Каде е проблемот? Во Македонија сигурно не е!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Иако ми одзеде време за превод и пишување на текстов, сепак сакав сите да го прочитате и видите дека СИТЕ знаат за Македонската вистина, но секојпат постои и стои тоа „АМА„
Зошто е така??? Станувам алергичен на „Ама„ и „Ако„ еве зошто.
p-troebst-artikel.jpg

Професорот по историја од Универзитетот во Лајбциг -Stefan Troebst во интервју за BBC тврди дека Македонија веќе направи компромис во врска со спорот за името со грција, менувајќи го своето знаме и Устав. Понатамошните барања од грција за промена на името се тотално неосновани. Но тука постои грчка димензија која е поврзана со сериозни проблеми со идентитетот на грците и прашањето кои се грците е покомплицирано отколку прашањето кои се македонците.
(многу логично зборува човеков, зошто гејциве со овој измислен спор сакаат да решат внатрешен проблем а не меѓународен)
Траумата на 20 век,II -та св.војна и Граѓанската војна во 40-те години никогаш не била расправана во грчкото општество.И Граѓанската војна покрај идеолошката компонента има друга етничко-политичка димензија .
Словените и македонците од една страна и хеленизмот на друга праватоснова за многу стравови поврзани со Македонија, не од денешна Р.Македонија,ниту од бившата Ју,туку тие доаѓаат од внатрешноста на грција.Тоа не е нешто што може да се реши однадвор, туку нешто што грќкото општество треба да го реши внатре во грција.
. BBC : -„Како гледате на промената на политиката на Бугарија, во врска со Македонија,земајќи ги во предвид последните обвинувања од Софија за антибугарска пропаганда во македонските весници„

.Stefan Troebst -„Тоа е разочарувачки дека во 90-те години бугарскиот претседател водеше конструктивна и прагматична политика кон Македонија,иако со некои резерви тие ја признаваат државата но не и нацијата.Но,најверојатно тоа ќе се промени.Загрижувачки е дека Бугарија стана член на ЕУ и сега заедно со грција како две ЕУ членки го користат членството за да ги зацврстат своите национални и регионални интереси, наместо да размислуваат за доброто на ЕУ како целина.Овие здружени сили на БГ. и ГР. против Македонија се опасна тенденција и Брисел со неговиот двоен капацитет како штаб на ЕУ и НАТО не би смеела да го толерира,индивидуални членки на ЕУ да вршат притисок на соседни држави кои не се членки.
. BBC : -„ Зошто бугарската владаја призна македонската држава, но не и нацијата?
.Stefan Troebst -„Прво, треба да имате на ум дека не е работа на владите да признаваат други нации, туку само држави без разлика дали тие го сакаат идентитетот на граѓаните коишто живеат во тие држави или не.Дури и во Германија ние имаме случаи на бегалци - бугарски граѓани со македонско етничко потекло коишто ги убедуваат германските судови дека имаат лоши животни услови во Сандански и Петрич и тие им даваат статус на постојани бегалци што не е вообичаено.
Тоа значи дека нивото на репресија е многу високо во Бугарија.Оваа реторика на Бугарија дека држави постојат а нации не е многу непрофесионална и голем непријателски акт кон Македонија.
Тоа покажува дека бугарското како и грчкото општество сеуште не го надминале своето минато- вели професорот по историја Stefan Troebst .
 
... а од каде му идејата дека ќе направиме компромис ...
 
Жално е што има некои одбор јунаци во Македонија кои нам ни викаат дека не е проблем кај другата страна туку кај нас Македонците. Дека треба само малку да свиеме кичма.

И тоа не е мала таа плејада манипуланти. Тоа е една организирана група добро диригирана со пристапи до медиуми кои полека полека солат памет. Жално е тоа во моменти кога светот почнува да ја разбира вистината за Македонија кај нас делуваат некои дечки во спротивен правец.
 
Многу пријатно сум изненаден и мн. ми е мило што постојат вакви луѓе како проф. Троебст.

Подобро ја брани Македонската вистина од самите нас.


И морам да искажам огромна пофалба до @cool@ и благодарност за неговата ажурност и труд во пренесувањето на значајните текстови како овој.

Браво другар!
 
Еве го текстот за нашите „мили „ соседи да можат да го прочитаат , а дали ќе го разберат НИВЕН ПРОБЛЕМ .

Greece fails to reconcile with its past

The professor of history at the University of Leipzig, Stefan Troebst, in an interview for BBC claims that Macedonia has already made its compromise in the name dispute with Greece, by changing its flag and Constitution.

"These further requests from Greece for changing the name are completely without a ground. But, there is a Greek dimension which is related to serious problems with the identity of the Greeks and the question 'who is Greek' is more complicated than the question 'who is Macedonian'. The trauma of the 20th century, the World War II and the Civil War from the 1940-ties, was never treated in the Greek society, and the civil war, besides the ideological component had another, ethnic - political dimension. Slavs and Macedonians on one side, and the Hellenism on the other, make the roots of many fears related to Macedonia not from today's Republic of Macedonia, or from the former Yugoslavia - they come from within Greece. It is not something that can be resolved from the outside, but something that the Greek society can treat inside Greece".

BBC: How do you look at the change of the politics of Bulgaria towards Macedonia, considering the latest accusations from Sofia about anti-Bulgarian propaganda in the Macedonian press?

"It is disappointing that in the 90-ties the Bulgarian president was running a constructive and pragmatic politics towards Macedonia, although with some reserve - they recognized the country, but not the nation. But unfortunately, this is changing now. It is concerning that Bulgaria became a member of the European Union and now together with Greece, two EU member states are using their membership to enforce their national and regional interests, instead of thinking what would be the best for EU as a whole. This joining forces of Bulgaria and Greece against Macedonia is a dangerous tendency and Bruxelles, in its double capacity, as both EU and NATO headquarters, should not tolerate it - individual member countries to put joint pressure on neighboring countries which are not members".

BBC: Why is the Bulgarian government recognizing the Macedonian state, but not the Macedonian nation?

"First, we should bear in mind that it is not a Government's job to recognize other nations, only countries, regardless whether they like the identity of the citizens who live in those countries, or not. Even in Germany we have cases of refugees, Bulgarian citizens with Macedonian ethnic background, who persuade German courts that they have bad living conditions in Sandanski and Petrich, and they gave them a status of permanent refugees, which is not common. This means that the level of repression is very high in Bulgaria. This rhetoric in Bulgaria, 'the country exists, the nation does not', is a very unprofessional and very hostile act towards Macedonia. It shows that the Bulgarian, as well as the Greek society, failed to reconcile with their past" - says the professor of history at the University of Leipzig, Stefan Troebst.
 
... аааа ... погрешно сум читналаааа ...
СЕ ИЗВИНУВАМ



убаво , сега нашиве нека го искористат истово :) ...
 
Германски весник за шиканирањето на Македонците од страна на Грција

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објавува текст за спорот меѓу Македонија и Грција, во кој ги појаснува причините за острите недоразбирања, како и за македонското национално прашање во Грција.
Во текстот, професорот Штефан Тробст од универзитетот во Лајпциг детално ја објаснува трагедијата на Македонците од Егејска Македонија и претставува како тогашна социјалистичка Македонија ги затворила границите за голем дел од нив, поради што тие морале да бегаат од Грција преку Албанија, а оттаму во Австралија, Канада, САД. Тробст објаснува дека грчките власти сè уште ги шиканираат Македонците - државјани на земји од Европската Унија или на САД, Канада и Австралија, при нивните обиди да влезат во Грција и да си ги посетат своите родни села.
- Не сите словенски жители на Грција побегнале по Граѓанската војна. Патник може сè уште да слушне како во Грција се зборува овој јазик, кој официјално се нарекува „славофонски“. Овој јазик може да се слушне во Лутраки, некогаш наречено Посар, во Мелити - Овчарани, или во градот Флорина - Лерин - пишува авторот на текстот Михаел Мартенс.
Тој наведува дека и таткото на премиерот на Македонија Никола Груевски е Македонец од Егејска Македонија, со потекло од селото Крушоради. Но Мартенс вели дека некој попусто може да се обидува да го најде ова село, кое сега се вика Ахлада.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“, кој е најпродаван германски весник, во светот и секојдневно се продава во 148 држави, објавува дел од писмото на македонскиот премиер Никола Груевски до грчкиот колега Костас Караманлис, во кое се бара гарантирање на правата на Македонците во Грција, како и на протераните по војната. Професорот Тробст во текстот објаснува дека борбата била национална за Македонците, за да се создаде обединета Македонија. Професорот објаснува како маките на протераните Македонци не завршуваат со протерувањето од родните места.
- Повеќето од словенските Македонци-жители на селата во Грција сигурно немале огнена верба во марксизмот, но се кренале поради односот кон нив во времето на диктатурата на Метаксас, како и поради ветувањето на комунистите за создавање обединета автономна Македонија по војната. По поразот на комунистичките сили, многумина од нив побегнале преку границата стравувајќи од односот на победничката страна - пишува во текстот.
 
Бугарија и Грција: посестрими по дискриминација

Бугарија четирипати го промени законот за партии во рок од шест години и го зголеми цензусот од 50 на 15.000 основачи, само за да ја оневозможи регистрација на ОМО Илинден Пирин. Во пресудите на бугарските судови пишува од тоа дека нема македонски етнос, потоа дека записникот од основачкото собрание треба да биде потпишан од 500 луѓе, па сè до тоа дека не можеле да ја регистрираат партија оти судијата не верувал оти можат да организираат основачки конгрес за две недели.
Исто како Грција, и Бугарија има еден етникум, бугарскиот. Официјалната бугарска политика смета дека корпусот на основни човекови права е доволен за сите граѓани. Под капата на формална еднаквост, всушност, се крие дискриминација.
“Достапни ни се сите права како и на останатите бугарски државјани, сè додека не почнеме да настапуваме отворено како Македонци. Не можеме да регистрираме партија. Ограничено ни е правото на мирни собири, да не зборуваме како се третирани Македонците во медиумите, кои не даваат право на одговор или цензурираат”, сведочи Стојко Стојков, претседател на партијата на Македонците, ОМО Илинден Пирин, за она со што денес се соочуваат Македонците во Бугарија.

КАКО СЕ СТОПИЈА 150.000 ЛУЃЕ ЗА ПОЛОВИНА ВЕК?!

Бугарија одамна ја практикува политиката на тивка дискриминација во пиринскиот дел, каде што по Втората светска војна, според официјалните бројките на источниот сосед, таму живееле над 200 илјади Македонци, а денес само 5.071.
Својата дискриминаторска политика ја почнала заедно со Грција кон крајот на 19 и почетокот на 20 век преку меѓудржавните договори за размена на население. Сепак, најголем дел од континуираната државна политика на непризнавање и тортурата врз македонското население е направено за време на владеењето на Тодор Живков. Според книгата Македонците во пиринскиот дел на Македонија 1949-1989 на доктор Васил Јотевски , Живков е креаторот на бугарската нација во која не егзистираат никакви други етнички групи.
По Втората светска војна , сè уште постоеле “старите ненаучни и неосновани разбирањата за македонско национално малцинство во Бугарија”, па сè уште постоеле македонски културно-просветни организации, а преку Радио Софија се давала емисија на македонски јазик, тврди Јотевски.
На таквите принципиелни ставови, според бугарската политика, требало да им се стави крај. Подготовките ги вршела раководната политичка партија на чело со првиот секретар на ЦК на Бугарската комунистичка партија, Живков. На 7. Конгрес на БКП, што се одржал во Софија од 2 до 7 јуни 1958 година, било наложено сфаќањето дека националната припадност на населението во пиринскиот дел на Македонија, во однос на неговата историја, бит, култура, јазик биле во непрекината врска со историјата и развојот на бугарскиот народ.
И покрај сите напори што ги правела државната раководна структура на Бугарија за однародување, Македонците будно ги следеле сите меѓународни настани и се обиделе да ја запознаат меѓународната заедница за тоа што им се случува. Така, во 1956 година нелегално формираната Организација за обединување на Македонија (ООМ) го искористила моментот кога Живков есента 1956 година ја предводел бугарската парламентарна делегација во социјалистичка Југославија, каде што веќе престојувал и советскиот лидер Никита Хрушчов. Раководството на оваа организација испратило писмо до Хрушчов во Белград. Истото писмо било испратени и до Организацијата на Обединетите нации. Таа година во пиринскиот крај се формирала уште една организација од учениците во петричката гимназија, но освен испишување пароли, таа организација не развила поширока активност.
Голема улога во “гаснењето” на македонското малцинство имала и југословенската политика која го игнорирала прашањето во името на добрососедските односи.
“Премолчувањето на страна на југословенското партиско и државно раководство му овозможило на Тодор Живков поангажирано да се зафати со 'разрешувањето' на наследеното македонско национално прашање”, пишува Јотевски.
Во периодот од 1963 до 1967 година ќе се одржат три состаноци на највисоко партиско и државно ниво меѓу СФРЈ и Бугарија. И покрај тоа што во делегациите имало и македонски политичари, единствен кој проговорел за проблемот со Македонците бил Крсте Црвенковски, тогашен претседател на ЦК на СКМ.
Всушност, токму ОМО Илинден Пирин е доказ за тоа како Бугарија “игра” во делот на малцинските права и како, дури и како членка на ЕУ, си дозволува менување на законите само за да не се признае малцинството.
За нивната регистрација не помогна ни Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг, кој во февруари на средба со министри од бугарската влада го отвори прашањето околу неспроведувањето на одлуките на Меѓународниот суд.

Тортура врз Македонците
И покрај тоа што во 1965 година биле укинати визите за патување на југословенските, односно на бугарските граѓани во Југославија и Бугарија, Македонците од пиринскиот дел на Македонија не можеле да патуваат надвор од границите на Бугарија. На нив не им биле издавани пасоши, доколку не сакале да го сменат својот македонски национален идентитет во бугарски.
Никој не можел да стапи во брак ако по националност не бил Бугарин. При замената на личните документи, секому му била определувана национална припадност, се разбира, бугарската. Македонските просветни работници редовно биле испраќани на служба надвор од границите на Благоевградскиот округ, каде што најмногу живееле Македонци.
:nenene::nenene:
 
Пред 10 години Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука Македонците во Грција да можат да формираат своја политичка партија. Регистрацијата на Виножито сè уште не е целосно завршена. Но, затоа пак, Грција ја регистрираше неофашистичката партија Златна зора, која секојдневно издава летоци во кои повикува на смрт за сите што не Грци, дека решение е Грција да граничи со Србија, дека Македонија е грчка и сл.
 
Кога ке излезе цела Македонија, да ја чујат, да загрми како што некогаш тоа и го праела.. тогаш ке речам дека проблемот не е до нас. Немора да се случи ништо, само да им оставиме до знаење дека сме лавови, мада таков впечаток ни јас уште не сум добил.
 
Немојте бе со вакви текстови чоеци, ние треба да направиме компромис со Грција ако сакаме во цивилизиран и демократски свет да влеземе каде секој зема по 2000 евра плата.
Со ова само го цементирате непопустливиот македонски став.
Ќе се самоизолираме ако националната свест се подигне, треба исклучиво на потрошачка свест да се работи.
 
Интервју: Ханс Лотар Штепан
Штепан: Грција нема право да ви кажува да си го смените името
stepan.jpg
Доктор Ханс Лотар Штепан, првиот германски амбасадор во Македонија и голем пријател на нашата земја, вчера во Скопје ја промовира својата нова книга со досега необјавени податоци од германските архиви за Македонија. Штепан за „Нова Македонија“, без пардон и задршка, излегува во поддршка на европската иднина на Македонија

Во Македонија сте за да ја промовирате Вашата книга, во која имате необјавени факти од архивата на Министерството на надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на нашата земја во периодот од 19 и 20 век, особено околу берлинскиот конгрес на големите сили.
Што укажуваат податоците што ги собравте во книгата?

- Главната поента во книгата е дека вашите соседи немаат право да ве притискаат или прашуваат за вашето име, јазикот или територијата. Апсолутно, Грците немаат никакво право, бидејќи вашиот идентитет, вашиот народ е базиран на историја од нации од 5 и 6 век. Како и другите словенски народи што се доселиле на Пелопонез, Крит... Во времето на берлинскиот самит новосоздадените балкански држави добиле дозвола да ја нападнат Турција и да ја поделат на три провинции - Тракија, Пирин и, секако, Македонија. Во тоа време немале ништо, тие едвај преживувале. Интересно е како Грците оттогаш станаа балканска сила. Грците немаат право да ви го менуваат името. На Македонија ѝ претстои избор дали да прифатите или да се спротивставите. Јас сум на ваша страна, вие сте во право и не треба да прифатите преговори со Грција


Тоа е основата на историјата во минатото. Но во моментов Грција е членка на Европската Унија и демонстрира сила кон Македонија. Таа дипломатски поставува услови за македонската европска иднина. Што може да стори Македонија?

- Знам дека ова е уникатно прашање, дека многу години се полемизира. Цели 17 години се работи на ова прашање и сè уште не е пронајден компромис. Па и да не добиете покана од ЕУ и од НАТО, ништо страшно. Треба да испратите порака дека е ваше право што ќе правите, да ја потсетите Грција дека во 1913 година го зела јужниот дел на Македонија, а згора на тоа сега сака да ви го смени и името. Треба цврсто да се спротивставите. Доколку не добиете покана, останете надвор од ЕУ. Иако знам дека тоа не е така лесно.


Премиерот Груевски неодамна изјави дека доколку Македонија не добие покана за НАТО, тоа нема да биде фатално за земјата, бидејќи Владата има подготвено стратегија за економска стабилност. Дали сметате дека тоа е реална стратегија?

- Тоа е одлука на Македонија, на вашата Влада, на вашиот премиер. Моето лично мислење е дека не ми е сфатливо институциите како Европската Унија и Обединети нации да имаат право да ја пресудуваат во оваа ситуација, во која е јасна поделбата на добро и лошо, јасно е каде е праведноста, да ја поддржуваат идејата на Грција, која го крши меѓународното право кога бара промена на име на една држава. Не е тоа начин на кој треба да се одвиваат меѓусоседските односи во 21 век.


Како го оценувате последниот потег на македонската влада, со испраќањето писма до водачите на Европска Унија, НАТО, ОБСЕ, ОН, Г8, како и до Грција, во кои се отвори прашањето на Македонците во Грција?

- Невиден скандал е како може грчкиот премиер Караманлис да изјавува дека во Грција нема етнички Македонци. Тоа е кршење на основните човекови права. Се прашувам како одговорниот комесар за човекови права не му посочи дека тоа е погрешна постапка. ЕУ не сака да им кажува на Грците што да прават, бидејќи тие се членка на Унијата. Јас досега им пишав и на генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, и на други дипломати, но никогаш не добив одговор, затоа што тие не сакаат да се инволвираат во овој процес. Како и секогаш, тие остануваат на ставот да бидат солидарни со Грција.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...d=2&fCat=1&EditionID=177&top=1&ArticleID=6730
 
„Македонскиот јазол“ наскоро на англиски Книгата „Македонскиот јазол“ на Ханс Лотар Штепан, првиот амбасадор на Германија во Македонија, наскоро ќе биде објавена и достапна на англиски јазик. Покрај оригиналната германска верзија, во 2004 година беше преведена и на македонски јазик, во издание на „Аз-буки“ од Скопје.

За да го создаде делото, авторот истражувал во политичкиот архив на Министерството за надворешни работи на Германија необјавени документи, толкувања и анализи за Балканот и за геополитичката положба на Македонија на преминот меѓу 19 и 20 век.

Објавувањето на книгата на англиски јазик го поддржа Владата на Република Македонија и за таа цел преку Министерството за култура намени 1.100.000 денари.

Тиражот ќе биде околу 700 примероци, кои ќе ги објави странски издавач, а се очекува англиската верзија да биде промовирана на Саемот на книга во Лајпциг, во март 2009 година.

- Идејата за превод на „Македонскиот јазол“ потекнува од потребата на Македонците од САД, Канада и од Австралија, кои веќе не го владеат својот јазик доволно за да можат да ја читаат книгата на македонски јазик, да им се даде можност тоа да го сторат на англиски јазик. Воедно, англиската верзија е наменета за широката читателска публика во Европа и во прекуокеанските земји од англиското јазично подрачје - рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на вчерашната средба со Ханс Лотар Штепан.

Книгата, според неа, изобилува со вистини за македонското минато и истовремено дава јасни упатства за докажувањето на прикриените факти за македонското прашање.

По завршувањето на дипломатската кариера во Македонија, Ханс Лотар Штепан во Германија поведе јавна полемика во одбрана на позицијата на Македонија, а тоа го прави и денес.
 
Back
На врв Bottom