Се загушила од тебе пријателе

Не сака да ја шета Европа, сака слобода, да го проживее животот слободна за последен пат дур е млада, да се пронајде себеси

Знаеш, работите кои можеш да ги правиш на 20+ години, не можеш да ги направиш на 40. Можеш, ама не е ист филингот. Долга врска започната во вашата возраст најчесто завршува со класичен распад од твојот тип или со брак. Неизживеаност, не прифаќање на фактот дека мора да се откажеш од некои работи кои си ги имал кога си бил без партнер, тешкотија со соочување на живот во брак, криза на дваесетите години, одбери си кој сакаш од овие фактори покрај милион други кои можат да бидат причина за прекинување на врската. И девојчето секогаш ќе те сака и почитува (веројатно како другар), ама едноставно сте се фатиле во погрешно време од животот.
Во ваква ситуација нема виновник и не барај објаснувања. Виновна е само ако зад овие причини крие нешто друго за кое она е директно крива

Секој во ситуација како твојава би се запрашал каде згрешив во врската, ништо не сум направил погрешно, ништо витално не се случило за истата да прекине, а на љубовта и дошла крајот? Крајот некогаш доаѓа и самиот од себе, доколку едниот во врската (или двајцата) се во фаза на пронаоѓање на себеси, а некогаш се случува и од гушење предизвикано од тоа што едниот во врската премногу се однесувал како партнерот да му е целиот негов свет. Изненадувачки, ама некои се плашат да останат со партнер кој сака веднаш да го реши секој проблем, партнер кој е секогаш заштитинички настроен, па дури и ако има премногу разбирање за секоја погрешно направена работа на другиот

Како да преболиш? Преболувањето се одвива правопропорционално со времето. Како што минува повеќе време, се повеќе и повеќе ќе избледуваат мемориите и полесно ќе ја преболиш. А колку време ќе ти треба, може да бидат и 10 години, а можеби и никогаш нема целосно да ја преболиш.
Едниот мора да го крка на крајот од ваква врска.
Deal with it, со лесно