[Кајгана готвач] Специјално издание: Мојот омилен рецепт

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@CafeDelMar ме изнасмеа.
Ме стави на мисла што уствари ми е омилено, пошто ја се си јадам :D. Како и да е ќе дружам деновиве.
 
За недела го спремам да ви го постирам околу ручек време моето ремек дело, уметност од јадење кое кога би требало да го каснам последниот залак во животот би било тоа. Не го јадам често, обично еднаш до два пати во годината, така да ве молам воздржете се. Се надевам ќе влезам во специјалново издание со омилени рецепти, пред да се затвори темата :cuc:
 
Полнети ширдени.
Затоа што имав поголема група луѓе спремав 2 килограми свинско, 2 килограми телешко месо. Најбитно за ова јадење е да одберете многу чисто месо, без никакви жили и маснотија. На почеток на ситни коцкички се сецка и свинското и телешкото месо. Се започнува со пржење на телешкото месо, затоа што му треба подолго време, се пржи околу 1 час, а потоа се додава и свинското месо.DSC_6332.JPG

За време на пржењето.
DSC_6336.JPG
Откако месото ќе се испржи се вади од оган и се зачинува. 3 лажички мелен ким, 3 лажички јенибар, 3 лажички црн мелен бибер, сол по вкус, црвена пипер околу лажичка ипол.
DSC_6362.jpg DSC_6368.jpg

Претходно јагнешките ширдени се чистат еден по еден со јадра сол и вода. Се отпревртуваат и се чисти внатрешноста на ширденот. Имаат специфичен мирис и треба добро и детално да се исчистат.
DSC_6358.jpg

Потоа ви е потребна помош при полнењето на ширдените. Некој треба да ви ги држи отврорени а вие само полнете со лажица. Кога целосно ќе се наполнат се шијат со игла и конец.
DSC_6373.jpg DSC_6375.jpg DSC_6378.jpg

Се додава вода во тавата и се печат на 200 степени, отприлика час и половина. При печењето треба да се превртуваат од сите страни за еднакво да поруменат.

DSC_6380.jpg

Еден ширден се сечи во зависност од големината, моиве ги сечев секој на 4 парчиња. Се сервираат со додаток од свежа лута пиперка или лути феферончиња. Немам фотографија од тоа како е сервирано, многу гладни беа гостите и се изедоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom