Јордан Мијалков

„Волкот влакното го менува ама комунистите методите никогаш“! Се чини дека оваа парафраза на народната мудрост можеби најдобро го отсликува она што ноќта спроти 18 Септември се случуваше во македонскиот Парламент

Сигурно малкумина веруваа дека после историските порази што ги доживеа најголемата заблуда и измама на 20 век – КОМУНИЗМОТ, посебно по домино падот на неговите последни бастиони во Источна Европа, сеуште ќе се најдат силни заљубеници во слатките соништа за „најубавиот од сите можни светови“. За неговите „рајски градини“ и Потемкинови села... Но, со комунистите никогаш не си начисто, дури ни тогаш кога се мртви – историски.

А дека е така се потрудија на дело да ни докажат токму нашите крипто - комунисти офарбани како социјал – демократи, социјалисти или реформисти кои „во ноќта на долгите ножеви“ (17 спроти 18 Септември), покажувајки го своето Јанусово лице налик на она на Тито Петковски, Стојана ни Андов, Црвенковски и другите, дадоа свој автономен и нескромен придонес во комунистичката историја на пучеви, чистки и грузијски мустаќи. А таа е богата – пребогата. Не, да не! Дури и се повторува за чудо. Се’ е исто – и методите и жртвите и егзекуторите. Само лицата (или маските – сеедно) им се разликуваат. Онака биолошки...

И сценариото е исто. Времето е задолжително ноќе, жртвата на „службен пат“, молњевит удар од зад грб (онака комунистичко - кукавички), па така „објектот“ без да успее да трепне веќе го доживеал својот реквием. „Свршениот чин“ на пад Маршалот Жуков ќе го затекне на „службено патување“ во Албанија, Хрушчов и Горбачов „на одмор“ некаде на Крим... и така, во недоглед...

Комунистите не би биле комунисти ако не се верни и доследни следбеници на богатото историско наследство што им го оставија нивните идоли што сеуште висат обесени по ѕидовите на нивните канцеларии. Ни македонските комунисти (социјал – демократи, реформисти, социјалисти и сличните на нив) не се исклучок. Тоа барем јавно си го кажаа, за инает на оние кои упорно не уверуваа дека од коцкестата зграда на Це-Ка крај Вардар, изградена со народни пари што си ја сметаат за нивна, исчезнал Лошиот дух на бољшевизмот. А зошто би бил исклучок. Зарем Стојан ни Андов, Тито Петковски, Бранко Црвенковски, Наќе и другите се помалку кадарни од нивните собраќа на Исток? Сочувај Боже! Само да имаа некој тенк при рака. Кај ќе им беше крајот.

И историското наследство им е богато. Колешивизмот, како македонска варијанта на сталинизмот, ќе испише светли и неповторливи страници на оваа политика (види интервју на Вера Ацева и Крсте Црвенковски во „Млад Борец“, написот „Точно на полноќ“ и други од Д. Николиќ во „Борба“ 1989/90 година). Искуството е богато, само треба да се реализира се разбира во демократска обланда во новиот повеќепартиски амбиент. А времето, СЛУЧАЈНО како погодено за еден таков величенствен пир во „најдолгата“ ноќ во Парламентот во која долгите ножеви повторно засветкаа под нежното грло на младата македонска демократија. Па така:

СЛУЧАЈНО, Стојан Андов ќе го закаже одржувањето на седницата на Парламентот, токму на 18.09.1991 година кога премиерот Никола Кљусев и потпретседателот на македонската Влада наоѓаат во Бугарија;

СЛУЧАЈНО, Блаже Ристовски е токму надлежниот потпретседател за областа на внатрешни работи, односно шеф на министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков;

СЛУЧАЈНО, Стојан Андов ќе чека наѓоамити тие да се вратат за потоа СЛУЧАЈНО седницата да се закаже во 22,00 часот и да се заборави, се разбира СЛУЧАЈНО, дека возот че ни избега“ за Белград и дека „некои пратеници – човеци веќе спијат“!

СЛУЧАЈНО, ќе се чека 02,00 по полноќ за да претседателот на Републиката г-дин Киро Глигоров ја напушти седницата за да Наќе го истреска тоа што го истреска;

СЛУЧАЈНО, од текстот на Наќета „во последен момент“ ќе бидат отстранети обвинувањата за дигањето на документацијата на МНО и запленувањето на летоците на пучистите од „СК – Движење за Југославија“ – да не биде ептен апла или „да не се сетат Власите“;

СЛУЧАЈНО, како „преодна“ жртва на до главната цел – Владата, ќе биде токму Јордан Мијалков, министерот за внатрешни работи;

СЛУЧАЈНО, малку повеќе „национално обоен“, барем според комунистичките мерила;

СЛУЧАЈНО, улогата на „оштетени“ во целиот случај ќе ја преземат токму луѓето од „посебен ков“ како што се, се разбира, комунистите;

СЛУЧАЈНО, целата фарса ќе се одигра токму сега – „Итно“ и „Веднаш“ пред донесувањето на Уставот на Република Македонија, со што целосно ќе се заокружи македонската државност над чие небо веќе се назираат темните облаци на „Големите браќа“ од соседството;

СЛУЧАЈНО, во деновите пред оваа Вартоломејска ноќ во српскиот печат (изданијата на „Политика“, „Политика Експрес“), армискиот („Народна Армија“) и оној на Колишевски во Македонија („Нова Македонија“, „Остен“ и т.н.) ќе се појават речиси идентични написи во кои мета на напад ќе биде токму Јордан Мијалков и МВР на Република Македонија...

Доволно случајно да не биде СЛУЧАЈНО!

Една стара кинеска мудрост вели: „Извесно време можеш да го лажеш целиот народ, дел од народот можеш да го лажеш цело време, но никогаш не можеш да го лажеш целиот народ цело време!“ После бурната септемвриска „ноќ на долгите ножеви“ веќе е сосема јасно дека македонските криптокомунисти во Парламентот, никогаш не ја сфатиле суштината на оваа длабока вистина, особено не оној последниот дел „никогаш не можете да го лажете целиот народ цело време“, па макар тоа биле и последните 50 години!

Другари, товариши, бољшевици... и т.н. маските паднаа! Циркусот заврши, а кловновите и пајаците одамна не се на цена!

Зад слаткоречивите и ораторски дотерани беседи, учени по партиските школи на ЦК се разоткрива суровата стварност на ситни и продадени души со фанатична желба за власт и бедна вазалност на туѓинските интереси. Пресудата е донесена, аргументите и не се потребни. Мијалков мора да падне, Владата исто така, а за Македонија веќе е подготвено српско-армиско сценарио.

Од целата оваа ујдурма на комунистите колку и да е горчлив и блуткав вкусот што го остави со својата приземност и интелектуално – кретенска режираност, сепак има некоја корист. Сега барем ни е совршено јасно: зошто Стојан ни Андов – Човеко со месеци го одложуваше одржувањето на седницата на Парламентот, а особено тогаш кога, овде покрај нас, се остреа сабјите на нови парчосувања на Македонија, зошто упорно се влечеше со конституирањето на власта по првите повеќепартиски избори, зошто Македонија сеуште не ја заокружи својата самостојност и независна позиција на суверена држава, зошто горе веќе споменатите крипто – комунисти (посебно неговите реформисти и комунисти) гласаа против сменувањето на народниот отпадник и пучистички јаничар на воента хунта – Ристо Дамјановски, зошто овие новопечени демократи упорно одбегнуваат да ги донесат потребните законски акти за заштита на македонските војници, зошто седниците се прекинуваат токму тогаш кога работата тргне наопаку по нив...

Сепак се чини дека најјасно зошто е одбран токму Мијалков за цел, односно Министерството за внатрешни работи. Одземањето на документацијата од пред носот на армиските силници со што de facto е спречен новиот конвој на свежо топовско месо од млади македонски војници кои требаше да бидат жртвувани за „високите интереси“ на воената хунта на Милошевиќ, Аџиќ, Кадиевиќ и другите, покажаните „заби“ на сите оние кои не и мислат добро на Македонија и покажаната спремност МВР да ја брани сувереноста и независноста на македонската држава, ги руши сите основи за безболна реализација на српско – армиското сценарио за Македонија.

На жалост и на душа на домашните ни јаничари!!!
 
Така изгледа некако „беше„ , а ??? Ти беше баш на часот по ЗПО и цртавте куќа со дрво.....:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Алооооо, господине !!!! Па ако точно си ги пишал годинките тогаш си имал 8...Бидејќи 8+17=25, нели ?:kesa::kesa::kesa: Вака беше, онака беше...Или 7 си имал, не ме држи за збор...:vozbud:

Па и не е толку далечно :toe: точно се сеќавам мајка ми се шокира и кога ја прашав што се случило ми рече чудна сообраќајка :toe:
 
Нели тогаш загина и Скопскиот градоначалник Кекеновски или како се викаше,мистериозна е и неговата смрт?! raz:

Не Горан Николовски
goran-nikolovski.jpg
загина во сообраќајна несреќа
 
Не Горан Николовски
goran-nikolovski.jpg
загина во сообраќајна несреќа

Знам дека тогаш наместија некој,не им одговараше на комунистите и му сместија сообраќајка,наводно бил со швалерката или така нешто?
 
Знам дека тогаш наместија некој,не им одговараше на комунистите и му сместија сообраќајка,наводно бил со швалерката или така нешто?

ne si prajte i ovde bajram so umo....svalerkata ne mu ja namestija :), kako prvo , a kako vtoro ,nemale tie nikogas tolku lucidnost da smislat takvo "eliminiranje" kako za na film...mnogu se pobukvalni i prostacki efikasni....:)
 
Знам дека тогаш наместија некој,не им одговараше на комунистите и му сместија сообраќајка,наводно бил со швалерката или така нешто?

Мислам дека така некако беше , но не сум сигурен како и што станало.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom