- Член од
- 19 ноември 2014
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 5
Има ситуации во животот кога ќе ја изгубите саканата личност, поради некои причини. Можеби еден ден болката ќе помине, можеби ќе ја заборавите таа личност или само човекот се навикнува да живее без таа личност... Како човек може да живее понатаму во животот а да ја сака таа личност покрај себе, но ја нема. Не знам, каков ќе биде тој живот, ако тоа чувство е неподносливо. Животот нели ја изгубил смислата. Секогаш да живееш со копнеж... Каков ќе биде тој живот. Како човекот да се помири со тоа. Нормално, ќе влезеш во брак, ќе имаш деца, нема да бидеш преокупиран со таа личност постојано. Ама копнежот е уште тука. Значи ли тоа цел живот ќе ти биде несреќен? Затоа што не знам како може некој да живее спокојно ако има неизгаснат жар и копнеж во срцето. Може да се залажуваш само и да се трудиш дека животот оди понатака, животот навистина ќе оди понатака, но дали е тоа живот ако душата ти гори. А најлошо од се, ја гледаш личноста што си ја сакал и е несреќна во животот а ти не можеш да и помогнеш. Не можеш ништо да направиш да ја заштитиш, а сакаш и те боли тоа што е несреќна. Ниту да кажеш, ниту да сториш нешто. Ќе умреш со копнежот во тебе. Само еднаш се сака вистински се друго е залажување или не е така? Не верувам два пати да се сака вистински. Дали навистина забораваме или само се навикнуваме на тоа, а можеби само го залажуваме мозокот.
Последно уредено:



