Како ќе изгледаат мобилните во иднината?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.099
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дизајнерска група од студенти кои ги најми најголемиот светски производител на мобилни телефони Nokia, направија проект на футуристички дизајни за новите генерации на мобилни телефони, телефони кои се поинакви од оние кои денес ги носите во своите џебови.
Необичниот дизајн на овие телефони како на пример мобилен телефон во облик на кредитна картичка кој се носи на врвка околу врат, мобилен кој се носи како прстен или пак мобилен во облик на наочари за сонцее идеја на 26 студенти од Central St. Martin колеџот за дизајн и уметност во Лондон.
За најдобро дизајниран, прогласен е моделот на мобилниот чиј што еден дел може да ротира околу својата оска и во тој случај, кога не се користи како телефон, може да послужи како рамка за (дигитални) слики. Освен тоа, делот кој се врти може да послужи и за проекција на видео повици, односно со напредокот на 4G и 5G мрежите само ќе го поставиме на маса и очи во очи ќе разговараме со соговорникот. Овој уред исто така може да послужи и како кoмпјутерско глувче.
nokia_ramka

Мобилниот телефон дизајниран од студентката Hannah Nuttall е направен специјално за блогерите. Се состои од три дела - вметнатото моливче во телефонот и камерата им го олеснуваат на ажурирањето на своите страници на блогерите додека немаат пристап до својот компјутер.
nokia_blogeri

Дизајнот на телефонот наречен Scentsory е на Kimberly Hu. Со него, за првпат ароматерапијата станува мобилна, а корисниците можат да разменуваат мириси едни со други. Се работи за таканаречениот origami механизам, па телефонот може да поприми различни изгледи во зависност од желбата на корисникот.
nokia_aroma

3G телефонот со димензии на кредитна картичка е наменет за носење околу врат, а станува збор за еколошки производ.
nokia_karticka
 
da procitav deka i samsung pravele nekoi planovi da proizveduvaat vakvi telefoni
 
цццц што се нема да се имисли.....ова чудо е технологијава значи!!
 
Што се нема да измислат луѓево, само дај им простор. Којзнае каква се технологија не чека за некоја година можеби веќе нема да ни требаат мобилни, ќе ни вградат чипови во главите и ќе шетаме сите како зомби:nesum::nesum::nesum::uvo::uvo::uvo:
 
пред 10/12 години на интернет и во весници имаше слични вакви изданија за нешто слично како ова...
mda-III.jpg


и кој ке го видеше чудово се газеше од смеење, имаше една позната изрека во тоа време телефониве наместо да ги прават што помали и поедноставни за употреба они ги праат се поголеми и на прв поглед сите мислеа дека ова е мобилен со можности на телевизор, ама испадна мобилен со можности на компјутер.

бајдвеј има некој видено од вас мобилен од хартија?
 
nokia_ramka

Мобилниот телефон дизајниран од студентката Hannah Nuttall е направен специјално за блогерите. Се состои од три дела - вметнатото моливче во телефонот и камерата им го олеснуваат на ажурирањето на своите страници на блогерите додека немаат пристап до својот компјутер.
nokia_blogeri

Дизајнот на телефонот наречен Scentsory е на Kimberly Hu. Со него, за првпат ароматерапијата станува мобилна, а корисниците можат да разменуваат мириси едни со други. Се работи за таканаречениот origami механизам, па телефонот може да поприми различни изгледи во зависност од желбата на корисникот.
nokia_aroma

3G телефонот со димензии на кредитна картичка е наменет за носење околу врат, а станува збор за еколошки производ.
nokia_karticka
[/quote]
ubavi se :toe:
 
aeon-concept-2.jpg


aeon-concept-3.jpg


Вака ќе излгедаат Нокиите во иднина.
ЛИНК за да прочитате повеќе.
 
ја имаше темава со истиве податоци и слики пред некој месец додека не падна незнамшто и бекапот не содржеше огромен број на теми...

иначе Драган, тие телефони што ги стави на сликите можеби не баш стрикно тие али има слични веке на тој дизајн и платформа.
3.2 генерација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom