Какао

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Какаото се сврстува во категоријата супер храна бидејќи е богато со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси.Содржи антиоксиданси за три пати повеќе од црвеното вино, дваесет пати повеќе од зелениот чај и десет пати повеќе од боровинките. Овие вредности се однесуваат на сировото какао (дел од нив губи при подготовката, а претходно при неговата преработка за да се добие како краен продукт односно прашок).
Какаото е едно од најздравите овошја кои човекот ги консумира. Содржи големи количини железо затоа се препорачува да го внесуваат луѓето кои се анемични.
Cocoa_Pods.JPG

Содржи магнезиум и хром, а токму тие овозможуваат балансирање на шеќерот во крвта што значи какаото е совршено за дијабетичари.Богато е и со цинк и омега 6 масни киселини.
crop_sm_Cocoa-Beans.jpg

Какаото дава енергија и е едно од најдобрите артикли што се препорачуваат за губење на килограмите.
Содржи состојки кои ги зајакнуваат ноктите и косата, ја одржува кожата убава, врши детоксикација на црниот дроб и помага во работата на панкреасот.
Исто така помага да не дојде до згрутчување во крвта.
30118lrg.jpg

Имате ли навика шолјата кафе да ја замените со шолја какао? Колку често пиете какао? Кое какао ви највкусно?
 
Од какао се фаќа невиден запек. Чисто да си знаете. :cool:
 
Нејчу кафе пијана су какао :icon_lol:.

Инаку горчливоста на какаото е знак за сите здрави состојки, колку повеќе горчи толку подобро. Ацтеките го пиеле во комбинација со лути пиперчиња страшна работа.

Какаото го пијам без шеќер без млеко само вода и две кафени лажици какао прав.
 
И јас пијам по едно какао на ден баш ради антиоксидансите и железото, од кога почнав со оваа пракса има многу подобрувања во резултатите и здравјето :)
 
Штета што неам навика да го пијам... а низ дома сигурно иам едно 3-4 неотворени пакла.
 
И јас пијам по едно какао на ден баш ради антиоксидансите и железото, од кога почнав со оваа пракса има многу подобрувања во резултатите и здравјето :)
хмм секако кафе пијам само за друштво, ќе се свртам на какаво сега :)
 
Штета што неам навика да го пијам... а низ дома сигурно иам едно 3-4 неотворени пакла.
Ист проблем :(
Неам навика да пијам какао. Го користам само за у колачи/торти и еднаш годишно ако ми текне да сварам :D
Инаку највкусно какао е на Краш, а и од Кам - Алпико.
 
И јас си пијам секој ден какао по една шоља, ми се допаѓа и не наоѓам мана на вкусот штом го пијам.
 
Cokoladno kakao vo kombinacija so chili zacin:love:baska i cimet moze
Top za utrinska cirkulacija:D
 
Последно време го пијам многу почесто од кафе, со цимет или ванила.Овие две ми се фаворити моментално, некој инаков вкус е... само поретко ги наоѓам низ продавници
5900552006596.jpg

kandit_dessert_chef_kakao_prah_100_g_(2).jpg

а инаку од Витаминка стандард...
VitaminkaKatalogTehnichki_za-pecat-17.png


Нејќу кафе , пијан су какао!
 
Какао секоја ден, пред него креатин и пробиотско нешто дали расолница или комбуха и двете понекогаш, пред нив спирулина, после еден лимон цеден, па сода бикарбона, па мед. Па секоја ден различни јаткасти продукти зависи шо ден фстаци, индиски ореви, ореви, бадеми, лешнци или кикиритки. После од семиња семки од тиква, сончоглед лупен непечен или сусам. Од зеленчук или морков или тиква за бета каротенот понекогаш и компири. И овошјето на крај најмногу јаболка по нив банани, портокали и киви.....
 
Порано ко мал ко е лажеа..пиј какао,не кафе...опаш од кафе ќе ти порасне. Од кога пораснав престанав да го пијам.
 
Бидејќи не пијам кафе, кога одам по куќите на гости секогаш ми варат какао, а и дома како што мора да има во секое време кафе, така мора и какао.
Сите сум ги пробала, на краш е најубаво!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom