ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Пензионери и се е можно. Вчера, петочно нели, двајца старци кај Католичка откако автобусот веќе запре и се спремаше да тргне, го запираат автобусот, доаѓаат до вратата и викам сега ќе се качат, кога тоа не, го задржуваат автобусот за нивниот пријател оддалечен едно десетина метри, кој некако се довлечка и откако стигна, првин си се поздравија фино-лепо, мислиш за такси станува збор, а не за јавен превоз, па после си влезе човеков. Ептен претеруваат.
 
Не да претеруваат пензионерине, апла досадни се , вчера на глава ми се качи една , почна муабет да ми прави , мисли другарка сум и , па дека имаше гужва се држеше за мене да не паднела , а што е најтрагично ми збореше како имала комшија имал 83 години и живеел само од салата , за тоа ме советуваше салата да сум јадела за да дочекам старост како него , после па еден позади нејзе вика абе они подолго демек ќе живеат од нас , медицината многу напред е отидена . После почна да му се дере на шоферот да не отвара врата, дека деца од Борис што учат сакаа да се качат, шоферот и вика е како да не отварам има и луѓе што сакаат да се симнат.
 
Во приватен џет мислиш се возат
 
Абе има линија од Радишани до некаде близу до центар и ако има во кое време тргнуваат?
 
Позади секој автобус во вторник и петок обавезително треба да се движи амбулантна кола!
 
Како првачиња се.
Баш во Петок се качувам во 5ка за до Железничка и пензионери врија.
Се качуваат на Рекорд и си бираат места:
Пензионер 1: Јас ќе седам овде, ти седи таму.
Пензионер 2: Аха, добро еве ќе фатам место и за Пензионер 3.
Пензионер 3: Ее фала многу.

На излегување барикада.
Ти му викаш почекајте да излеземе, тие упорни влегуваат во автобус.
Сакав да ги истуркам сите тука на предна што стоеја, сите пензионери ..па никој не сака да се помести чоек да поминеш.
 
Сакав да ги истуркам сите тука на предна што стоеја, сите пензионери ..па никој не сака да се помести чоек да поминеш.

Истуркај ги, не се мисли. Ако имаат сила да се буткаат тие, нека имаат сила и да истрпат буткање. Јас не се мислам, буткам што видам, со иста мера враќам.

Вчера ем гужви во автобусот па и на Рекорд едно 100 пензионери чекаа автобуси, морав да одам по улица зашто не се мрдаа од место. Е тогаш не можев да се буткам со нив, повеќе беа. :D
 
Во петокот двајца пензионери се возат и седат еден до друг. Изгледаа како фамилијарни средени личности.
Се фаќаа за рака и викам ајде бе грешка гледам и намерно дојдов позади нив да видам поубаво. :icon_lol:
Си прават муабет едниот му вика абе не знам зошто младите се кријат дека се хомосексуалци, па тоа е нивна определба.
Од писхопати, избркани од дома, алкохоличари до хомосексуалци се ќе се најде.

Најјако ми е кога на некој му звони мобилниот и наеднаш тишина сите слушаат што зборува. :D
 
^ Ништо не е чудно.
Баш прееска си идев со 2'ка и дедово што стоеше на задна носеше жива кокошка во картон.
И вреќа (со што незнам).
:icon_mrgr:

добро што не носел пакет живи кокошки, една како ниедна:icon_mrgr:
 
Прееска шоферот од 57мица и затвара врата на една бабетина и оваа напиздена се враќа назад и почнува муабет со една друга пензионерка.
Пази муабет сеа :D

Пензионерка1: Виде како ми затвори врата а? Виде ли?
Пензионерка2: Абе остај...сакал друг автобус да си фатиш.
Пензионерка1: Абе чума да фати него па да да го сотре лелеле чума да го сотре.
Пензионерка2: Ајде ајде нека е жив и здрав
Пензионерка1: Море да го сотре па на блага пченица да му идеме

После свртеа стандард муабет за Тито и како биле Титова школа и ќе живееле уште долго и престанав да ги слушам :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom