Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,

Моето име е Филип.

Во 2021 по една пост ковид епизода (екстремен замор) животот едноставно ме примора да станам свесен за тоа што се случува во моето тело и ум и да се соочам со сите грижи и стравови кои ме држеа заглавен во состојбата.

Решението беше во поврзаноста помеѓу умот и телото. Преку знаењето и алатките од Гешталт и Internal Family Systems психотерапевтските модалитети, како и преку моќта на мајндфулнес и медитацијата јас успеав да излезам од состојбата.

Сите овие техники не само што ми помогнаа да ја надминам пост ковид ситуацијата, тие ми помогнаа да живеам многу позадоволно , помирно и посреќно.

Увидувајќи колку сето ова знаење и техники за менталното здравје придонесоа да живеам многу поквалитетно и помирно - добив силна мотивација да помогнам во споделување на сите овие знаења до што е можно повеќе луѓе.

Затоа од неодамна се вклучив во проект на Гешталт советувалиштето за хумана соработка - Гешталт Македонија - каде што сум и едукант за Гешталт психотерапија.

Од овој проект треба да произлезе онлајн програма / курс за справуавње со анксиозност и стрес.

Целта е овој онлајн курс да биде ефикасно и лесно достапно решение за што повеќе луѓе во Македонија.

За да може да го креираме најдоброто решение потребно ни е мислење од што е можно поголем број на луѓе кои се соочуваат со анксиозност и стрес.

Затоа би сакал да ве замолам да одвоите 5-10 минути од Вашето време за да го споделите Вашето искуство и мислење на тема: “Како се справувате со анксиозност и стрес?”

Како благодарност за Вашиот придонес – веднаш по пополнувањето на прашалникот ќе имате можност да пристапите до аудио вежба од Гешталт психотерапијата и прашања за рефлексија.

Овие вежби ќе ви помогнат да ги истражите вашите емоции, мисли и сензации во телото, а со тоа и да изградите поголем капацитет за свесност за тоа што се случува со вас во сегашниот момент.

Линк до прашалникот:


Ви благодарам за Вашиот придонес и се надевам дека ќе имате убав и мирен ден

А што ти се случи после ковидот?
 
После ковид ми се случи екстремен Синдром на хроничен замор / Мијалгичен енцефаломиелитис предизвикан од Ковид.

Мозокот ми го ставаше телото во постојан fight/flight и тоа постојано ми ја одземаше физичката енергија и нервниот систем ми стануваше се посензитивен.

Во најтешките моменти не можев ни да кренам лажица за да јадам сам. Не можев да зборам, да читам, ми сметаше светлина и било какви звуци ми предизвикуваа силна болка во глава.

Решението на мојот пост ковид хроничен замор го најдов преку користење на Програма за ретренирање на мозокот. Конкретно ја користев Gupta programata. Покрај Gupta programata, секојдневно практивкував Медитација и Јога, Смеење, Психолошки техники и слично

Целта беше да излезам од кругот на стравови и грижи за моите симптоми и здравствена состојба така што ќе му дадам информација на мозокот дека сум безбеден.

Многу слично со анксиозност, но со изразен екстремен физички замор и други симптоми поврзани со имунитетот и нервниот систем.

Ви посакувам добро здравје на сите!
 
Здраво на сите,

Би сакал да споделам еден блог текст кој го напишав неодамна - на тема: Што се случува во мозокот кога сме анксиозни и како тоа знаење може да ни помогне?

Се надевам ќе ви биде од корист.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/shto-se-sluchuva-vo-mozokot-koga-sme-anksiozni

Убав ден
 
Здраво на сите,

Го споделувам новиот блог пост кој го напишав на тема анксиозност. Се надевам ќе ви помогне

Во овој блог пост пишувам како да ги активираме внатрешните капацитетите за само-поддршка кога сме анксиозни или поминуваме низ тежок период.

Тие внатрешни капацитети се нешто со секој го има. А тоа се спососбности да:

  1. Да ги забележуваме своите мисли и емоции - без осуда, со љубопитност.
  2. Да ги слушнеме емоциите и пораките што ги содржат емоциите
  3. Да избереме како ќе постапиме со мислите и емоциите, наместо тие да го контролираат секое наше однесување.
  4. Да си дадеме поддршка и љубов – дури и во мигови кога ни е најтешко.
Повеќе прочитајте


Поздрав и ви посакувам мирен и убав ден
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom