Како без визи во Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата xovani
  • Време на започнување Време на започнување
ако имам дупли јузер, ќе ме банираат, тебе qr да не те боли, ако го имаш.
ако ти си протестирал, јас ќе организирав востание до сега. титулата и стажот на форумов не те прават попаметен. всушност, тебе тешко дека постои такво нешто што може да те направи попаметен. немаш потенцијал. а јас револт сум изразувал на улица, и сум банирал таму каде што треба. и за крај, не си ти тој што ќе диктира каде се изразува револт пуританец еден неразбран.
доста одев offtopic, порасни па седни на интернет (ПАК да не бидам сфатен буквално, оти гледам ти оди тоа, може имаш и над 30 години, ама некако џабе ти се, недораснат си за grown-man talks). чибу

Немој да се расплачеш, ајде направи протест и покажи ни како се прави тоа half-grown idiot.
protest4x.jpg
 
добро...докажа дека те бива за сурфање и copy/paste.разбираш google.
откачи се сега. МРШНИК

make me :)

Моја сопственост се сликите,а ти немора да се прикриваш зад 2ри јузери. Очигледен е комплексот, на тој што стои позади никот.
 
Не треба да им се суди на луѓето со зеле бугарски пасош,повеке треба да им се суди на овие кој успеа да не доведат до просјачки стап.
Луѓе абе народот нема леб да јади 6.000 денари плата а се се покачува фабрики се затвараат а ние ке се коламе кој каков пасош земаал па нормално дека ке зема кога нам македонците не третират како лебарки и ни измислуваат нови правила и правила во недоглед..
Kade e garfild (administratorot) da go komentira ("banira") ova mislenje?



Како второ, не, не ме познаваш, и додека ја сум протестирал ти чекаше бугарски пасош.

Ако малце ти сечеше, ќе прочиташе дека не сум јас тој што дели банови овде.

И како трето, за дупли јузер се банира, не според мене, туку според правилата на форумот.

.


Така револтот можеш да го изразиш на улица, пошто не е тука местото.[/quote]

Tochno ti ne si toj shto deli "ban" Garfild me banira....Chovekot ( c.r.e.a.m) pisha samo ti sam se javi....kako zasegnat...



make me :)

Моја сопственост се сликите,а ти немора да се прикриваш зад 2ри јузери. Очигледен е комплексот, на тој што стои позади никот.

Flamingos...Neka ti kazhe tvojot prijatel garfild deka se razlichni ip vo isto vreme i deka ne stanuva zbor za ist user...ako si pameten ke vidish
deka stilot na pisuvanje ne e ist...:tapp: ti me natera da napravam ushte eden user...ovoj -velesanec 123. garfild ke ti potvrdi deka velesanec i velesanec 123 e edno IP i so drugite nema vrska....ama neshto go nema....:uvo:
 
Човекот Кремче 100% е постар член на форумот, кој специјално ме цитираше мене.

Има многу манијаци кои шетаат по профили и пцујат :)

На почетокот мислев ти си, бидејќи експресно се креираше човекот Кремче.

Уствари.. ху керс, болни мали души има насекаде. Сами ќе си се пронајдат, а доколку имаат некоја загарантирана привилегија на форумов.. ќе им оставам простор, потоа среќно. :)
 
Човекот Кремче 100% е постар член на форумот, кој специјално ме цитираше мене.
Има многу манијаци кои шетаат по профили и пцујат :)
На почетокот мислев ти си, бидејќи експресно се креираше човекот Кремче.
Уствари.. ху керс, болни мали души има насекаде. Сами ќе си се пронајдат, а доколку имаат некоја загарантирана привилегија на форумов.. ќе им оставам простор, потоа среќно. :)

за банот велешанец е во право, штом не си банирал, оти се замеша ти, не остави гарфилд или шо знам кој да галами?тебе те цитирав за тој дел кај што тој заебал...а и секако не си бил кадарен да ми одговараш на некои прашања кои беа упатени до тие што имаат некаква "власт" на форумот.
се најубаво револуционеру голем. туку...знаеш, жал ми е за македонија оти ја газат такви како тебе...ама тоа е, додека не најдат лек, ќе те гледаме/слушаме/читаме.
џенем сеа, ја израсипа темата.
ајт
 
ја израсипа темата.
ајт

Mozhe prvpat mu e...tradicija e taa rabota kaj nego i kaj istomislenicite negovi...a nema muabet od niv i od nego pod hitna postapka dobivash rasipan muabet.

P.S. Na toa protestite gleam sakale da zhiveat vo Makedonija...Pa kaj mozhe da zhiveat po vlez na EU i NATO.Bog da chuva..shto li ne kje izmisli VEMERO.
 
Сега никако одење до 2010. Не знам дали прочитавте, мислам дека беше во денешен Дневник, дека Европската комисија или кој и да е надлежен за визното олеснување, каснела со својот извештај, бла бла бла, и дека не треба да очекуваме визно олеснување пред 2010 година. Е ај сеа :tapp:
 
Сега никако одење до 2010. Не знам дали прочитавте, мислам дека беше во денешен Дневник, дека Европската комисија или кој и да е надлежен за визното олеснување, каснела со својот извештај, бла бла бла, и дека не треба да очекуваме визно олеснување пред 2010 година. Е ај сеа :tapp:

Хехехе,абе се знаеше дека нашиве ќе измислат некоја нова “топла вода“ како оправдание за визите.:pos2:
 
Еве го текстот во целост:

Пропаднаа најавите од Брисел дека македонските граѓани ќе патуваат без визи во ЕУ од средината на наредната година. Причина за тоа е доцнењето на прелиминарниот извештај на Европската комисија (ЕК) за остварените реформи неопходни за слободен визен режим, кој беше најавен за почетокот на ноември. Доцнењето, комбинирано со долгата европска процедура за префрлување на една земја од црната на белата шенген-листа и европските избори во јуни 2009 година, ќе го пролонгираат рокот за слободен визен режим за повеќе месеци. Истовремено, визната либерализација за Балканот не е популарна тема во Франција и во Германија. Таму стравуваат дека по балканскиот пример и други земји би можеле да побараат слободен визен режим, па се исклучително претпазливи пред да дозволат да се направи чекор напред во оваа област.

- Германија се согласува да почне дијалог за визна либерализација, но нагласуваме дека строго се придржуваме до исполнувањето на поставените услови. Без напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата, визната либерализација е неприфатлива - вели портпарол на германското Министерство за внатрешни работи. Тој додава дека од тие причини не може да дадат конкретен датум од кога Македонија би се нашла на белата шенген-листа.

Портпаролот истакна дека Германија веќе избрала седуммина свои експерти што ќе го проверуваат на терен напредокот во контролата на границите, безбедноста на документите, но, пред се', борбата против корупцијата и организираниот криминал. Овие експерти нема да се раководат само од извештаите на невладини организации како, на пример, „Транспаренси интернешнел“ за ситуацијата со криминалот и корупцијата, туку конкретно ќе ја проверуваат состојбата.

Словенечкото претседателство на ЕУ и на ЕК во почетокот на годинава планираа Советот на министрите во декември да ја поддржи визната либерализација за Македонија и, најверојатно, за Србија. Меѓутоа, набиениот календар на ЕУ, доцнењето на прелиминарниот извештај на ЕК и француско-германската колебливост водат кон неминовно одложување на процесот.

Според плановите, својот прелиминарен извештај за напредокот на реформите во оваа област ЕК требаше да им го достави на Македонија и на Србија во првата половина на ноември, по што се очекуваше француското претседателство да закаже состанок на Комитетот за Западен Балкан во ноември.

Сега овој план е неостварлив и состанокот на експертите и на претставниците на земјите-членки нема да може да се одржи пред декември. Поради тоа ќе доцни и испраќањето експертски тим во Македонија, кој на терен треба да го провери функционирањето на техничкиот напредок за визна либерализација. Извор од ЕК за „Дневник“ потврди дека експертите нема да допатуваат во Македонија пред средината на јануари. ЕК се обиде да влијае врз француското претседателство што побрзо да бидат разгледани прелиминарните извештаи за да можат експертите да отпатуваат во регионот пред крајот на годината, но безуспешно - вели бриселски дипломат.

Европската визна процедура е долга. Откако ЕК ќе излезе до крајот на месецов со прелиминарниот извештај, документот треба да биде разгледан во работната група за Балканот на Советот на министрите. Неколку седмици подоцна експертите можат да заминат во мисија на евалуација на реформите, по која ќе изработат свој извештај за напредокот. Врз основа на овој документ ЕК ќе изработи предлог до земјите членки за промена на регулативата со која Македонија од „црна“ се префрла на бела шенген-листа. Овој предлог мора да мине низ работните тела на Советот на министрите пред да му биде испратен на одобрување на Европскиот парламент. Дури по зеленото светло на ЕП земјите-членки може да ја донесат конечната одлука за слободен визен режим со Македонија.

Опишаната процедура не може да заврши пред април 2009 година, кога се распушта сегашниот состав на ЕП и влегува во изборен циклус. Новиот состав на ЕП ќе биде оперативен дури во октомври в година. Тоа значи дека македонското визно досие најверојатно ќе ја почека 2010 година. Во Брисел прецизираат дека помеѓу балканските земји Македонија е „реформската ѕвезда“, која сосема сигурно ќе биде прва на списокот за либерализација, но дека ЕУ мора да ја следи утврдената процедура.
 
А шо правеме вака ако европа касни а не ние?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom