Kaрас

  • Креатор на темата Креатор на темата babakata
  • Време на започнување Време на започнување
да Бетата ја држат во затворени ќесиња продавачите за да не се тепаат меѓу себе....
иначе Карасот како риба е доста издржлива затоа што потекнува од барска средина каде нема прилив на кислород нон-стоп,па може да издржи подолго без заменета вода-во случај кога се одлучил некој да си стави Кугла дома за украс-каква што ми беше мојот прв аквариум и неколку години чував живоротки пред да го направам 60литарскиот аквариум кој го имам повеќе години

Немој да делиш професионални совети за луѓе што првпат се среќаваат со оваа тематика-подобро е да почни со ефтина инвестиција како што е Куглата одколку да вложи во аквариум со сите негови потреби па да го забатали за 2 месеци :toe:

Јас мислам дека луѓето треба прво да се потковаат со знаење па после да купат било какво животинче (во овој случај риба).
Да, Карасите се издржливи риби, но тоа не значи дека може да се чуваат во кугла.
Мој предлог за во кугла би било само Бета борец и ништо друго.

А па на крај краева зошто мора да има риба во куглата?
Еве јас имам кугла со шарени ситни каменчиња и едно дрвце во средина и така си стои како украс, без риби, и баш супер изгледа, ако сакаш ќе ја сликам и ќе ја поставам сликата тука.
Инаку воопшто не е скапа инвестиција едно мало 30/40 литарско аквариумче.

BTW, Јас секогаш делам професионални совети затоа што јас сум професионалец, а кој ќе ги прифати моите совети е добро за него, а кој нема да ги прифати моите совети самиот ќе биде во згуба.
 
ако си ПРО значи дека си профитер во оваа дејност и гледаш да извлечиш некое денарче + ...... сфаќам дека од нешто треба да се живее,ама тоа е друга тема...
 
Јас немам Пет шоп за да профитирам, туку имам големо познавање од акваристика.
Реков дека сум професионалец (во знаење) во областа акваристика, а не дека тоа ми е професија.
Мене ама баш ич не ми е гајле дали некој ќе чува Карас во Кугла или во Аквариум, секој своите пари си ги троши како што сака и негово паво е дали ќе купи кугла или аквариум.
Мене целта ми е да им посочам на луѓево на форумов како е добро за рибата и како правилно се чува една риба, али гледам дека некои луѓе тоа не го сваќаат и не ја ценат мојата помош што се трудам тука и пишувам за да нешто научите.

Типичен Македонски синдром, ако некој кажува како што е правилно, одма вадите некои муабети дека сме профитери ова-она... а ако некој кажува погрешно за него викате БРАВО, така е, и го поддржувате....
 
Благодарам за советите, утре ќе идам до некој пет шоп и ќе зеам аквариум и риба. Имате некој предлог за што да ставам внатре во него? И која е идеалната температура која е пожелно да се одржува?
 
Можеш да земеш како за почеток некое мало 30/40 литарско аквариумче и во него можеш да ставиш песок и камења ( и евентуално некое вештачко растение, но после вештечкото растение замени го со природно).
Температурата зависи од видот на рибата, еве на пример Карасите се ладноводни риби и сакаат поладна вода со температура 22/23 степени, други риби сакаат потопла вода од околу 26/27 степени, значи се зависи од видот на рибата.
Но ако ти е трошок аквариумот, немора да купуваш аквариум бидејќи и онака ти е за подарок на девојкати.
Да не испадне дека јас те премислувам во врска со куглата, ако си решил кугла да и подариш на девојкати, подари и кугла али во неа наместо Карас, купи Бета борец :wink:
 
Бев денеска во еден пет шоп, одма тука близу до грчка амбасада што е. И земав еден Карас и еден Бета борец. Убаво ја прашав госпоѓицата што работи таму дали се поднесуваат врстиве риби една со друга и она категорично ми кажа да, нема да има никаков проблем. Дојдов дома, ги ставив во аквариумот и после едно половина час забележав дека борецот упорно се обидува да го гризне карасот во пределот на главата, поточно околу очите. Ги одвоив, сега се во посебни садови и утре ќе идам да го вратам едново рипче, сеа незнам кое ќе биде ама мислам дека Бета борецот ќе го вратам.

Дали ова е честа појава во врска со Бета борецот или овој што го земав е посебен исклучок?
 
изгледа дека потекнува од Бронкс.....подобро врати го СЕ ќе ти искрши дома......или плати му психијатар не знам шо да ти речам
 
Бев денеска во еден пет шоп, одма тука близу до грчка амбасада што е. И земав еден Карас и еден Бета борец. Убаво ја прашав госпоѓицата што работи таму дали се поднесуваат врстиве риби една со друга и она категорично ми кажа да, нема да има никаков проблем. Дојдов дома, ги ставив во аквариумот и после едно половина час забележав дека борецот упорно се обидува да го гризне карасот во пределот на главата, поточно околу очите. Ги одвоив, сега се во посебни садови и утре ќе идам да го вратам едново рипче, сеа незнам кое ќе биде ама мислам дека Бета борецот ќе го вратам.

Дали ова е честа појава во врска со Бета борецот или овој што го земав е посебен исклучок?

Многу јасно е дека продавачката ќе ти каже дека Карасот и Бетата се поднесуваат, бидејќи она е ПРОДАВАЧКА и гледа само да продаде.
Инаку во никој случај нетреба да се чуваат заедно Карас и Бета борец, бидејќи често се случува Бетата да го напаѓа Карасот (како што се случува кај тебе) а и плус Карасот е риба што не се меша со други риби бидејќи Карасите сакаат поладна вода и не одговараат да се мешаат со други риби, Караси се чуваат само со Караси.
Утре оди и да и го треснеш од глава Карасот на продавачката бидејќи те излажа.
Ти требаше прво да прашаш на форумов кои врсти на риби се поднесуваат помеѓу себе, а не да ја прашауваш продавачката, бидејќи они гледаат само да продадат и да си направат бизнис.
Јас ти предлагам да го вратиш Карасот, а Бетата да си ја задржиш.
 
Ма јас сакав 2 да и подарам, ко божем пар. И се мислам да го вратам ова Бетава, некако и бојата не ми е несо посебно, бордо е. Ако има некој што сака да мења Карас за Бета нека ми пише ПМ.
 
Еве јас имам кугла со шарени ситни каменчиња и едно дрвце во средина и така си стои како украс, без риби, и баш супер изгледа, ако сакаш ќе ја сликам и ќе ја поставам сликата тука.
.

Оф-топик: Ама би сакал да видам како изгледа куглата. Ако не тука, барем у порака ми ја прати сликата да видам. :) Од аспект на внатрешен дизајн прашувам. :)
 
Еве сега само што ја сликав куглата за да ти ја покажам, супер изгледа и без риби :)

wimr9z.jpg

2vv52fk.jpg
 
Ммм, да. Добро изгледа. Сепак би ги тргнал розевите камења. Бели и зелени + неколку жолти (kick effect) :D
 
Јас кога отидов да купувам риба ми рекоа дека без греач и без пумпа мозе да зивее само карасот но сега го гледам не е расположен ако знаете што треба да му се направи казетеми ке ми биде многу од помос(и колку треба да му е температурата)?(кој риби се најлесни за цување??????)
--- надополнето: Jun 19, 2011 8:34 AM ---
Дали карасите можат да живеат во вода со хлор???..
:unsure:
 
Значи за кугла бета борец да зимам ? оти гледам сте пишале карас не требало да се чува во кугла ..
И што пари е карасот/куглата ако може да ми кажете само одприлика ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom