Како да избегнете караници на заедничкото патување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.539
Поени од реакции
35.639
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дали ќе одите на викенд некаде настрана или планирате подолг заеднички одмор, сосема е неважно, бидејќи ако не сте подготвени соодветно, конфликтните ситуации многу лесно можат да се случат. Особено ако ви е прво патување заедно.

kako-da-izbegnete-karanici-na-zaednichkoto-patuvanje-78556.jpg


Патувањето заедно со саканата личност може да биде прекрасно, романтично, неповторливо, да поминете заедно незаборавни моменти кои ќе останат да сведочат во вид на слики од две насмеани лица. Но, што се случува за време на „рекламите“, кога апаратот не слика? Патувањето во пар може да биде доста поучно искуство, но дали ќе биде позитивно или негативно, зависи од многу фактори.

Колку долго сте во врска?

Заедничкото патување е одличен начин да се тестирате како пар, колку сте компатибилни и колку можете да успеете, истовремено да предвидите колку сте подготвени за сериозна врска. Што подолго се познавате и сте заедно, тоа полесно ќе можете да предвидите некои ситуации и одредени конфликти да ги избегнете. Но, ако сепак сте „свежи“ и сè уште откривате ситници еден за друг, заедничкото патување ќе може да ви помогне да откриете многу повеќе за многу пократок период. Сепак, за да не се најдете „заробени“ во безизлезна ситуација, за почеток одберете некое пократко патување.

Која е целта на патувањето?

Различни личности имаат различни приоритети на едно патување или посета на некое место, како и различни дефиниции за тоа што е одмор. Можеби вие имате желба да ги посетите сите значајни места во градот, да ги прошетате сите споменици и музеи, а никако да не го запоставите и шопингот, додека за вашиот партнер идеално патување е да седи по ресторани и да не прави ништо.

kako-da-izbegnete-karanici-na-zaednichkoto-patuvanje-78557.jpg


За да не дојде до караница, предоцна за да можете да реагирате, уште пред да заминете, договорете се околу приоритетите на вашето патување. Проверете дали вашите желби ви се поклопуваат или ќе биде потребно да направите компромис.

Кој за што е задолжен?

За да не испадне патувањето одмор за едниот, товар за другиот, неопходно е да направите поделба на улогите - кој е водич, кој управува со финансиите, кој се грижи за што интересно да правите во слободното време. И двајцата сте заминале надвор од градот за да се релаксирате и одморите, што значи дека никој не е задолжен за сите ситници околу патувањето.

За да не дојдете во ситуација некој од вас да „пукне“ или да почнете да си префрлате за (не)ангажираноста, направете ја поделбата пред време. На пример, вие можете да бидете задолжени за изборот на дестинација и превоз, а вашиот партнер за изборот и организирањето на излетите таму.

kako-da-izbegnete-karanici-na-zaednichkoto-patuvanje-78558.jpg


Колку ќе имате слобода и време за себе?

Во зависност колку се познавате и колку време сте заедно, треба јасно да одлучите што е дозволено и што нема да му смета на другиот. Дали, на пример, мора секој момент да го поминете заедно или сосема ќе биде океј вие да прошетате по продавниците, а вашиот партнер да гледа фудбал сам и пие пиво. Или, дали во ноќните излегувања е во ред да се запознавате со други луѓе или некој од вас ќе остане да спие во хотелското фоаје.

Ако сепак дојде до караница

Без обѕир на сите подготовки и договори пред патувањето, сепак може да се случи да дојде до конфликт. Во тој случај, најважно е и двајцата да останете со ладни глави и да побарате решение на смирен начин. Не дозволувајте некоја ситница да ви го расипе одморот и од него да се вратите со непријатни сеќавања, а не дај боже, без партнер. Ако сепак се работи за некоја поголема работа, направете напори да ја решите. Заедничкиот одмор не е прилика да глумите тврдоглавост, инает или „цврст карактер“.

Запаметете, одморот во двојка може да биде волшебен и да ви ја зацврсти врската, но само ако претходно направите подготовка. Во спротивен случај, и двајцата ќе си ги покажете „роговите“ и на крај, не само што нема да си поминете убаво, туку можеби и ќе сфатите дека не сте еден за друг.

виа Кајгана

Какво е вашето искуство од заедничките одмори со вашиот партнер или вашата партнерка?
 
Патувам сама или со друштво, никако со партнер. Преку глава ми е кога одам на шопинг некој да ме брза, кога запознавам нови луге некој да се мурти од страна, кога ке се опуштам некој да се обидува да ми го сврти вниманието и мразам кога ке инсистира на секоја фотографија да сме заедно гушнати.
Сакам да патувам и сакам максимално да уживам во патувањата, а не да го губам времето во расправии
 
Запаметете, одморот во двојка може да биде волшебен и да ви ја зацврсти врската, но само ако претходно направите подготовка. Во спротивен случај, и двајцата ќе си ги покажете „роговите“ и на крај, не само што нема да си поминете убаво, туку можеби и ќе сфатите дека не сте еден за друг.
Заедничко летување е добар тест за оние кои намислиле да влезат во брак. Ако за 10-15 дена не можат да се истрпат и ако со тие малку заеднички обврски доаѓа до конфликтни ситуации (посебно на одмор во камп, шатор илисоба...), тогаш стварно треба да размислат дали се еден за друг.
 
Ние до сега никогаш не сме се искарале на патување, всушност исто се однесуваме и дома и на одмар, така што ако за некоја работа би се искарале дома тогаш би се искарале и таму, а некои дополнителни кавги немало.
 
У принцип не сум ќибритлија :pos: знам да попуштам за многу работи, посебно кога сум некаде на одмор. Не сакам да терам некој да ги исполнува само моите желби за одмор, пошо ја нели сум на одмор, а другиот на шо е - на замор? Компромис е најдобар пријател на една врска. Нормално доколку имате и таков партнер. Затоа што никој не сака да му се познаваат рогови од 100 км пошо цело време попушта, за мир у куќа. Околу финансии се договарам пред одмор и првото стигнување на предвиденото место се става заеднички дневен буџет и се ужива. Не ситничарам дали некој со заедничкиот буџет ќе купи 10 пива а ја еден сок, па да се киселам околу тоа бидејќи никој не ми забранил и ја да пијам исто толку пива/сокови....
И крај краева одам на одмор да се одморам, а не да се замарам со глупости и расправање. Гледам секој момент да уживам со партнерот, а и тој исто.
 
Дај и ја твојата кредитната картичка на неа и нема да има каранци на заедничкиот одмор. :D
 
редовен и квалитетен секс е клуч за добар заеднички одмор
Да ако се работи за летен одмор...сонце,вода,плажа,тркалање по жешкиот песок, секс на плажа во доцните часови
 
Да ако се работи за летен одмор...сонце,вода,плажа,тркалање по жешкиот песок, секс на плажа во доцните часови
шо му фали и на зима, топла соба голем прозорец со поглед на снежни планински врвови и иглолисни шуми, вее снег госпожата навалена со раце се држи за радијаторо кај џамо, јас зад неа ... гледаме двајцата у природна лепота...
 
Од моето искуство, можам да кажам само дека другите што оделе со нас биле причина за некоја кавга меѓу мене и мојот партнер... али тоа е нормално кога се оди со друштво на одмор.. посебно мора да се внимава со кое друштво се оди. Ако пр одам со негово друштво.. тогаш секако очекувано е тој повеќе да се секира за тоа дали на сите им е се погодено и како се чуствуваат.
Јас знам дека кога сум била со мое друштво, јас нон стоп бев таа што размислуваше за сите .. како би се чуствувале кога би отишле на некое место.. дали сите би биле задоволни... дали би се согласиле... што ако не се согласат. Секогаш се грижам за ситниците и предвреме средувам некои работи, така да ја мислам дека ретко може на другите да им бидам замор и да ги терам да прават нешто што не сакаат :D
Поделбата на обврски секогаш е добра за да не дојде до несакани ситуации...
 
Кога сме оделе сами никогаш не сме се карале, напротив сме се глупираме до бескрај и сме уживале. Али ако се оди два пара и слични комбинации сме се носеле во пичку матер за 5 секунди. Зависи на кого му е поблизок парот кој идел со нас, тој редовно го јаде оти се става во средина нали сите да бидат задоволени. Два карактери на едно место неможат, а не па четири.
Особено ако се погоди девојката на другар му пациентка која ја влече колку да има со кого да оди, па да мораш да ја чекаш госпоѓата 5 саати да се спреми за на плажа, за на ручек, вечера или за испаѓање, чир ќе ти пукне.
 
Ако се познавате подобро ќе нема караници, знаеш веќе што сака што не, и ќе се возджуваш нема да го правиш тоа што тие е во главата а и таа исто.
А како што пиша членот над мене имав јас ист случај минатото лето на одмор бевме два пара и после два дена седење куферите и на друго место се преселивме, не се издржуваат такви луѓе у пм. Одеме на плажа сами зашо сте отиделе, зашо таква вечера, зашо креветот ви крцка не можеме да спиеме........... и утредента се со напрчени муцки ајт деф. :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom