Како да се дојде до девојка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Факе
  • Време на започнување Време на започнување
Сериозно, зошто ви е толку голем проблем да дојдете до девојка? Се однесувате како да е невозможна мисија. Очигледно проблемот не е до жените, него до вас. Милион теми се отворија за „мистеријата“ наречена Жена, мислиш ја бараме смислата на животот, а толку е едноставно...

Кога човекот се плаши од ситуации кои не представуваат опасност по неговиот живот се дефинира како анксиозност.Онаа социоанксиознот која на старт е страшно зезната(нерационално однесување,минд блок,типични некоординирани и нерационални гестикулации со раце,нозе,тахикардии,потења...).Јебига,треба искуство а искуството се стекнува.За да научиш да пливаш,треба прво да скокнеш во водата.
Обично човекот кога неможе да се справи со таквите проблеми си наоѓа утеха во самооправдувањата и филозофирањата зошто всушност не можел да го направи тој потег или таков пристап или пак зошто имал неуспех,така и со машко-женските релации.
Најважен е стартот и тука сметам дека лежи целиот клуч.Тука,цели филозофии и оправдувања на прашањата :зошто?Како? и слично,небаре математички функции се решаваат.
Ако ви се допаѓа девојката,многу едноставен пристап и искреност(бидете свои,како сака нека ве перцепира дотичната).Ако има некоја хемија,искра и слично ќе ја бидне,ако нема ќе бркаш друго.Но хард филингс....
 
Проблемот е во тоа што повеќето девојки ја гледаат финансиската корист. Чим немаш пари,кола итн, девојката веќе со други очи те гледа.Кај повеќето нема љубов туку само корист. Затоа велам секоја чест на исклучоци
 
Со трска и јадица, само гледајте да не ја закачите за врат се лежи затвор за такви работи.....
 
Јас преку темава сфатив дека маживе се опседнати со пари. Бидејќи својата немоќ секогаш ја префрлаат врз жената.
 
Јас преку темава сфатив дека маживе се опседнати со пари. Бидејќи својата немоќ секогаш ја префрлаат врз жената.

ќе го избришеш постот или да бидам вулгарен малку :)
 
Јас преку темава сфатив дека маживе се опседнати со пари.
Не, туку децата се опседнати со пари - во превод - то е нешто шо го немаат. А и да ги имаат, ќе најдат некоја друга препрека.

Бидејќи својата немоќ секогаш ја префрлаат врз жената.
Јас би рекол врз друг. Ако не е жената, ќе се нади типот со БеЕмВе-то, Мерцедесот, викендичката во маврово, лошиот другар, кучката другарка на дотичната и тн. Битно не е на нивни грб.
 
ќе го избришеш постот или да бидам вулгарен малку :)
Биди маж и одговори како Џиш, тоа е реалноста :)
Е сега Џиш е сурово искрен и не ви одговара муабетот. Оти он никад не се пожалил дека трчаат по пари? Или го избегнувале него? :D
 
Биди маж и одговори како Џиш, тоа е реалноста :)
Е сега Џиш е сурово искрен и не ви одговара муабетот. Оти он никад не се пожалил дека трчаат по пари? Или го избегнувале него? :D
реалноста е дека направивме болно општество.....

инаку се премислив,не ти го правам ќеифот ниту јавно ниту по ПП :P ;)
 
Не, туку децата се опседнати со пари - во превод - то е нешто шо го немаат.А и да ги имаат, ќе најдат некоја друга препрека.

Ова и ова не одат.Не можеш да тврдиш однапред нешто што не знаеш.
 
Ова и ова не одат.Не можеш да тврдиш однапред нешто што не знаеш.
хах, можи незнам времето утре какво ќе биди. Лиглиња знам миљарда. И секогаш ќе си наоѓаат рачки, за друг да им е крив за нивните неуспеси.
 
Јас преку темава сфатив дека маживе се опседнати со пари. Бидејќи својата немоќ секогаш ја префрлаат врз жената.
Досадно вечерва? :icon_lol:

Нема врска тоа со парите. Еве мене мерак ми се прави домазет да се сторам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom