Кафе за носење

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ја ги љубам Старбакс, не пошо се тејк н гоу, него пошо кафињата им се лом. Плус моеш и да си купиш чоколатце по избор и плус многу сентиментална ствар праат шо ти го пишуваат името на чашката ^^
Тејк н го ти е ко овакво...драјв ин у МекДоналдс. Си го зимаш јадењето и си седнуеш кај сакаш и си го јадеш.
У случајов, кафето.

Али ја ипак мислам дека на сељациве им е пофенси да седнат на Ленинова или у Кино Карпош, не?
Па затоа и не успева идејава тука кај нас. Само на кафиња идат, нит школо, нит факултет, нит работа глеаат. Не знам шо за народ ќе бевме.

п.с. Абе сеа ми текна. У Старбакс моеш и да си седнеш. Има 2-3 софички за седење. То ест, ја сум била само у три, али и у трите имаше за седење. Ако некој отвара вакво (моја животна неостварена желба ќе ми биде да отворам кафитерија), нек напраи некои лом кафиња ко у Il Cafe Di Roma, али луѓето да можат и да си ги зимаат и носат кај шо сакаат xD
 
Ја планирам да зимам термос и да го полнам секој ден со нес за на факс. Уште сега замислувам како добро ќе ми дојде по литар кафе за 7-8 часа:)
 
Ја ги љубам Старбакс, не пошо се тејк н гоу, него пошо кафињата им се лом. Плус моеш и да си купиш чоколатце по избор и плус многу сентиментална ствар праат шо ти го пишуваат името на чашката ^^
Тејк н го ти е ко овакво...драјв ин у МекДоналдс. Си го зимаш јадењето и си седнуеш кај сакаш и си го јадеш.
У случајов, кафето.

Али ја ипак мислам дека на сељациве им е пофенси да седнат на Ленинова или у Кино Карпош, не?
Па затоа и не успева идејава тука кај нас. Само на кафиња идат, нит школо, нит факултет, нит работа глеаат. Не знам шо за народ ќе бевме.

п.с. Абе сеа ми текна. У Старбакс моеш и да си седнеш. Има 2-3 софички за седење. То ест, ја сум била само у три, али и у трите имаше за седење. Ако некој отвара вакво (моја животна неостварена желба ќе ми биде да отворам кафитерија), нек напраи некои лом кафиња ко у Il Cafe Di Roma, али луѓето да можат и да си ги зимаат и носат кај шо сакаат xD

indigo child, imas "lom kafinja" vo caramelo. eve ti link http://caramelo.mk :-)
 
Јас еднаш купив кафе за носење од Мекиците од Стража и топ беше.
Исто многу ми се свиѓаше од Chillbox. Топ им е кафето, на страна смрзнатиот јогурт.
 
Кафе за носење најмногу преферирам да си земам до работа бидејќи не дека јас работам но сепак кафето е дефинитивно помеѓу најубави во Скопје и тоа за ептен симболична цена. Доста во последно време практикувам кафе за носење најчесто си го пијам од работа до автобуска поточно за тие некои 15тина минути.
 
Никако не можам да сфатам какво е тоа јадење и пиење од нога. Дури и кога пијам вода, застанувам или седнувам, кофи ту гоу нема шанси да пијам.
Кафе пијам сам дома и тоа строго со локум.

bosanska_kafa_2.jpg
 
Кафе за носење најмногу преферирам да си земам до работа бидејќи не дека јас работам но сепак кафето е дефинитивно помеѓу најубави во Скопје и тоа за ептен симболична цена. Доста во последно време практикувам кафе за носење најчесто си го пијам од работа до автобуска поточно за тие некои 15тина минути.

Од каде поточно го зимаш кафето ако не е тајна и која му е цената?
 
Незнам кај има такво кафе низ земјава, али Нескафе во една шоља додека го шеташ кучето околу зграда е нешто феноменално :):D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom