Здраво на сите форумџии и форумџивки на сајтот! Како прво сакам да ви се претставам! Имам 16 години и како сите тинејџери имам милиони проблеми, но најголемиот од нив е мојата сексуална ориентација! Нема да должам многу и накратко ќе ви објаснам се!
1. Премногу ме привлекуваат машки и имам сексуални фантазии со мажи
2. Се заљубувам и во девојки, но поретко се случило (а можеби и никогаш) да ми се дигне на девојка, инаку сакам да имам секс и со девојка
3. Се чувствувам премногу лошо, т.е. не сакам да сум тоа што сум денес-не сакам да бидам ГЕЈ!
Ве молам кажете го вашето мислење. Ве молам дајте ми некој совет, што да правам, што да чинам...:nesum: Каде да се обратам, каква терапија да примам без да дознае некој!?
Здраво, ангелско момче.
Како прво, ти се восхитувам што на таа возраст си толку храбар да споделиш една толку интимна работа како сексуалноста, со нас (повеќето сеирџии, ама ај).
Од напишаното, се гледа дека интелектуално веќе си зрела личност, интелигентна и паметна. На возраст си каде сите мечтаеме за иднината, за тоа што ќе бидеме по професија, што сакаме од животот... Верувам, тука имаш многу планови.
Од друга страна, како здраво и право човечко битие, во тебе врие младешката крв (не дека јас сум кој знае колку повозрасен

) “Проблемот“ кој го изнесе погоре, најверојатно во моментов е во судир со твоите стремежи од себе да направиш некој и нешто, да постанеш успешен и почитуван член на нашето, какво-такво, општество. Се прашуваш: “Јас вредам, јас можам... но што фајде од тоа ако сум геј? Џабе ќе ми биде се’ во животот, ако другите не ме почитуваат, уште пострашно, ако ме осудуваат и ако ми се потсмеваат заради тоа што, можеби, сум.“
Како прво нешто кое треба да го знаеш (а најверојатно го знаеш), е дека сексуалните ориентации, стрејт, би и геј, се природни манифестации на човековата сексуалност. Еден стрејтер не е ништо повеќе човек од еден би или геј, ниту пак има повеќе интелектуални способности од другите.
Проблемот со хомофобијата кај нас, лежи само и САМО во неинформираноста на нашите граѓани.
Од мене само ова: не брзај да имаш секс. Остај си доволно време за да сфатиш што сакаш. Грешат тие што мислат дека со експериментирање ќе дознаат што сакаат. Можеби мислиш дека тоа што го осеќаш сега, е преодна фаза, нешто што ќе мине со текот на времето. Може те советувале да имаш секс, мнооогу секс со девојки, како начин да ги закопаш “чудните нагони и желби“. Грешка. Само повеќе ќе западнеш во конфузија, а желбата се повеќе и повеќе ќе се зголемува, па денот кога ќе треба да си ја признаеш себе си вистината, ќе ти биде уште потежок. А ако сфатиш дека си геј, верувај, само ќе се каеш за девојките.
Остави си време. Не брзај. Комуницирај и со девојки, и со другарите. Ако се изолираш од едното, само ќе си направиш штета себе си. Не мора да имаш секс за да знаеш што си. Тоа е нешто внатрешно кое те носи со сета сила. Тоа е нешто убаво, без разлика што е. Кога некој/а ќе засакаш не заради сексот, туку заради тоа што е како целокупна личност, тогаш и ќе сфатиш кој си и што сакаш.