Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Уф,многу ми изгледа,2 шофери би биле,може малку полесно да биде,сам ако возиш е многу хардкор.:icon_lol:

пс.За дополнителни информации ќе те потпрашам ако одлучиме натаму да идеме.Благодарам !
Не е проблем возењето. Јас возам цело време, не ми се случило никогаш нешто `непредвидено`. Треба само добар план. Треба да планираш на колку време да направиш кафе-пауза, ручек, разгледување, малце шопинг :eek:...интересно е по патот.
Само напред!
 
Нека каже некој импресиии што бил на Неа Пори или Закинтос ...
Дали има добар ноќен живот дали е добро за млади кој најчесто оди таму ..

Морето е топ а плажата од година во година не ја чистат многу,но сепак е одлична.Со кризава скоро ги запустуваат местата во Грција.Од година во година условите стануваат полоши таму.Е сеа под полоши нормално дека не мислам не иди таму катастрофа е туку само малце попрљаво.Е сеа ко за млади можеш само што идат помалце од другите места.Сепак повеќе е фамилијарно местото.Е сеа ако начекаш Унгарки ондак друга е приказната :) :) Најчесто од средни школи од Унгарија и Словачка го носат таму организирано така да има млади.Би рекол 70% идат фамилијарно а 30% млади.Дискотека мислам една а кафичи има неколку.Повеќето се тие нивните таверни.Климата е одлична во секој случај во тоа место.Во другите пооколни е позагушливо и многу спарно со голема влажност.
 
Совреме се бара. И се начекува поевтино. Како што има last minute, има и first minute аранжмани. А сам да си `аранжираш` е најубаво.
Само треба тарашвање по нетот.
 
Ај ве молам некој збор два мислења за Лефкада и Закинтос....најмногу ме интересира дали е за по млади :D
 
Морето е топ а плажата од година во година не ја чистат многу,но сепак е одлична.Со кризава скоро ги запустуваат местата во Грција.Од година во година условите стануваат полоши таму.Е сеа под полоши нормално дека не мислам не иди таму катастрофа е туку само малце попрљаво.Е сеа ко за млади можеш само што идат помалце од другите места.Сепак повеќе е фамилијарно местото.Е сеа ако начекаш Унгарки ондак друга е приказната :) :) Најчесто од средни школи од Унгарија и Словачка го носат таму организирано така да има млади.Би рекол 70% идат фамилијарно а 30% млади.Дискотека мислам една а кафичи има неколку.Повеќето се тие нивните таверни.Климата е одлична во секој случај во тоа место.Во другите пооколни е позагушливо и многу спарно со голема влажност.

Која е цената за смештај знаеш ли?
 
Имам слушано за Поморие во Бугарија, некој да не знае нешто повеќе за местото...
Фамилијарно или за млади? :D

Не е за млади многу. Сум поминувал од таму.
--- надополнето: 2 март 2012 во 21:39 ---
Ај некој споредби помеѓу Црна гора и Бугарија,Услови искуства,каде е боље?

Бугарија без мислење.
 
Која е цената за смештај знаеш ли?


Искрено не,коа сум идел таму сум идел со моите порано,и не сум се замарал со цени.
Види кога ќе излезат понуди по агенцииве,скоро сите нудат аранжмани таму.Доста наши идат на тоа место.
 
Летово не знам каде, би сакала во немачка на работа со другарките или евентуално негде со дечкото, било каде, само да го поминам летово со луѓе кои ги сакам. :)
 
Ако може некоја информација за Ханиоти и Лефкада? Било какви информации се добредојдени. :)
 
Каде е во бугарија најпогодно за малди? И како се движат цените?
 
Имам слушано за Поморие во Бугарија, некој да не знае нешто повеќе за местото...
Фамилијарно или за млади? :D

Повеќе за фамилијарни би рекол иако има и млади сепак не е тоа тоа, мало место нема многу места за забава, сепак смештајот е поефтин (како во Охрид што се вика) а до Сончев брег имаше автобуси за по 1-2 евра така да секој ден можеш да одиш и да се враќаш назад :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom