K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,4%
  • Boks

    Гласови: 70 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 194 32,8%
  • Muay Thai

    Гласови: 45 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 76 12,8%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,0%

  • Вкупно гласачи
    592
Кои борби не чекаат на 12 јули тоа е страшно. Четри борби да ги гледаш без да трепнеш. Женскиов фајт помеѓу Роуз и Андраде мислам дека овој пут лагано ќе го добие Роуз. Мислам дека и на првата борба доминираше комплетно, се до моментот коа Андраде ја дигна горе у стил на Ултимејт вориор и ја тресна од земја. Вторава борба Јан и Алдо ќе биде доста интересна. Јан, момак у успон, статистика 14-1 (9 победи во низа) брз, агресивен со јака песница за кого Алдо ќе биде неверојатен мотив, и по патосирањето на Фeјбр ќе сака да го штиклира и Алдо. Е сеа по мене за тоа ќе треба да се потруди многу повеќе него на борбата со Фејбр. Алдо е легенда, но и покрај тоа што ги помина своите најдобри денови видлив е мотивот и желбата за повторно да се искачи на врвот овојпат во Бантам. Иако Алдо ги изгуби последните 2 борби останува впечатокот дека многу добро му легна Бантам, брз е, послесно дише, и поразот на поени против Марлон МОраеш за многумина не беше реален и Алдо со својот настап ја заслужи победата. Ќе видиме како ќе испадне на крај по мене доста интересна борба. Следува за мене најинтересната борба, помеѓу Австралискиот Македонец -Александар Волкановски,актуелниоот федервејт шампион кој го детронизираше од тоа место токму неговиот противник Макс Холовеј. ( добро познат на сите:) ). Ќе биде ова и психички доста тежок меч за Холовеј. Се наоѓа во ситуација кога е во 2 последователни порази а посебно поразот од Алекс со кој ја изгуби титулата поприлично го измести од ритам. Мора да биде поагресивен во оваа борба, мора да покаже поголема решителност ако сака да двои, а да не заборавиме дека Алекс е најгаден во таква ситуација. Има одличен тим со кој страшно го проучуваат секој противник и имаат соодветни решенија за секоја ситуација. Во сите изјави пред борбава Александар Македонски е доста самоуверен и оди со една единствена цел- Да го нокаутира Холовеј со што би ја затворил оваа приказна, и на сите неверници во неговите шампионски квалитети би им ја запушил устата за сва времена. Мислам дека ако Холовеј превише се опушти може лагано да го јаде па чак и со нокаут. Холовеј од друга страна мора да оди на победа ако сака да се врати во живот на престолот, ако изгубу ќе се одалечи доста од таа прича. Ептен ја чекам борбава, ептен ме занима со каква стратегија ќе настапи Холовеј, дали ќе направи некакви промени. И за крај како замена за Брнс кој е позитивен на Ковид 19, по мене за уште подобар уфц 251 улетува Масвидал,што гарантира топ борба против Усман. Лично поише ми се свиѓа начинот на борба на Масвидал и би сакал да победи. Не би се осмелил да прогнозирам.
 
Австралискиот македонски-грг мислиш? :D
Мислам дека е етничка Македонка и мајка му, од Егејска Македонија. Само што така функционираат западните општества па се водат по тоа во која држава си роден, а не што си по етникум. Имаше интервју пред некој ден со Пеѓа Стојаковиќ како не можел да им објасни на Американците како може да биде Србин кога е роден во Хрватска па поедноставно му било да кажува дека е роден во Белград место да се објаснува. Или пак ко оној Рене Реџепи што е прогласен за најдобар готвач у свет и секаде го пишуваат како Македонец :D. Мислам дека сегде каде што сум читал за негово потекло, за мајка му пишува дека е од Грција, ама не и дека е Гркиња.
 
Можеби си во право, не знам дали е егејка или е гркиња, а не е ни битно. :)
Според мене е нормално, а и логично да си македонец ако си роден во Македонија. Етнички албанец во Македонија е македонец, и фак евритинг елс! :D
 
Matry Fake Newsman vs Stret Judas , што би рекол братот Колби :icon_lol:
 
Мислам дека е етничка Македонка и мајка му, од Егејска Македонија. Само што така функционираат западните општества па се водат по тоа во која држава си роден, а не што си по етникум. Имаше интервју пред некој ден со Пеѓа Стојаковиќ како не можел да им објасни на Американците како може да биде Србин кога е роден во Хрватска па поедноставно му било да кажува дека е роден во Белград место да се објаснува. Или пак ко оној Рене Реџепи што е прогласен за најдобар готвач у свет и секаде го пишуваат како Македонец :D. Мислам дека сегде каде што сум читал за негово потекло, за мајка му пишува дека е од Грција, ама не и дека е Гркиња.

Еее ако е Македонка од Грција ондак повлекувам:)
Автоматски споено мислење:

Можеби си во право, не знам дали е егејка или е гркиња, а не е ни битно. :)
Според мене е нормално, а и логично да си македонец ако си роден во Македонија. Етнички албанец во Македонија е македонец, и фак евритинг елс! :D

Ехеее да би било се така као што викаш тука не би имале никакви проблеми ни со пописи, ни со рамковни ни со нишо. Етнички Албанец бил Македонец у Македонија. Точно, би требало да биде така, и секој од нив да ја сака Македонија на начин на кој Алекс ја сака и вреднува Австралија, ама мало морген. Тотално спротивна слика.
 
Последно уредено:
Одамна немало ваква добра карта,би требало да ги задржат појасите Усман и Волкановски но последниве борби ги утнувам така да големи шанси има обратно да искочи Масвидал и Холовеј да победат:D

Усман кондиционо и на партер е подобар од Масвидал иако Масвидал е далеку поинтересен борец и носи најголем број на ппв на уфц настрана од тоа мислам дека борбава нема да иде 5 рунди,претпоставувам Усман ке успее без проблем да го симне на партер да држи контрола со тоа Масвидал ке се потроши физички.
Волкановски доволно покажа дека е подобар од Холовеј последнава борба затоа не ми доага идеа зашто би била различна оваа втора борба со Холовеј.
Како и да е нé очекува уживање у недела.

EcRzpuhUYAAmN47.jpg
 
Масвидал е далеку поинтересен борец
Масвидал не е толку интересен борец колку што е "интересен" карактер. Усман има многу повеќе "алатки".
Голема предност кај Масвидал (и кај карактерите како него) е што имаат големо срце и муда. Нема притисок а има преголема самодоверба.
Усман ментално е послаб од Масвидал, се виде и во борбата со Колби. Колку и да не изгледа релевантен факатор, сепак има огромен импакт.
 
Последно уредено:
Роуз очекувам да тепа без тешкотија, алдо ако не јаде ко очекувам да ја добие мада тешка борба, алекс сакам и очекувам да тепа, мах ако не влезе со сосема др тактика од претходниот меч нема да може да му парира, александар е доста интелегентен борец со сила ретка комбинација. Усман и масвидал сакам да е кланица ама нема да ми пречи и усман да пренасочи борбата у борење и малце по малце да му ја зима душата, мада и масвидал има добро кардио. Очекувам усман да тепа.
 
Масвидал не е толку интересен борец колку што е "интересен" карактер. Усман има многу повеќе "алатки".
Голема предност кај Масвидал (и кај карактерите како него) е што имаат големо срце и муда. Нема притисок а има преголема самодоверба.
Усман ментално е послаб од Масвидал, се виде и во борбата со Колби. Колку и да не изгледа релевантен факатор, сепак има огромен импакт.
Усман е општо технички подобар но е досаден борец ако гледаме на мма повеке како забава/шоубиз а не како некои мма судии седнати пред октагон.
Масвидал и те како е поинтересен борец го има најбрзиот нокаут со Бен Аскен,нокаут Сероне, Дарен Тил,Нејт Дијаз...Масвидал има UFC Baddest Motherfucker Belt да не се лажеме сега дека Усман бил 'поинтересен':D
 
Кога е мерењето? Се надевам дека Масвидал нема да има проблеми со килажата и да ја откажат борбата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom