Каде за нова година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе одам изгледа во Русија..да го посетам стадионот на Рубин Казан..
Ама несомнено е дека супер ќе си поминам:back:
 
Хахахаххаа

абе дечкото си е ИН сака да му е тип топ средено се на време.. глеате има и смислено колку тоа он ке се начука (ко стока) и слично.... :pos2:

И сеа.. шо праиме за нова година.. ајде кој е така по ИН нека каже некој предлог... :):):) да почнеме да се спремаме уше од сеа а ? :pos2::pos2::pos2:
 
Тужно е што пред две години Викторгг беше со бојкотерите, па дезертираше, а сега пука два месеци и десет дена порано. :)
Јас трет пат по ред ќе се разминам со тој час, момент, вечер, што и да е, не заради coolness факторот, ами заради Annusnovushanzoitis, синдромот кој ме погаѓа баш тогаш. :( :)

Како што реков, бојкот е за лузери. Тие шо не сакаат предизвик. Ја срцко сфатив дека е кул да купуеш свечици, да чекаш три саата ред у супермаркет за кашкавал за француска салата, да купиш литро водка по цена од две и песто пошто нова година е, рипаат цените, да се истепаш и искараш со друштвото дали да биде смирноф или вигор, и дали да се купи од рамстор или од веро и да не си праите муабет ноќта али да скокате као среќни дебилчиња на веќе споменатата слика од Драган Којич и ортаци, да се осеќате ноќта толку погодени со песната Моје село ко Париза, и да се поистоветите со стиховите - чаше ломим руке ми крвав/р/е пошто ве потсеќаат на моментите коа ви опнаа чаша од глава у кафанска тепачка минатата нова година...

Ех, Нова година, прајслес... :wub:
 
Јас искрено уште сега почнав да си симнувам песни од Шабан, Шемса и Мухарем. Колекцијата ако ви е по мерак ќе ви ја презентирам и на кајгана радио за добро и расположено друштво и специјални честитки за расположената маса лево од вецето.
Посебна салама во замрзнувач е куул, пукаат велат ама ако, битен е кашкавалот насечен на парчиња ни повеќе ни помалку туку точно 1,4 см. Насецкани кисели краставички со по некоја маслинка за декорација.
Гардеробата и не е толку битно каква е, но јас за секој случај ја ангажирав Тета Васка шнајдерката да ми скрои еден фустан, дека не е фенси ако сите имаме исто. Битен момент е косата и фризурата! Полно глитер со цветчиња и две шишиња потрошени лак за коса.
Бижутеријата е сега ефтина, што повеќе тоа повесело.

Отидов да најдам во подрум петардите.

Урааа Нова Година е на прагот!
Наздравје! :pijan:

п.с. Дедо Мраз, ако не дојдеш и оваа година спремај се :pop:
 
погодени со песната Моје село ко Париза
Лепше од Париза.

И да... хуморот е бајат.

Ако може да се сподели по ПП некои место кај што ќе има пијани развратни девојки за ефтини пари. Местото за ефтини пари, не девојките. За нив не ми се плаќа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
DEka ste sega da mi pratite nekoj sliki so moderna obleka za momce. EBATI FORUMO KOA TI TREBA NEMA POMOS:nerv:
 
Лепше од Париза.

И да... хуморот е бајат.

Ако може да се сподели по ПП некои место кај што ќе има пијани развратни девојки за ефтини пари. Местото за ефтини пари, не девојките. За нив не ми се плаќа.

Бајат е хуморов? Пичку матер никако да станам модерен. Ни кај андеграунд популацијата, ни кај Картел рајата. Значи хејтање е аут, сарказам е бајато, вицови за плавуши никад не биле ин, епа шо треба да напраам, да си го сменам никот у Redneck GG, ќе помогне тоа? :toe: Или едноставно безнадежен сум? :cry:
 
Бајат е хуморов? Пичку матер никако да станам модерен. Ни кај андеграунд популацијата, ни кај Картел рајата. Значи хејтање е аут, сарказам е бајато, вицови за плавуши никад не биле ин, епа шо треба да напраам, да си го сменам никот у Redneck GG, ќе помогне тоа? :toe: Или едноставно безнадежен сум? :cry:
Само бришење на профил и да ти го дадам пасвордот да пишуваш од мојот. Така ќе добиеш на coolness.
 
Еве имам веќе ставено торент мега микс екс-ју. Едвај чекам. :vozbud:


Него, да не знае некој меилот на дедо мраз? Да не ми го утне поклонот ко лани.
 
Лани мене наместо глобус,ми донесе шминки...
Знаеш колку му се наљутив?
 
Еве имам веќе ставено торент мега микс екс-ју. Едвај чекам. :vozbud:


Него, да не знае некој меилот на дедо мраз? Да не ми го утне поклонот ко лани.

dedomrazvistinskiok@coldmail.com.np

Пиши му дека лани не ти дал поклонот ок.


Иначе еве ја новагодина пред прагот се спрема да дојде и кај нас ок. Незнам сеуште кај ке идам али битно е со друштвото мое да си бидам и да си славиме зашто еднаш е новагодина маме му е... Кај и да идам најбитно е да биде весело и со добра музика ок. Кој друг да ме гледа како играм јас со алкохол у рука не ми е битно. Битно ми е друштвото ок.

П.С. Број од Арена има некој за закажување за сепаре за нг ок? зеленко даам ок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom