Kajgana Song Contest #165 Староградска музика

  • Креатор на темата Креатор на темата Darklady
  • Време на започнување Време на започнување

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.825
Поени од реакции
35.846
Локација
Mars
Разгледувајќи ја темата на Злате за темите на досегашните натпревари, не најдов тема за староградска музика.

Темата за оваа недела е СТАРОГРАДСКА МУЗИКА
Овие песни се настанати во градската средина и обично го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл. Тука се чалгиски оркестар, мандолински оркестар, тамбурашки оркестар.

 

Ова не се староградски песни, дечки. Староградската музика е вид народна музика, музика која се создавала меѓу народот, и нема свој автор. Зајди зајди е песна на Александар Сариевски, не е народна, а Еј калдрмо и оваа на Звонко Богдан па уште помалку. Еве за да биде појасно за што се работи, објаснување преземено од Википедија:

Староградските песни или македонската староградска музика е своевиден жанр на македонската народна музика, која се појавила во XIX век, под влијаније на изворната, традиционална македонска музика, појавата и интеграцијата на ориенталната чалгија во Македонија и неизбежниот бран на западноевропска музика. Овие песни се настанати во градската средина и обично го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл. Во процесот на нивното создавање, значаен удел имале македонските ора, како што запишал Константин Миладинов - „това училиште к’де се усовршенствувала народната ни поезија“. Во македонското народно творештво, посебно значајно место имаат охридските, велешките, штипските и битолските староградски песни. Во нив често се чувствува и книжевното влијание, влијанието на граѓанската поезија на соседните народи, но и влијанието на ориенталниот фолклор.
 
Зарем е толку тешка темава:(
Зарем навистина не знаете што значи староградска песна?

Ајде по 3 пат дефиницијата
Староградските песни или македонската староградска музика е своевиден жанр на македонската народна музика, која се појавила во XIX век, под влијаније на изворната, традиционална македонска музика, појавата и интеграцијата на ориенталната чалгија во Македонија и неизбежниот бран на западноевропска музика. Овие песни се настанати во градската средина и обично го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл.

@мкд владе песнава ти е од Валандово 1989 година, со познат автор. Копај друга:pipi:
Автоматски споено мислење:

Песна на Наско Џорлев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom