Драга слатка мала, се надевам дека си навистина слатка бидејќи си доволно “мала“ за да можам и твојот карактер да го проценам на следната кајгана собиранка. :wink: Оние на кои мислев, а во чија прегратка скокнаа уште неколкумина сосема непотребно, но очигледно заслужено се оние кои и лично ги познавам. Можеби не колку татко ми, но сосема доволно за да дадам ваква изјава.
Туку, и ти ли се сметаш себе си за доволно компетентна да им држиш лекции на оние кои навистина имаат мака? Со своите цели 19? Како што некаде прочитав, Shit don`t just happen, shit takes time... исто е и со мудроста за советување, треба време, години, не само да мислиш дека знаеш или си имала некаква точка со проблемот што ти е прикажан. Да советуваш погрешно е грев, тоа е иссмевање на туѓата мака без разлика што ти имаш добри намери. Твојата неукост е навредлива. Како кога ќе ја скршиш теглата со џем иако не си сакала па ќе те искараат за немарност, или ќе ти пукне кондомот и ќе забремениш иако не си сакала заради неспособноста и нестручноста да го намести правилно дечко ти. Искуството не доаѓа со едно соочување со проблемот, туку со константно и постојано решавање на истиот. Затоа темава на која лудаци и копиљаци советуваат е смешна и навредлива, ама како да им објаснам на луѓето дека добиваат совети од некои кои се далеку далеку покутри од нив самите.
Темава е, дај му совет по глума на Никола Ристановски. Good luck with it!!! :helou: