Што би превземале доколку се случи ова?Ајде малку поконкретно
Кога живееш во одредена заедница каде што владеат конзервативни правила, или барем владееле добри 17 години додека си го градел карактерот, имаш избор, комплетно да ги прифатиш или отфрлиш влијанијата, не е возможно да останеш неподложен.
Мене, лично, ми се има изиграно еднаш во животот тоа сценарио, на кое кога сега ќе погледнам наназад моите ми го спасија животот со таа нивна конзервативност во буквалната смисла на зборот.
Можат многу работи да се превземат, јас заминав од дома со намера да не се враќам за да го покажам револтот и да го истерам своето.Истиот ден ме собра полиција и ме врати дома после сослушување во станица.Убедливо едно од најлошите и најкорисните искуства во животот, зошто, за да покажам дека се грижам за врска со човек кој што беше неспособен за функционирање, а не за нешто друго.Но, со моите тогашни 16 години имав поинаква перцепција на светот и го направив „незамисливото“ во чест на „љубовта“ со наркоман.
Сега, сепак стојам на тоа дека, иако ситуацијата ми е премината од конзервативна до либерална, моите секогаш имале причина зошто не ми дозволувале одредена релација.
Со тек на време, ме оставија и сама да бидам по кои патишта ќе одам, но регулацијата како таква сепак ја има во некоја поблага форма.
Да пораснеш е тежок процес (јас сама го немам завршено), но кога некој што те сака најмногу на светот има добри причини за да ти забрани врска, можеби треба да ги разгледаш аргументите.
По 2 години, ќе излезе дека бил во право.:wink: