L
.Lost Angel.
Гостин
Замислете колку попродуктивни ќе бевме ако имавме забранет пристап на интернет и видео игри после полноќ? И замислете колку нервозни ќе бевме!
Епа, Јужнокорејските власти тоа многу не ги „тангираше“.
Истражувањето спроведено во 2010-тата покажало дека Јужна Кореја има околу осум проценти жители на возраст помеѓу 9 и 39 години кои се зависни од интернет, а доста голем број од нив се во „категоријата“ на зависност од видео игри. Според Националната агенција која го спровела истражувањето, најголемата стапка на зависност, 14 отсто, е кај децата измеѓу 9 и 12 години.
Сега, јужнокорејските власти одлучија да стават крај на сè поголемата зависност на децата од игри на интернет. Од минатиот викенд, во оваа земја со една од најбогатите култури за онлајн играње во светот, на сила стапи нов закон кој го блокира пристапот на спорните интернет страници после полноќ, пренесува CNN.
„Пепелашка законот“, како што е наречен новиот рестриктивен закон, овозможува блокирање на интернет игрите после полноќ, на помладите од 16 години. Но, „Пепелашка“ има и една „дупка“ - законот не ги опфаќа игрите на мобилен телефон, ниту одредени игри на друштвените мрежи.
Новиот закон предизвика бран на незадоволство помеѓу корисниците на интернет кои оваа мерка ја нарекле „идиотска“ и „бескорисна“. Повеќето од нив сметаат дека родителите треба да имаат право да одлучат колку долго и кога нивните деца ќе бидат на интернет.
„Ако одредена личност пие три шишиња алкохол дневно, можете да ја наречете алкохоличар, но не и тие кои пијат алкохол после полноќ. Исто е и со играњето видео игри“, заклучува еден од адвокатите кои се борат против овој закон.
Прашање е како вие би реагирале и што би направиле доколку, не дај боже, кај нас се воведе ваков закон?