Како до Луксембург ?

  • Креатор на темата Креатор на темата marko.s89
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јануари 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
35
Здраво, ме интересира дали некој знае за директен превоз со автобус Македонија-Луксембург.
Пребарував али никаде не најдов автобус кој вози директно, за авион знам дека има.
 
одиш до германија па вртиш лево.

не верувам дека автобуски линии има до таму. не е некоја за нас популарна дестинација.
 
А која е причината поради која мора да е со автобус? Бидејќи со авион ќе стигнеш побрзо и ќе те фати поефтино. Евентуално да имаш ептен стравови од авион, ама па и тогаш ти советувам да ги пребродиш дека не вреди малтретирањево два дена да патуваш.

Мој предлог:
Одиш со WizzAir до Берлин, ако нема добра понуда ефтина во денот кој сакаш, или пак ако немаш воопшто понуда, тогаш види од Софија преку RyanAir, билет до Софија со бус ако немаш превоз за до таму, во два правци ти е триесет евра, во една насока 17,18 беше. Евентуално и да видиш од Солун со EasyJet имаш ефтини летови до Берлин, околу 15 евра во еден правец ти се летовите. Од Берлин до Луксембург easyjet имаат летови и за десет евра. Значи направи си математика како ти е најисплатливо да отидеш, а секако да имаш за денот кој ти одговара и да не треба многу да чекаш во смената на двата аеродрома. Би поминал од 60 до 120 евра според мене груба проценка за повратна, што е поефтино од било кој автобуски превозник.

Внимавај: Во Берлин имаш два аеродрома, ние сме поврзани само со Schoenefeld, од таму имаш до Луксембург преку easyjet.
 
Најубаво е со авион до Дортмунд, Франкфурт или Келн.

Имаш и автобус или комбе до неколку градови во тој дел на Германија.
Автобус до Виена или Линц, па после имаш воз до Луксембург.

Наместо со авион да се возиш 3-4 саата ти вози се најмалку 24 саата со автобус, камион или воз.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Скопје-Франкфурт Хан со WizzAir, и има Flixbus што иде директно од тој аеродром до Луксембург, само треба да видиш како е со распоредот, дали би ти одговарало.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom