Од разговори со мигрантите знам дека во Грција (членка на ЕУ) немаат никаков проблем, се возат во сообраќајот, слободно патуваат... Исто така, самите мигранти кажуваат дека одкако ке влезат во Србија (земја многу поблиску до прием во ЕУ од нас) си факаат такси и слободно патуваат, никој не ги задева.... Проблем им е само МК, треба да ја поминат пеш и да не ги фати полицијата и врати во Грција. Значи кога една Грција која е членка на ЕУ не им прави проблем и кога Србија која е пред влез во ЕУ не им прави проблем, се прашувам зошто ние им правиме проблем, ние кои сме задња рупа во Европа... Ако секаде минуваат без проблем зошто нас ни е проблем да им дозволиме да си купат карти и да патуваат со воз, автобус, такси... а со тоа и минимално се задржат кај нас односно само да транзитираат? Ако Грција и Србија немаат проблем со тоа зошто ние би имале? Ако со превозни средства брзо транзитираат низ МК тогаш ке имаме и многу поголема контрола над нив, ке знаеме кој влегол и кој излегол од МК, ке немаме трошоци за нивно гонење, хранење, враќање во Грција и утредента повтрорно нивно апсење во МК и што е најбитно ке бидеме луѓе, ке ја прекинеме нивната голгота по пругите, патиштата и беспаќата.......