Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Владата да го објасни фантомскиот феномен на т.н. кинески ѕид
Либерално-демократската партија ја повикува Владата да го објасни „фантомскиот феномен“ на таканаречениот кинески ѕид, во спротивно ќе се посомнева дека истиот инвеститор кој за време на филмското рушење на објектот мавташе со бело знаменце сега мавта со поинакви зелени знаменца. Портпаролот на партијата, Илија Нешковски, на вчерашната прес-конференција што се одржа на брегот на Вардар, пред зградата во Градски парк, потенцираше дека борбата на оваа влада со криминалот и со корупцијата започна со спектакуларното рушење токму на овој објект. „За жал, само по неколку месеци од невидените спектакли граѓаните се сведоци на сосем поинаква слика: објектот е во завршна фаза, а проблематичниот дел не само што не е урнат туку и се санира“, рече Нешковски.
Според ЛДП, т.н. Кинески ѕид е и ќе биде сведоштво на владината борба против корупцијата и криминалот и залудно потрошените пари за кампањи, како и за цврстата решеност на Владата Македонија да стане правна држава.
Што се случи и со останатите скандали и афери?
На пример, што се случи со аферата ’Армиско оружје’? Што се случи со аферата ’Процес’? Што се случи со Албанците фатени на граничниот премин Блаце и на аеродромот во Скопја со фалсификувани пасоши? Што се случи со уапсените лекари? Заврши ли целата мисија со спектакуларните апсења кои единствено имаа за цел да ја ’убедат’ јавноста дека оваа влада има намера да се бори против организираниот криминал?