Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.285
- Поени од реакции
- 26.647
Драги мои Јајчаркоматки и Јајчароматки,
Неодамна не напушти една од најголемите рокенрол икони John Michael Osbourne. Малкумина се оние кои промениле светски текови на музиката и биле пионери во нешто ново и нечуено до тогаш. Не постои хеви метал група која не ги почитува Блек Сабат и не ги спомнува како најголемо влијание во нивната музика. Корицата на таа книга беше токму Ози кој со неговиот вокал и неговиот разуздан живот од стеблото именувано рокенрол ја започна фиданката наречена хеви метал која прерасна во една од најважните и најцврстите гранки на тоа музичко дрво. Беспотребно е да се каже дека музикописот на Ози и како дел од Сабат и како самостоен изведувач е веќе востановена класика и лектира општо во целокупната музика. Беше наречен "Принцот на Темнината" поради темниот стил на облекување, симболите што ги користеше, окултизмот и темите во песните кои неретко се бавеа со религија, паранормалното и песимистичкото. Животот го одживеа како на филм, со кулминација како што прилега, концерт во родниот Бирмингем од каде почна приказната со најбитните метал имиња како гости, за конечно затворање на кругот и ставање крај на сказната. Вакво епохално житие не може дури ни да се каже дека ретко кој друг имал, оти имал само тој. Оваа недела ја посветуваме нему.
Јас се помислив помеѓу 2 песни кои не верувам дека ќе победат, но мене лично ми имаат значење. Првата е Old L.A. Tonight, што е првата песна што ја имам слушнато од Ози таму некаде средина на 90тите во период кој за мене беше она што на англиски се нарекува coming of age, а втората е песната изворно испеана од Peter Gabriel-Shock The Monkey во преработка од Coal Chamber каде што тој се појавува како гостин пејач, затоа што таа песна ме враќа во едни преубави времиња кон крајот на 20 и почетокот на 21 век кога на А1 одеше емисијата Underground што беше една од ретките светли точки во македонскиот етер покрај Канал 103 посветена на алтернативната музика во тоа време.
Сепак се одлучив за првата песна, малку похармонична, помека и поемотивна страна на Ози која поретко испливувала на површина.