Кајганџики, ми треба помош околу избор на поклон

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување
@Mr.Bear, одличен и креативен поклон е тоа со беџовите. (y) Верувам дека баш си ја израдувал. Бтв 21 година полни
@Tegla , така не мора ни да ја ограничувам само од сити мол, може да и фрлам онака 50 евричи и да и речам да тркне до кој сака трговски и да си купи што сака. Но, веќе нагласив дека нема да и давам пари, ваучери, бонови. Исто така нема ни да гледам друг поклон освен обетки, тоа е решено.
Темата ја отворив за совет и помош околу дизајнот, формата, материјалот. Иако за вкус е тешко да се коментира, поготово за женски, драго ми е што конечно добивам предлози и совети. Фала ви многу. :)
@Кеплер , друже, ограничен ми е буџетот на максимум 3000 денари. За злато тешко дека би имало. :( А и не верувам дека би сакала да носи златни бидејќи веќе има исти, и останат златен накит и не сака да го погледне. Можеби бело злато би носела или сребро. Знам дека обожава циркони, кристали, дијаманти итн (од прстените што ги носи). Е сега ќе тркнам неделава до златарите да се распрашам околу цена и што нудат.
Од предлозите гледам дека овие ги имате предложено и се стварно преубави, а гледам има и доста од оние топчести, кружни (не знам како да ги наречам), па што мислите за овие? Знам дека ми се над буџет ама мене ми паднаа ептен во очи па затоа баш за нив ве прашувам. :D
Внимаваај со ваквите работи што се демек челик и сваровски елементи, купив такво нешто пред 3 години и за година дена отемни ланчето за никогаш да не го стави на врат повеќе.
Јас би играл со помалечки златари и некои обетки сребро или бело злато во комбинација со камчиња, има поситни обетчиња до кај 3000 ќе најдеш.
 
Од предлозите гледам дека овие ги имате предложено и се стварно преубави, а гледам има и доста од оние топчести, кружни (не знам како да ги наречам), па што мислите за овие? Знам дека ми се над буџет ама мене ми паднаа ептен во очи па затоа баш за нив ве прашувам. :D

Првите што ти ги предложија, да, убави се, јас би ги носела, единствено да не им е кругот огромен.
Вторите што тебе ти се допаѓаат, поскапите, ама ич не ми се допаѓаат искрено, штом веќе бараш мислење за модел. Не им ја разбирам замислата, никогаш не би ги носела.
 
Во право е MAJA345 можно е да им е преголем кругот, еве види како изгледаат на уво.

https://www.google.com/search?q=mor...AUIKigB&biw=320&bih=452#imgrc=0HRWJyYc0_ByvM:

Што значи пак мораш да излезеш и да ги видиш поубаво во живо тие што ти се допаѓаат, вака од слика поинаку изгледаат.
 
@devilko мене твоите што ги предложи многу ми се допаднаа и јас би ги носела.

Во врска со некој што спомна сваровски, јас имам обетки од сваровски веќе 2-3 години и сеуште се како нови (со оглед на фактот што моите не се за секојдневна употреба туку за посвечени настани).

Не знам дали си од Скопје, но ако си тогаш излези во стара чаршија и имаш продавнички каде што се продава сребро, исти вакви или многу слични можеш да најдеш и во сребрена варијанта, можеш да најдеш многу убави модели.
 
Може да и земеш сребрени филигран обетки, ама гледај да се убави и добро изработени.
 
Само да ви се заблагодарам за сите совети кои ги добив. Ми помогнавте многу.
На крај излегоа едни обетки малку поскапи од предвидениот буџет. Прошетав по златарите како што ми предложивте и се заљубив во едни обетки од бело злато со некои кристали на нив, кружни. Иако малку изледаат по елегантно и како за посебни прилики, не можев да им одолеам и ги купив.
Поклонот беше право изненадување за неа. Многу и се допаднаа и по повторното пробушување на ушите сега не ги вади воопшто. Сега си добив титула најдобар брат на свет. хехехе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom