Еве и ја се вратив во кафанава, има интересен продолжен викенд. Ќе гледам да пишам што е можно пократка верзија. Клиентска фирма правеше некој измислен семинар у Кипар и ми рекоа убаво е да присуствувам (читај мораш да идеш), на кое и понудив на мојава да дојде со мене, не била и требаше да доплатам само уште смешна сума за втор човек за хелф борд. Првиот ден ок, пројде тоа чудото, се рашетавме до Никозија, добра екскурзија направивме. Е сега, петокот после семинарот не поканија на вечера и на афтер, пак поканета мојата, немаше проблеми од никој. И тука почнаа проблемите. Од фирмата бевме тројца што сме за голем дел од евро-азија, Русинка што живее на Кипар, Туракот од Малта и ја. Значи си седнавме ја и мојата у ресторанот до мене се нацрта Русинката, што не е чудно, си го имаме муабетот, доста сум и помагал кога не постигала и и англискиот не и е најдобриот. Со туркот си го немаат (а и ја си го немам) па тој си седна спроти нас и ќутеше, а и не збори кутриот освен турски ништо па и тоа му е на глаа. Признавам, малку ја игнорирав мојава, но ја гледам за први пат во живот, малку вотка, малку руски малку англиски и си врвеше муабетот. Сега, ќе признаам и нешто друго, знаев дека е убава, се имавме гледано по камери, ама личеше на дебелка, полничка е но на правилните места, во кратко, да не се лажеме топ беше. Скоро колку мене е возраст, касни 30ти, сингл (ваљда), не е многу долго на Кипар може не и врви социјала.
Крешчендото беше на афтерот, во барот-диско, некое комбо беше местото, и со клиентелата земавме некое сепаре, турчо си фати патот, моделот ист, седнуваме ја и мојата, Русинката до мене. Пиевме уште малку живели ово оно, ајде да танцуваме, мојата нерасположена, идете вие, станавме со клиенти и Русинкава и отидовме на подиум, тука беше едно време се враќаш до сепаре за шот и се враќаш на подиум, после многу такви рути, ја сум блекаут, временска дупка.
Следно се будам следниот ден, малку со чуство на вина од алкохолот малку со убави чувства на добро пројдена вечер. Но не, ништо убаво, мојата пизди, како сум можел. Викам ја вчера не бев јас од еден момент, што како сум можел. Кога веќе сме се враќале на сепарето, ме држела за рака русинката. Викам како ме држела дали братски за лакт или ко дечко за дланка, вика не е битно, битно е да беше сам, ќе те легнеше руската ку**а. За мене беше битно, настојвав да ми каже и се расплака и се заклучи у ВЦ. До крај на патувањето не си зборевем, поточно не ми збореше, и кога се прибравме ми кажа дека ќе си се врати дома за да размисли што како напред со мене.
Сега, признавам дека ми се свиѓаше русинката, ама гарантирам дека немаше ништо да направам, макар и сам. Но не бев сам, така да, не ја сфаќам многу ретардираноста на ситуацијата, но како и да е, сакав да споделам со некој у прв момент.
Па така во кратко викендов, вие како?