудрост, знаење и др.....


Дека планетата Земја не е совршено место за живот на човекот ти докажав. Ти неможеш да живееш на повеќе од 80% од површината на оваа планета.
Тие работите што ги наброја, само укажуваат како човекот се адаптирал на условите на планетата преку еволуцијата, а не дека тие услови биле создадено од некого. Ако немаше ден, човекот ќе имаше изразено сетило за вид, ако немаше ноќ ќе беше обратно. Тоа е адаптација.

Понатаму, дека ти си тој кој шири пропаганда и лаги. Исак Њутон во животот не го спомнал зборот ислам.
Хармонија во вселената се масивни судири на големи небесни тела? Хахаха... Или радијацијата која ја ослободува една ѕвезда? Или моќните експлозии на површината на ѕвездите? Хаха...хармонија...


Ќе ставиш линкови да видиме навистина што рекол Исак Њутон, Сенка или Едингтон? Да видиш дека ти шириш лаги и пропаганда?
Само немој да ставиш линк од кај што ти е копиран текстот.
 
Islam nur, секое понатамошно тролување, спамање на пропаганда на секоја тема ќе ти го санкционирам со црвен картон.
Науши се да дебатираш! Затоа шо единствен впечаток кој го оставаш на форумов е на форумски Трол и Спамер.

П.С СЕ ИЗВИНУВАМ ШТО ГОВОРАМ ОФФ ТОПИК ГО МОЛАМ МОДЕРАТОРОТ ДА НЕ ГИ БРИШЕ , КОМЕНТАРИВЕ ТУКУ НЕ КА ГИ ПРЕМЕСТИ ВО СОДВЕТНАТА ТЕМА.

И свесно ми пукаш офтопици, па и уште да сум преместувал, шо викаш да отворам една тема и сите таму офтопици да си мавате а јас по цел ден да преместувам постови?
не биди смешен и почни да дискутираш, ако сакаш се разбира, ако не немораш.
 
Amante be... sekoj mesec gledam po nacional geografik otkrivaat po nekoja biblija,od stara postara od "originalna" po "originalna".... vi go zamatile umot i sega problemot sakate na drugi da im go prenasocite ?
Glupavo e i smesno,ponizuvacki isto taka za vas samite,sto na vakov nacin si davate uteha i si lecite kompleksi.
 
Муслиманската религија или Исламот

Муслиманската религија или Исламот, што во превод од арапски значи "покорност или предавање на Божјата волја" се појавува во Арабија во 7 век н.е. Нејзин основач е Мухаммед, кој бил роден во Мека во 571 год. На 40 години го добива откровението за Единиот Бог - Алах, истовремено станувајќи Ресулуллах (Божји пратеник). Ова откровение го соопштува 18 Јануари 611 година на тесен круг луѓе. Муслиманска света книга е Куранот по која се раководи целиот исламски свет.

Наследниците на Мухаммед биле познати под името калифи (намесници на земјата). Првиот калиф бил неговиот најблизок пријател Ебу Бекр. Тој владеел 2 години, а бил познат по сочувувањето на единството на младата исламска држава. По него следел неговиот втор пријател Омер. Тој владеел 10 години, а бил познат по праведноста, по економскиот развој и по проширувањето на државата од Египет до Кина, освојувајќи ја тогашната огромна персиска империја. По неговата смрт следеле зетовите на Мухаммед, Осман и Али. Во нивно време доаѓа до извесна нестабилност во државата и до појавата на првите секти, меѓу кои и Шиизмот, која е до ден денес најпроширена во Иран, Ирак и Либан.

Останатите муслимани кои останале на учењето на Мухаммед и на неговите калифи се нарекуваат следбеници на суната/традицијата на Пратеникот, па оттука и името Сунити. Сунитите се далеку побројни и сочинуваат 90% од сите муслимани, додека на Шиитите отпаѓаат само 10%. Основна политичка разлика на Шиитите е тоа што не го признаваат принципот на избор на калифите. За законски наследници на Мухамед тие ги сметаат само 12-те имами, потомци на калифот Али и неговата жена Фатима.

Со текот на времето Исламот се раширува на голем дел од Азија и се јавува како водечка, а и како државна во повеќе од 20 земји. За тоа сведочат официјалните имиња на неколку држави, како што се: Исламска Република Иран, Исламска Република Пакистан, Исламска Република Авганистан итн.

Географската распространетост на Исламот на Сунитите е значајно поголема отколку на Шиитите. Првиот го зафаќа целиот западен дел на Азија, каде што спаѓаат следниве држави: Турција, Сирија, Јордан, поголемиот дел на Ирак, скоро цела Саудиска Арабија. Од средна Азија, влегуваат: Авганистан, Пакистан и Тибет. Исто така, оваа религија е распространета во Индонезија, Суматра, Јава, Бали, Сумбава и јужниот дел на Малајскиот Полуостров.
Наспроти нив, Шиитите, имаат многу помало распространување, и тоа само во Иран, на мал простор во Ирак, Либан, Јемен, Авганистан и Тибет.

Според одредбите од Куранот пропишано е задолжително вршење на 5 молитви за секоја индивидуа, од утро до вечер; постење на месецот Рамазан, давање милостина на сиромашните и аџилак во светата Мека. Посебно значење има одењето во Мека и Медина. Секој маж и жена, во текот на својот живот, треба да ги посети барем еднаш овие свети места. Главно светилиште на муслиманскиот свет е џамијата Месџидул Харам во Мека. Во внатрешниот двор на таа џамија се наоѓа четириаголен едноставен праисконски храм, наречен Каба, на чиј северен ѕид е поставен црн камен, со метеоритско потекло, на кој муслиманите не му се поклонуваат, туку служи за маркирање на почетокот и крајот од седумкратното ритуално кружење околу Каба. Според преданието, тој му бил испратен на Ибрахим/Авраам од небото од страна на Аллах.

Во Медина, исто така, за свето место се смета џамијата што е изградена од Мухаммед и покрај која се наоѓа неговиот гроб. Броењето на годините, муслиманите го започнале од времето кога Мухаммед се преселил од Мека во Медина. Според христијанското броење на годините, тоа се случило во 622 година по Христа. Календарот се нарекува Хиџретски и е лунарен, па така сега сме 1433 хиџретска година
.
 
Jas na vashe mesto bi pazel ovakov da ne ve ROKNE..;)
\
vasilije-kacavenda.jpg

Владиката на СПЦ Василије Качавенда, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите
6EA080782FB2C74D9357BCF942F2F711.jpg
Раскошот, луксузот, скандалите и сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба го симнаа од владичкиот трон зворничко-тузланскиот епископ на СПЦ Василије Качавенда. Иако Синодот на Српската православна црква тврди дека единствена причина за неговото повлекување се здравствени проблеми, сепак српските, а особено босанските, медиуми тврдат дека Качавенда се повлекува под притисок, бидејќи за сите скандали постојат сериозни докази. Верските аналитичари оценуваат дека по мај следната година, кога и официјално ќе биде разрешен од епископската служба, Качавенда ќе стане предмет на сериозни судски процеси.
Владиката на СПЦ, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите. Неговиот поранешен ѓакон Бојан Јовановиќ лани отворено проговори за сексуалните склоности на владиката. Тој, но и семејството на еден искушеник, кој се самоуби во еден од манастирите, го посочија токму Качавенда како причина за смртта.
Генералниот секретар на детската амбасада Меѓаши, адвокатот Душко Томиќ, кој ги застапува оние на кои владиката Василије им згрешил, вели “би бил среќен да не го знам она што го знам. Кога ќе си отиде Василије Качавенда, дури тогаш ќе испливаат страшните работи”, потсетувајќи на смртта на 19-годишното момче.
-Момчето, кое со цело срце ја сакаше црквата и Бог отиде на небото ниту виновно ниту должно, само поради тоа што не сакаше своето тело да му го даде на својот претпоставен, владиката Василије Качавенда. Ги собравме сите искази на сведоците, ѓаконите, дедото, бабата, мајката. Неодамна мајката и јавно сведочеше и Василиј Качавенда по ова не може да биде ништо, а уште помалку владика”, вели Томиќ.
Качавенда е вториот епископ на СПЦ кој е обвинет за сексуална злоупотреба. Со таков случај се соочи и врањскиот епископ Пахомије.
Верските аналитичари проценуваат дека СПЦ ќе мора сериозно да ги расчисти ваквите состојби, кои стануваат речиси секојдневие меѓу владиците во Белград.
ПЕДОФИЛИЈАТА СЕ ОДВИВАЛА ПО РАЗРАБОТЕНО СЦЕНАРИО
Ме бакнуваше по вратот и ми рече да се соблечам

Поранешниот ѓакон и близок соработник на епископот Василије Качавенда, Бојан Јовановиќ, повеќе од една година водеше отворена битка со Качавенда во обид да ги убеди српските владици, за неговиот, како што го нарекува, ѕверски однос кон потчинетите. Јовановиќ напиша и книга со сведочења за животот на Качавенда. Лани во изјава за Вечер детално раскажуваше што му се случувало во манастирските ќелии.
- Не можам повеќе да молчам, затоа што тишината ме убива. Мораме да го спречиме владиката Василије во име на христијанството. Во името на СПЦ. Бев негов ѓакон, доживеав и преживеав се и сешто. Дента кога пристигнав, по ручекот ме покани во својата соба. Ми раскажуваше за неговиот тежок живот. Одеднаш почна да ме бакнува по вратот, да ме допира, ми рече да се соблечам за да види како сум граден. Избегав веднаш во мојата соба. И наместо да го напуштам, ја направив најголемата грешка. Останав за да видам што ќе се случува понатаму, раскажуваше Јовановиќ во 2011 за Вечер.
Јовановиќ бил еден од најблиските соработници на Качавенда се до моментот кога разбрал за наводното самоубиство на еден свештеник, кој одбил да има сексуални односи со владиката. Јовановиќ тврди дека свештеникот бил убиен. Раскажувајќи за соработката со владиката неговиот соработник вели дека педофилијата се одвивала по разработено сценарио.
- Се бираа деца без родители, од сиромашни средини. Од мене бараше да најдам кои се деца без родители, да им дадам малку пари и да ги доведам во дворецот. Тогаш сакав да го убијам, само Бог го спаси, раскажуваше Јовановиќ.
20C6A025CC83854B8F3763DC390393D8.jpg
Качавенда живее во раскош, со позлатен мебел и јаде од златни лажици

Резиденцијата во којашто живее владиката Василије Качавенда јавноста ја нарекува “Српски Версај”, и тоа поради луксузот и богатството во кое ужива овој епископ на СПЦ.
Според проценките на медиумите, но и по фотографиите кои излегоа во јавноста, Качавенда во својот дворец вложил милиони евра. Најголем дел од мебелот се длабоки резби, златни и позлатени садови, предмети и уметнички слики со висока вредност. Качавенда има салони со позлатен мебел, скапоцени порцелански премети, златен накит и се што, како што пишуваат медиумите во Србија, може да се најде во еден дворец, како на пример Версај.
-Ма ве молам, претерувате. Тоа ништо не е мое. Јас само таму живеам и сето тоа го чувам. Всушност, тие што мене ме прозиваат, нека видат како и каде живеат некои олигарси, а мене нека ме остават на мира, велеше Качавенда за неговиот животен стил како Владика на СПЦ.
Марјан Николовски (превземено од ВЕЧЕР)
 
Требит са се покољит сите шо правет работи околу педофилија, а посебно свештени лица, тие треба на кол, по старотурски.

Но тоа не ја намалува вината на Муамед за женење деветгодишно дејче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom