Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Успеав да дојдам на две во денот. Ама овие две не ги давам, сега за сега. Едната ја користам како смирување на инстант нервоза предизвикана за време на работа. Втората ми е хедонизам. Неа ја користам пред крајот на денот, кога ги сумирам впечатоците. Најчесто или сам застанувам на тераса со кафе или во друштво на омилената ми личност. Ја немам онаа потреба како порано, не чувствувам некоја привлечност, едноставно не се поднесуваме како порано. Постепено ќе настојувам да ги укинам и овие две. Но за тоа со тек на време.
Држете се, можете и ќе дојдете до крај. Победата сам над себе е мачна ама неверојатно слатка.
 
Пријатно сум изненаден колку всушност кајганџии се обидуваат да ги откажат цигарите. Навистина изненадувачки, нели?

Овие два дена се чувствувам прекрасно, не чувствувам потреба да запалам ниту со кафе, кризи немам, полн сум со енергија, не сум уморен и поспан. Ви го препорачувам на сите водичот кој го постави Вертер,неколку страни поназад на темава, баш ќе ви даде правец во оваа тешка борба и инстант мотивација.

Каков дволичен кретен сум, дури почнав и да им мрчам на колегите пушачи,демек у стилот ми смрдите:pos: За ќотек сум,знам:icon_lol:
 
Успеав да дојдам на две во денот. Ама овие две не ги давам, сега за сега. Едната ја користам како смирување на инстант нервоза предизвикана за време на работа. Втората ми е хедонизам. Неа ја користам пред крајот на денот, кога ги сумирам впечатоците. Најчесто или сам застанувам на тераса со кафе или во друштво на омилената ми личност. Ја немам онаа потреба како порано, не чувствувам некоја привлечност, едноставно не се поднесуваме како порано. Постепено ќе настојувам да ги укинам и овие две. Но за тоа со тек на време.
Држете се, можете и ќе дојдете до крај. Победата сам над себе е мачна ама неверојатно слатка.
Браво.
Јас до 15 цигари на ден дојдов и тоа го сметам за успех:)
Неможам без цигара наеднаш, сега идам на втора варијанта да ги намалувам, па се надевам ќе те стасам за некој ден.
 
А плус скапи се и цигарите таму, така да, сакала-нејќела ќе мораш да се откажеш.:icon_lol:
 
Нема ни да можеш наеднаш. Така само ќе си направиш кризи и ќе се зезнеш сама. Оди на намалување на следниов начин. Денес ќе испушам само 10 цигари. Распореди ги за цел ден тие, од сабајле до вечер. По некое време намали ги на 8 и така ќе ги елиминираш постепено. :)
 
А плус скапи се и цигарите таму, така да, сакала-нејќела ќе мораш да се откажеш.:icon_lol:
Да можеа мене пари да ме откажат од цигари, лесно ќе беше и за други работи :)
 
Е вакви видеа треба за кампања против пушење :icon_lol:
 
Јас искрено се стабилизирав на пакета и пол на 24 часа и тоа пред 10 и кусур години. Не дека пробав да ги намалам, нити да ги зголемам туку сум заклучил дека тоа сега засега ми е оптимална количина на витамин Н, и си се чувствувам исто како и пред 10 и кусур години. Нити тогаш нити сега неможам да истрчам 10 км, нити тогаш нити сега сум сакал да истрчам 10 км и нити тогаш нити сега сум сметал дека имам потреба да истрчам 10 км. И најбитно нити тогаш нити сега нити една владина реклама и кампања ( и не само владина ) не ми влијаела на мојот став во врска со пушењето или било што друго. Можеби сум тврдоглав и не примам ука од други или едноставно си имам свое јас за да некоја си реклама или видеоклипче нарачано од некој таму да ми влијае на мојот начин на живот и размислување.
 
Ова е многу тешко. Се борам од утро до мрак. Се чувствувам како наркоман. Три дена сум на мин цигари, првиот изгурав до 3, два дена палам само по 8 цигари. Ова е тешка психа. Јас или сум лигуш или вие не сте биле страсни пушачи. Јас ги сакам цигарите, јас уживам во нив. Ваков спој на нервоза и рамнодушност сум немала до сега. Како да се борам со некој ѓавол во мене и потоа ми станува сеедно. Незнам од каде црпите сила да продолжите, денес на сите се дерам. Зарем ако стасам до 0 ќе треба двајца да убијам?
 
Размислувај цело време дека некој дебело те заебал, и немој да пушиш од чист инает.

;)
 
Ти побрзо ќе го изгубиш здравјето од нервоза отколку од цигарите :D затоа пуши си и не се замарај.
 
Е баш ваква сум и самата, прво едно си зборам за 5 мин друго :D
 
Ова е многу тешко. Се борам од утро до мрак. Се чувствувам како наркоман. Три дена сум на мин цигари, првиот изгурав до 3, два дена палам само по 8 цигари. Ова е тешка психа. Јас или сум лигуш или вие не сте биле страсни пушачи. Јас ги сакам цигарите, јас уживам во нив. Ваков спој на нервоза и рамнодушност сум немала до сега. Како да се борам со некој ѓавол во мене и потоа ми станува сеедно. Незнам од каде црпите сила да продолжите, денес на сите се дерам. Зарем ако стасам до 0 ќе треба двајца да убијам?
ако си решила тогаш главата горе, обуздај ги “хормоните“, и не се убивај со тоа “леле ама ми фали“ и сл фрази.
а ако си само во пробна фаза, тогаш најубаво не се залажувај и пуши си и понатаму.
П.С. се надевам дека откажувањето е само заради тоа што сакаш, а не заради здравствени проблеми
 
Лесно и едноставно, од утре не пушам и готово. Без разлика колку сте навлечени на нив мора со психа да се проба, се друго е глупост и џабе.
И ако успеете да ги откажете наеднаш, желбата нема да се изгуби и по 1-2 години пак фаќа иштав за да запалиш, али тогаш е најубавото, не сте навлечени на нив а можете да си чурнете по некој без да ви станат повторно завист, ова за мене кажувам, најубаво ми е тоа. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom